НГМ и Холандската амбасада ќе го промовираат проектот „Уметност за сите“

Националната галерија на Македонија (НГМ) и Холандската амбасада денеска во галеријата Чифте амам во 13 часот ќе го промовираат ликовниот едукативен проект „Уметност за сите“, кој НГМ со холандска помош ќе го спроведува во 2018-та и 2019 година.

Преку работилници, дебати и организирани посети, „Уметност за сите“ ќе овозможи полесен пристап до културата за децата со посебни потреби од цела Македонија. Проектот ќе биде финансиран преку МАТРА - програма на Министерство за надворешни работи на Холандија, отворена за сите земји кои се на пат да станат членки на Европската унија.

Целта на проектот е социјализација и општествена инклузија на лицата со попреченост и хендикеп. Наменет е за деца од најрана училишна возраст до завршување на средното образование и ќе се одвива во четири циклуси од по три месеци.

На промоцијата на проектот и потпишување на договорот за неговото спроведување се најавени обраќања на холандскиот амбасадор Вилијам Ваутер Пломп, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, директорката на Националната галерија на Македонија Дита Старова Ќерими и координаторката на проектот Маја Димитрова. /МИА

Ученик влегол со нож во училиште во Милано и ја барал наставничката, нејзин колега настрадал

Ученик (15) се појавил во училиштето „Луиџи Галвани“ во Милано со нож и побарал да се види со својата наставничка, но за среќа двајца професори го запреле и го разоружале.

Во таа интервенција еден од наставниците е повреден и моментално е во болница.

За среќа, повредите во болницата му биле окарактеризирани како полесни, па се очекува тој да биде добро и наскоро да биде отпуштен дома.

Според карабинерите, инцидентот се случил вчера, а се претпоставува дека ученикот имал намера да ја повреди или заплаши наставничката.

Тинејџерот имал тенденција да ја таргетира наставничката и ги прашал сите што ги сретнал на училиште за неа.

Откако бил спречен инцидентот, 15-годишниот ученик се обидел да побегне, но полициските патроли го уапсиле во близина и го однеле во станица.

Георгина и Роналдо објавија снимка од плажа- веднаш добија 3 милиони лајкови (ВИДЕО)

Георгина Родригез на Инстаграм објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо, ставајќи крај на гласините за проблеми во врската.

„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото како шетаат по плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.

Роналдо на својот Инстаграм сподели и фотографии од одмор на кои се гледа како се забавуваат, попишувајќи ги: „Среќа“.

Јанчев: Кавадарци ја доби наградата „Зелени шампиони“ на Западен Балкан

Мрежата на асоцијации на локални самоуправи на Југоисточна Европа на општина Кавадарци ѝ додели награда за проектот „Практики за одржливо земјоделство“.

Кавадарци наградата „Зелени шампиони“ за Западен Балкан ја доби за поставување на 18 агрометеоролошки станици за рана детекција на болести на винова лоза, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

притисни ентер