Чешка: Тројца загинати и 48 повредени во судирот на автобус и автомобил

Во тешка сообраќајна несреќа во близина на Прага кога приградски автобус после судир со автомобил, излетал од коловозот и удрил во дрво, загинаа тројца луѓе.
Повредени се 48 лица, меѓу кои има и деца.

„Се судрија шкода суперб и автобус. Загина една жена од автомобилот и две лица од автобусот. Причините за судирот засега не се познати“ – соопшти за медиумите портпаролот на полицијата, Моника Шиндлова.

Итната помош на местото на несреќата на локалниот пат за Хоромонежице во близина на Прага испратила 11 екипи и специјално возило кое може да прими повеќе повредени.

Во болница се префрлени 19 лица, а пожарникарите и спасувачите морале да ги извлекуваат патниците заглавени во автобусот.

Како ќе се реши проблемот со извозот на земјоделски производи на Косово?

Времената рамка на Косово за повисоки царини од 30% за овошје и зеленчук предизвика хаос во регионот.

Петти ден земјоделците немаат каде да ги извезуваат своите производи. Извозот од ден во ден е се помал. Им се закануваат огромни штети.

В среда во Белград ресорните министри на земјите од регионот на итен состанок ќе бараат лек за проблемот. Најавија и контра-мерки. Македонија веќе испрати и допис до ЦЕФТА  и ЕУ потенцирајќи дека мерката е неаргументирана.

Во меѓувреме српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и порача на Приштина да се одлучи дали е или не е ЦЕФТА потписничка.

Косовската времена мерка ќе трае три месеци. Со неа, за 30% се зголемуваат царините за увезеното овошје и зеленчук. Опфаќа 21 сорта од земјоделските производи и важи за сите држави кои увезуваат во Косово.

Најпогодени, според министерството за земјоделство, се доматите, пиперките и сливите.

Иран: Најмалку 25 лица повредени во земјотресот

Најмалку 25 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер, кој денеска го погоди западен Иран, неколку часа откако два земјотреси ја потресоа јужната провинција Хормозган.

Гувернерот на западната провинција Керманшах, Хусанг Базванд, изјави дека 25 лица се повредени и дека, за среќа, нема информации за мртви.

Претходно денеска, јужниот дел на Иран беше погоден од земјотреси со јачина од 4,7 степени и 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Во тие потреси немаше повредени, а предизвикана е помала материјална штета.

притисни ентер