Актерката во свој манир: Ги сруши правилата, ги разлути фановите и колегите (фото)

Актерката Бланка Бланко не беше единствената која не се приклучи на бојкотот, па на црвениот тепих на доделувањето на наградите на „Златниот глобус“ се одлучи да не носи црно.

Сепак, таа предизвика најмногу критики и осуда на социјалните мрежи.

Овој пат, иако во својот препознатлив манир, Бланка успеа да шокира и да не биде во тоа единствена.

Иако и покрај молбите на “женското холивудско движење во црно“ се прошета во црвен фустан, сепак беше единствената со ваква провокативна модна облека, која овој пат не беше неопходна.

Foto: Getty

Ваквото нејзино појавување без долна облека, со длабок шлиц во црвен фустан, не наиде на разбирање од публиката и присутните холивудски ѕвезди кои очекуваа солидарност околу идејата јавно да се зборува за проблемот со злоставувањето и сексуалното вознемирување во филмската индустрија.

Foto: Getty

Така релативно непозната по улогите, а препознатлива по стајлингот, актерката очигледно сакаше да ги искористи “своите пет минути“.

Се појави во друштво на долгогодишниот партнер Џон Севиџ (68) и не обрнуваше многу внимание на критиките и негативните коментари.

Foto: Getty

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистрирани кусо по 9 часот во морскиот дел западно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Геодинамичкиот институт првично објави дека биле регистрирани два земјотреси од 5,6 и 5,7 степени со неколку секунди разлика, нешто што кусо подоцна го промени во еден земјотрес, а и според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, станува збор за еден земјотрес со јачина од 5,7 степени. /МИА

притисни ентер