Трамп -Иран: „Последна шанса“-„Не прифаќаме“

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека е ова последен пат што се откажува од повторно воведување санкции.
Иако договорот со Иран го смета за „најлош договор на сите времиња“, американскиот претседател Доналд Трамп засега не посегнува по санкции.

 На европските партнери во преогворите - Велика Британија, Франција и Германија тој им даде рок од 120 дена за отстранување на „ужасните недостатоци“ од договорот и за убедување на Иран. Владата на Трамп одбива да преговара директно со Иран.

Трамп во својата писмена изјава бара да се спроведуваат построги инспекции и да се осигура дека Иран никогаш нема да може да направи нуклеарна бомба. Сите договори би морало да бидат со неограничен рок, бара американскиот претседател. Освен тоа, според него, ракетната програма и атомската програма би требало да бидат поврзани, а не да се третираат одделно.

Но, Иран не ги прифаќа новите барања од САД. 

Иран соопшти дека нема да прифати никакви измени на нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година и дека ќе одговори на санкциите на САД, пренесуваат агенциите.

 Iran je saopštio da neće prihvatiti nikakve izmene nuklearnog sporazuma sa svetskim silama iz 2015. i da će odgovoriti na sankcije SAD, javljaju agencije.

Променливо облачно и посвежо време

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, ветровито и значително посвежо со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а  дневната од 16 до 25 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје променливо облачно со повремен локален дожд. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Во недела се очекува повремен локален дожд, особено во јужните делови на земјава. Од понеделник до среда ќе има промена на временската состојба, така што времето ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава. /МИА

Полицијата ќе едуцира за „Лето без пожари“

Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје од денеска почнува со кампања и превентивни активности за реализација на проектот „Лето без пожари“.

Активностите ќе почнат напладне на паркингот кај „Свети Пантелејмон“ - Горно Нерези, на падините на Водно и ќе се реализираат на тој начин што полициски службеници по случаен избор ќе сопираат патнички моторни возила и на возачите ќе им укажуваат за ризиците од појава на пожар и штетите од евентуалната појава на истиот.

Од МВР информираат дека активностите ќе продолжат во текот на летниот период со превентивно делување со цел намалување на пожарите предизвикани од невнимание од страна на граѓаните, преку подигање на свеста во однос на заштита и зачувување на зелените површини, како и подобрување на личната и севкупната безбедност на граѓаните. /МИА

Масовна средба на лица со телесен инвалидитет

Седма масовна средба на лица со телесен инвалидитет ќе се одржи денеска во дворот на Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ во Скопје, во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија.

Се очекува на средбата да бидат присутни повеќе од 300 лица со телесен инвалидитет од целата држава.

Масовната средба се организира под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“. Под тема на средбата се активностите за измена и дополнување на Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала.

Главен покровител на „Масовната средба 2018“ е Центарот за ортотика и протетика „Славеј“, кој ќе го обезбеди и организира просторот во нивниот двор, заедно со тематските и забавните содржини. Град Скопје го обезбедува автобускиот превоз на учесниците од внатрешноста на Македонија, а Мобилност Македонија од средствата од Министерството за труд и социјална политика за спроведување на програмските активности за 2018 година го обезбедува превозот со автомобили и комбиња за лица кои не можат да користат автобуски превоз или немаат организиран автобуски превоз. /МИА

притисни ентер