Премиер “од картон“: Еве, на него можете да му поставувате прашања (видео)

Премиерот на Тајланд, Прајут Чан-оча пред новинарите поставил “негова верзија од картон“ и им порача на “него“ да му поставуваат прашања.
Новинарите не успеаја да стигнат до вистинскиот Прајут, кој ги упати на “картонот“, се заврти и си замина.

„Ако сакате да прашате било што за политика или за конфликти, прашајте го овој господин“ – изјавил Чан-оча.

Како што пренесува „АП“, ова не е прв пат премиерот да реагира на овој начин во однос на медиумите, па така тој во минатата во текот на едно интервју “го милувал увото“ на еден тонец од една ТВ куќа, фрлал кори од банани по камерманите, а и низ хумор кој ретко кој го сфатил така, упатил закани дека ќе го убие секој новинар кој ќе се осмели да ја критикува неговата власт.

Прајут дојде на власт со пуч, кој го стави точка на периодот на насилства и нестабилност, но набрзо неговата власт наиде на отпор, поради репресивната политика и недостатокот на транспарентност.

Тој во ноември вети дека ќе организира избори, но како што пишува „АП“, тоа го правел и претходно и никогаш не го одржал ветувањето.


Џони Деп ги откажа сите интервјуа со новинарите

Пред неколку дена, слики на кои Џони Деп изгледа многу ослабено, започнаа да кружат околу светот.

Актерот најпознат по улогата на капетанор Џек Спероу од серијалот „Пиратите од Карибите“ имаше бледо лице, блед тен и изгледаше исцрпено.

На улиците на Санкт Петербург и во Хамбург, Џони не можеше да го сокрие својот замор.

За некои ѕвезди, тој е преоптоварен од ритамот на неговата турнеја, а за други, неговата трансформација се должи само на улогата во киното.

Но, стравот од фановите и прашањата на новинарите … на овој актер му беа едноставно премногу! Џони одлучи дека е време да се стави крај на целиот овој театар.

Според „Тајмс магазин“, таткото на Лили-Роуз одбра да ги откаже сите престојни интервјуа! Главната причина? Фактот дека еден германски новинар уште еднаш го покренал прашањето за неговата физичка трансформација и брзо губење на тежината.

 

Нејзиното тверкување е новата Инстаграм сензација (видео)

Таа се вика Јулија Кулченко и е новата Инстаграм сензација.

Младата Јулија има речиси 30 илјади пријатели на Инстаграм и таа бројка секојдневно се зголемува, а причината за наглата популарност е нејзината умешност во тверкувањето.

Што мислите вие за овој начин на танцување?

Најкраткиот и најточниот хороскоп!

Најбитните карактеристики на секој знак може да се опишат со три збора.

Овен: амбициозен, инаетџија  и наметлив

Бик: материјалист, хедонист и циничен

Близнаци: непостојани, забавни и  себични

Рак: премногу емотивни, гурмани и  забавувачи

Лав: нарциси, снобови и лидери

Девица: перфекционисти, креативци и лидери

Вага: неодлучни, конформисти и естети

Шкорпија: темни, сензуални и одмаздољубиви

Стрелец: авантуристи, наивни и егоцентрични

Јарец: бескрупулозни, традиционалисти и упорни

Водолија: непостојани, себични и забавувачи

Риби: сонувачи, деталисти и филозофи

притисни ентер