Трансродов модел на насловната на ,, Плејбој”

На насловната страница на Германското издание на ,, Плејбој “ за јануари 2018 се појави Џулијана Фарфала .
За прв пат на насловната на списанието што со децении важеше за ,,машко “ , се појави трансродов модел . 21 годишната Фарфала е позната во Германија по учеството во реалити шоу.
Главниот уредник на списанието навел дека Џулијана е убав пример колку е важна борбата за самодокажување. Фарфала е родена како Паскал Радермахер во градот Брисгау , Јужна Германија .

Уште во раното детство знаела дека е заробена во туѓо тело и на 16 годишна возраст веќе почнала со операциите за смена на полот.

На социјалните мрежи таа напиша дека е ,,супер горда “ што ќе се појави на насловната страница на списанието.


 

Starting the day off with coffee before the shoot today📸

A post shared by Giuliana Farfalla (@giuliana_farfalla) on

Џони Деп ги откажа сите интервјуа со новинарите

Пред неколку дена, слики на кои Џони Деп изгледа многу ослабено, започнаа да кружат околу светот.

Актерот најпознат по улогата на капетанор Џек Спероу од серијалот „Пиратите од Карибите“ имаше бледо лице, блед тен и изгледаше исцрпено.

На улиците на Санкт Петербург и во Хамбург, Џони не можеше да го сокрие својот замор.

За некои ѕвезди, тој е преоптоварен од ритамот на неговата турнеја, а за други, неговата трансформација се должи само на улогата во киното.

Но, стравот од фановите и прашањата на новинарите … на овој актер му беа едноставно премногу! Џони одлучи дека е време да се стави крај на целиот овој театар.

Според „Тајмс магазин“, таткото на Лили-Роуз одбра да ги откаже сите престојни интервјуа! Главната причина? Фактот дека еден германски новинар уште еднаш го покренал прашањето за неговата физичка трансформација и брзо губење на тежината.

 

Нејзиното тверкување е новата Инстаграм сензација (видео)

Таа се вика Јулија Кулченко и е новата Инстаграм сензација.

Младата Јулија има речиси 30 илјади пријатели на Инстаграм и таа бројка секојдневно се зголемува, а причината за наглата популарност е нејзината умешност во тверкувањето.

Што мислите вие за овој начин на танцување?

Најкраткиот и најточниот хороскоп!

Најбитните карактеристики на секој знак може да се опишат со три збора.

Овен: амбициозен, инаетџија  и наметлив

Бик: материјалист, хедонист и циничен

Близнаци: непостојани, забавни и  себични

Рак: премногу емотивни, гурмани и  забавувачи

Лав: нарциси, снобови и лидери

Девица: перфекционисти, креативци и лидери

Вага: неодлучни, конформисти и естети

Шкорпија: темни, сензуални и одмаздољубиви

Стрелец: авантуристи, наивни и егоцентрични

Јарец: бескрупулозни, традиционалисти и упорни

Водолија: непостојани, себични и забавувачи

Риби: сонувачи, деталисти и филозофи

притисни ентер