Димитров: Го охрабривме Нимиц во среда да излезе со првичен предлог за името

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека се уште нема предлог за решавање на спорот со името, но медијаторот Метју Нимиц е охрабрен да излезе со првична рамка уште следната недела.
- Се уште немаме предлог на масата за решавање на спорот со името. Одлучивме да го охрабриме медијаторот Метју Нимиц да излезе што е можно побрзо, дури и идната среда, со една првична рамка што ќе послужи или што ќе даде насоки за суштински напредок и најавивме подготвеност да се вклучиме како шефови на дипломатии директно, нешто што досега не се случило, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во синоќешното интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Според него, факт е дека меѓу Македонија и Грција се уште постојат разлики и во наредниот период ќе се види дали ќе биде возможно тие да се надминат.

- Многу е важно за Грција да има појасна дистинкција меѓу државата Македонија и регионот Македонија во Грција. За нас е многу важно да нема никаков сомнеж во однос на идентитетските прашања, и многу е важно да најдеме достоинствен начин да објаснуваме и да елаборираме, изјави Димитров.

Според него, не може Македонија да биде само Грчка, бидејќи не е, и не може Македонија да биде само наша бидејќи не е, географскиот регион е голем и има три држави.

- И во таа смисла мислам дека вистинскиот одговор на иредентизмот е принципот на неексклузивност. И двете страни имаат право да го користат и терминот и името, и изведенките, во различни контексти. Принципот на неексклузивност или немање монопол е немање право само ние да ја користиме Македонија како Македонија, истакна шефот на дипломатијата.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Утре претпладне се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне, претежно во југозападните делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

УВ=8 Т-мин. од 11 до 20 а т-макс. 25 до 32 степени.

Во Скопско утре претпладне се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне, ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Температурата од 17 до 29 степени.

Пејачот дошол на Мундијалот во Русија, па го ограбиле

Колумбискиот пејач Хуан Луис Лондоњо бил ограбен во московскиот хотел „Four seasons” и тврди дека непознати сторители му го однеле накитот и луксузните предмети во вредност од 787.000 долари.

Пејачот, познат под естрадното име Малума, отседнал во тој хотел во текот на Светското првенство во фудбал.

„Колумбискиот државјанин Хуан Луис Лондоњо поднел пријава во полицијата поради грабеж кој се случил во неговиот апартман во хотелот „Four seasons” во Москва“ – изјавил полицискиот извор за „ТАСС“.

Меѓу украдените предмети се и ракавиците од марката „Картие“, неколку часовници од марката „Ролекс“, Ибло (Hublot), „Патек Филип“, „Одмар Пије“, како и ранец и чанта од марката „Луј Витон“.

Според извори од полицијата, непознато лице се претставило како гостин на пејачот и добило дупликат од електронски клуч. Крадецот после кражбата побегнал.

Руската полицијата започнала кривична истрага за кражбата.

Заев во „Само Вистина“ ако треба и импичмент ќе покренеме за Иванов нема да дозволиме никој да ја кочи Европската иднина на Македонија

Има желба за окрупнување на парламентарното мнозинство и тоа ќе го направиме исклучиво за импичмент на претседателот ако мораме, рече Претседателот на Владата Зоран Заев во вечерашното издание на ,,Само Вистина“. 

Јас сум претседател на извршната власт која работи чесно, отчетно и транспарентно, не се заканувам само кажувам дека ако некој ја кочи можноста граѓаните да се изјаснат и таа одлука апсолутно мора сите да ја почитуваме до крај. 27 години независна Македонија , заврши времето на пренемагање ,лажење и лични калкулантства. Јас повикав да ја поддржиме европска Македонија. Ние сме тука и да слушаме и да спроведуваме , граѓаните ќе имаат шанса да одлучат секој оној што ќе се обиде ттоа да го спречи ќе направам се да ја отстранам блокадата.

Право на граѓаните е да дојдат до конечно право со сите информации на маса да одлучат да се изјаснат, независно што набрзо се и претседателските избори, рече Заев. Заев во вечерашното издание за прв пат открти детали дека претходниот Премиер Груевски, прифатил Република Горна Македонија и Република Северна Македонија и дека не треба сега некој да изиграва и да ја залажува јавноста. Премиерот говореше во детали за тоа што значи договорот и повика сите граѓани внимателно да го прочитаат и да ја донесат правилната одлука.

Погледнете ја најновата емисија „Само вистина“ овде.

притисни ентер