Обединетите нации за Трамп – тој е расист

ОН остро ја осудија и ја нарекоа расистичка изјавата на Американскиот претседател , кој Африканските држави и Хаити ги нарекува ѓубре од држави .

,, Доколку се потврди шокантната и срамна изјава на претседателот Трамп , нема друг збор што би можел да го употребам освен ,,расист “ . , изјави портпаролот на Високиот комесатијат на Обединетите нации за човекови права во Женава , Руперт Колвил . 

Трамп вчера јавно праша зошто луѓето од ѓубре – држави доаѓаат само во САД .

Белата куќа досега не излезе со демант на говорот на Трамп во Конгресдот , каде ја дал шокантната изјава .

Африканската унија соопшти дека е искрено вознемирена со изјавата на претседателот Трамп со оглед на фактот колку робови од Африка дошле во САД во минатото и на кој начин од нов се развила нацијата изградена на силни вредности на различностите .

Утре сончево со мала до умерена облачност

Утре претпладне се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне, претежно во југозападните делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

УВ=8 Т-мин. од 11 до 20 а т-макс. 25 до 32 степени.

Во Скопско утре претпладне се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне, ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Температурата од 17 до 29 степени.

Пејачот дошол на Мундијалот во Русија, па го ограбиле

Колумбискиот пејач Хуан Луис Лондоњо бил ограбен во московскиот хотел „Four seasons” и тврди дека непознати сторители му го однеле накитот и луксузните предмети во вредност од 787.000 долари.

Пејачот, познат под естрадното име Малума, отседнал во тој хотел во текот на Светското првенство во фудбал.

„Колумбискиот државјанин Хуан Луис Лондоњо поднел пријава во полицијата поради грабеж кој се случил во неговиот апартман во хотелот „Four seasons” во Москва“ – изјавил полицискиот извор за „ТАСС“.

Меѓу украдените предмети се и ракавиците од марката „Картие“, неколку часовници од марката „Ролекс“, Ибло (Hublot), „Патек Филип“, „Одмар Пије“, како и ранец и чанта од марката „Луј Витон“.

Според извори од полицијата, непознато лице се претставило како гостин на пејачот и добило дупликат од електронски клуч. Крадецот после кражбата побегнал.

Руската полицијата започнала кривична истрага за кражбата.

Заев во „Само Вистина“ ако треба и импичмент ќе покренеме за Иванов нема да дозволиме никој да ја кочи Европската иднина на Македонија

Има желба за окрупнување на парламентарното мнозинство и тоа ќе го направиме исклучиво за импичмент на претседателот ако мораме, рече Претседателот на Владата Зоран Заев во вечерашното издание на ,,Само Вистина“. 

Јас сум претседател на извршната власт која работи чесно, отчетно и транспарентно, не се заканувам само кажувам дека ако некој ја кочи можноста граѓаните да се изјаснат и таа одлука апсолутно мора сите да ја почитуваме до крај. 27 години независна Македонија , заврши времето на пренемагање ,лажење и лични калкулантства. Јас повикав да ја поддржиме европска Македонија. Ние сме тука и да слушаме и да спроведуваме , граѓаните ќе имаат шанса да одлучат секој оној што ќе се обиде ттоа да го спречи ќе направам се да ја отстранам блокадата.

Право на граѓаните е да дојдат до конечно право со сите информации на маса да одлучат да се изјаснат, независно што набрзо се и претседателските избори, рече Заев. Заев во вечерашното издание за прв пат открти детали дека претходниот Премиер Груевски, прифатил Република Горна Македонија и Република Северна Македонија и дека не треба сега некој да изиграва и да ја залажува јавноста. Премиерот говореше во детали за тоа што значи договорот и повика сите граѓани внимателно да го прочитаат и да ја донесат правилната одлука.

Погледнете ја најновата емисија „Само вистина“ овде.

притисни ентер