Димитров: Ќе се формираат работни групи за решавање на спорот со името

Освен медијаторот Нимиц, во изнаоѓање на решение на спорот за името ќе се вклучат и работни групи предводени од министрите за надворешни работи на двете земји. Ова го го договориле Димитров и Коѕиас на нивната средба во Солун, што се одржа заврчера далеку од очите на јавноста.
- Јасно е дека идентитетот е мошне важен за нас. Мора да најдеме начин да ги убедиме нашите грчки колеги дека има јасна дистинкција меѓу нашата земја и нивниот регион, кој ја вклучува северна Грција, изјавил Димитров во интервју за агенцијата Ројтерс.

Следната рунда преговори ќе се одржи во среда во Њујорк. Димитров и Коѕиас по средбата соопштија дека очекуваат на неа Нимиц да претстави иницијална рамка за суштински преговори.

Позицијата на грчката влада останува непромената.. Бараат решението да биде сложено име со одреденица, која може но не мора да биде географска, тоа да се користи за севкупна употреба, како и земјава да се откаже од историското наследство на Античка Македонија.
Тонско портпарол на владта на Грција Димитрис Ѕанакопулос.

Како можни решенија во грчките и регионалните медиуми начесто се споменуваат Севрна, Горна и Нова Македонија. Професорот Тони Дескоски, за Канал 5 вчера оцени дека ниту еден од овие предлози е неприфатлив.

Целта е решение на спорот да се најде во првите шест месеци од годинава, за земјава да добие датум за почеток на преговори со ЕУ, а во јули да стане 30-та земја членка на НАТО. Во исто време кога ќе се одржува втората рунда од возобновените прегвоори, во СКопје ќе допатува генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Променливо облачно и посвежо време

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, ветровито и значително посвежо со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а  дневната од 16 до 25 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје променливо облачно со повремен локален дожд. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Во недела се очекува повремен локален дожд, особено во јужните делови на земјава. Од понеделник до среда ќе има промена на временската состојба, така што времето ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава. /МИА

Полицијата ќе едуцира за „Лето без пожари“

Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје од денеска почнува со кампања и превентивни активности за реализација на проектот „Лето без пожари“.

Активностите ќе почнат напладне на паркингот кај „Свети Пантелејмон“ - Горно Нерези, на падините на Водно и ќе се реализираат на тој начин што полициски службеници по случаен избор ќе сопираат патнички моторни возила и на возачите ќе им укажуваат за ризиците од појава на пожар и штетите од евентуалната појава на истиот.

Од МВР информираат дека активностите ќе продолжат во текот на летниот период со превентивно делување со цел намалување на пожарите предизвикани од невнимание од страна на граѓаните, преку подигање на свеста во однос на заштита и зачувување на зелените површини, како и подобрување на личната и севкупната безбедност на граѓаните. /МИА

Масовна средба на лица со телесен инвалидитет

Седма масовна средба на лица со телесен инвалидитет ќе се одржи денеска во дворот на Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ во Скопје, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија.

Се очекува на средбата да бидат присутни повеќе од 300 лица со телесен инвалидитет од целата држава.

Масовната средба се организира под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“. Под тема на средбата се активностите за измена и дополнување на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала.

Главен покровител на „Масовната средба 2018“ е Центарот за ортотика и протетика „Славеј“, кој ќе го обезбеди и организира просторот во нивниот двор, заедно со тематските и забавните содржини. Град Скопје го обезбедува автобускиот превоз на учесниците од внатрешноста на Македонија, а Мобилност Македонија од средствата од Министерството за труд и социјална политика за спроведување на програмските активности за 2018 година го обезбедува превозот со автомобили и комбиња за лица кои не можат да користат автобуски превоз или немаат организиран автобуски превоз. /МИА

притисни ентер