Путин : Ким е зрел политичар , ја доби оваа рунда

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Севернокорејскиот претседател е ,,паметен и зрел политичар “ .
Путин изјави дека Ким Џонг Ун е паметен и зрел и оти ја добил оваа рунда со Западот , а во врска со нуклеарната и ракетна програма на Северна Кореја.

,,Мислам дека Ким Џонг Ун ја освои оваа рунда. Тој ја заврши својата стратегиска задача – има нуклеарно оружје , има ракети со дострел од 13 000 километри , што можат да достигнат до која било точка на светот” , изјавил Рускиот претседател .

Неговата изјава доаѓа само еден ден откако властите во Вашингтон ја преименуваа улицата каде се наоѓа Руската амбасада во САД со име на неговиот жесток противник , убиениот Борис Немцов. 

Утре сончево со мала до умерена облачност

Утре претпладне се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне, претежно во југозападните делови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

УВ=8 Т-мин. од 11 до 20 а т-макс. 25 до 32 степени.

Во Скопско утре претпладне се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне, ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Температурата од 17 до 29 степени.

Пејачот дошол на Мундијалот во Русија, па го ограбиле

Колумбискиот пејач Хуан Луис Лондоњо бил ограбен во московскиот хотел „Four seasons” и тврди дека непознати сторители му го однеле накитот и луксузните предмети во вредност од 787.000 долари.

Пејачот, познат под естрадното име Малума, отседнал во тој хотел во текот на Светското првенство во фудбал.

„Колумбискиот државјанин Хуан Луис Лондоњо поднел пријава во полицијата поради грабеж кој се случил во неговиот апартман во хотелот „Four seasons” во Москва“ – изјавил полицискиот извор за „ТАСС“.

Меѓу украдените предмети се и ракавиците од марката „Картие“, неколку часовници од марката „Ролекс“, Ибло (Hublot), „Патек Филип“, „Одмар Пије“, како и ранец и чанта од марката „Луј Витон“.

Според извори од полицијата, непознато лице се претставило како гостин на пејачот и добило дупликат од електронски клуч. Крадецот после кражбата побегнал.

Руската полицијата започнала кривична истрага за кражбата.

Заев во „Само Вистина“ ако треба и импичмент ќе покренеме за Иванов нема да дозволиме никој да ја кочи Европската иднина на Македонија

Има желба за окрупнување на парламентарното мнозинство и тоа ќе го направиме исклучиво за импичмент на претседателот ако мораме, рече Претседателот на Владата Зоран Заев во вечерашното издание на ,,Само Вистина“. 

Јас сум претседател на извршната власт која работи чесно, отчетно и транспарентно, не се заканувам само кажувам дека ако некој ја кочи можноста граѓаните да се изјаснат и таа одлука апсолутно мора сите да ја почитуваме до крај. 27 години независна Македонија , заврши времето на пренемагање ,лажење и лични калкулантства. Јас повикав да ја поддржиме европска Македонија. Ние сме тука и да слушаме и да спроведуваме , граѓаните ќе имаат шанса да одлучат секој оној што ќе се обиде ттоа да го спречи ќе направам се да ја отстранам блокадата.

Право на граѓаните е да дојдат до конечно право со сите информации на маса да одлучат да се изјаснат, независно што набрзо се и претседателските избори, рече Заев. Заев во вечерашното издание за прв пат открти детали дека претходниот Премиер Груевски, прифатил Република Горна Македонија и Република Северна Македонија и дека не треба сега некој да изиграва и да ја залажува јавноста. Премиерот говореше во детали за тоа што значи договорот и повика сите граѓани внимателно да го прочитаат и да ја донесат правилната одлука.

Погледнете ја најновата емисија „Само вистина“ овде.

притисни ентер