Хашим Тачи со милион долари ќе го подобрува имиџот во САД

Косовскиот претседател Хашим Тачи постигнал договор со американска лоби компанија која треба да му помогне во подобрување на односите со САД.
 За ова косовската држава ќе плаќа по 52 илјади долари месечно или над милион долари за две години.

Договорот е склучен со компанијата „Балард Партнерс“, која ја раководи лобистот Брајан Балард, кој е близок соработник на Трамп и беше ангажиран во неговата изборна кампања.

Компанијата идентични услуги им даваше и на двајцата добри пријатели на Тачи, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и албанскиот Премиер Еди Рама.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Утре претпладне се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне, претежно во југозападните делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

УВ=8 Т-мин. од 11 до 20 а т-макс. 25 до 32 степени.

Во Скопско утре претпладне се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне, ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Температурата од 17 до 29 степени.

Пејачот дошол на Мундијалот во Русија, па го ограбиле

Колумбискиот пејач Хуан Луис Лондоњо бил ограбен во московскиот хотел „Four seasons” и тврди дека непознати сторители му го однеле накитот и луксузните предмети во вредност од 787.000 долари.

Пејачот, познат под естрадното име Малума, отседнал во тој хотел во текот на Светското првенство во фудбал.

„Колумбискиот државјанин Хуан Луис Лондоњо поднел пријава во полицијата поради грабеж кој се случил во неговиот апартман во хотелот „Four seasons” во Москва“ – изјавил полицискиот извор за „ТАСС“.

Меѓу украдените предмети се и ракавиците од марката „Картие“, неколку часовници од марката „Ролекс“, Ибло (Hublot), „Патек Филип“, „Одмар Пије“, како и ранец и чанта од марката „Луј Витон“.

Според извори од полицијата, непознато лице се претставило како гостин на пејачот и добило дупликат од електронски клуч. Крадецот после кражбата побегнал.

Руската полицијата започнала кривична истрага за кражбата.

Заев во „Само Вистина“ ако треба и импичмент ќе покренеме за Иванов нема да дозволиме никој да ја кочи Европската иднина на Македонија

Има желба за окрупнување на парламентарното мнозинство и тоа ќе го направиме исклучиво за импичмент на претседателот ако мораме, рече Претседателот на Владата Зоран Заев во вечерашното издание на ,,Само Вистина“. 

Јас сум претседател на извршната власт која работи чесно, отчетно и транспарентно, не се заканувам само кажувам дека ако некој ја кочи можноста граѓаните да се изјаснат и таа одлука апсолутно мора сите да ја почитуваме до крај. 27 години независна Македонија , заврши времето на пренемагање ,лажење и лични калкулантства. Јас повикав да ја поддржиме европска Македонија. Ние сме тука и да слушаме и да спроведуваме , граѓаните ќе имаат шанса да одлучат секој оној што ќе се обиде ттоа да го спречи ќе направам се да ја отстранам блокадата.

Право на граѓаните е да дојдат до конечно право со сите информации на маса да одлучат да се изјаснат, независно што набрзо се и претседателските избори, рече Заев. Заев во вечерашното издание за прв пат открти детали дека претходниот Премиер Груевски, прифатил Република Горна Македонија и Република Северна Македонија и дека не треба сега некој да изиграва и да ја залажува јавноста. Премиерот говореше во детали за тоа што значи договорот и повика сите граѓани внимателно да го прочитаат и да ја донесат правилната одлука.

Погледнете ја најновата емисија „Само вистина“ овде.

притисни ентер