Димитров: Имаме цврсти намери опозицијата да ја вклучиме во процесот за решавање на името

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека Владата има цврста намера да ја вклучи опозицијата во процесот на решавање на спорот со името и оти тоа и е должност.


Според него, доколку нема услови за одржување средби на државно-политичкиот врв ќе има обиди за директни контакти, важно е, како што рече, да видиме дали опозицијата ќе има сила да го сподели товарот.

Во однос на македонскиот преговарач за името Васко Наумовски, кој беше именуван од претходната влада, Димитров рече дека досега не видел сигнал дека Наумовски излегува надвор од таа позиција специјален пратеник.

Шефот на дипломатијата посочи дека во однос на големите прашања, како што е прашањето за името за Македонците, припадниците на сите етнички заедници во земјата мора да најдат начин како да се држат заедно.

- Многу е значајно и нашите сограѓани етнички Албанци да имаат разбирање за ова бидејќи и нив не им е во интерес да бидеме исфрустрирано онеправдани и државата да биде надвор. Важно е во рамки на Владата да се споделуваат информации и заедно да се градат ставови. Најубаво е да имаме еден став барем за најкрупните работи, така ќе бидеме посилни, вели Димитров.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер