Златните глобуси во знакот на говорите против сексуалното насилство

Драмата „Три билборди пред Ебинг, Мисури“ победи во дури четири категории, но сепак признанието мина во сенка на моќните говори на повеќето актерки, како Никол Кидман, Мерил Стип, Ема Вотсон, а салата во Беверли Хилс неколку минути замолкна од говорот на Опра Винфри, која го доби признанието за животно дело.
- Вечерва сакам да им се заблагодарам на сите жени, кои низ годините трпеле злоставување, затоа што како и мојата мајка, имале деца кои требало да ги нахранат, да платат сметки и да имаат сон. Тоа се жени, чии имиња нема никогаш да ги дознаеме. Предолго на жените не им се веруваше ако се охрабреа да зборуваат за силата на тие мажи. Нивното време сега истече, изјави Опра Винфри, актерка

Иницијативата беше покрената по минатогодишното обелоденување за сексуалното вознемирување што врз повеќе актерки го вршел познатиот продуцент Харви Вајнстин. Златните Глобуси се увертира на доделувањето на Оскарите, закажано за 4-ти март на кои како фаворит од синоќа се издвојува токму драмата „Три билборди пред Ебинг, Мисури“. За најдобар режисер беше прогласен Гиљермо Дел Торо, за најдобар актер Гери Олдман, а за најдобра актерка Френсис Мекдорманд.

Џони Деп ги откажа сите интервјуа со новинарите

Пред неколку дена, слики на кои Џони Деп изгледа многу ослабено, започнаа да кружат околу светот.

Актерот најпознат по улогата на капетанор Џек Спероу од серијалот „Пиратите од Карибите“ имаше бледо лице, блед тен и изгледаше исцрпено.

На улиците на Санкт Петербург и во Хамбург, Џони не можеше да го сокрие својот замор.

За некои ѕвезди, тој е преоптоварен од ритамот на неговата турнеја, а за други, неговата трансформација се должи само на улогата во киното.

Но, стравот од фановите и прашањата на новинарите … на овој актер му беа едноставно премногу! Џони одлучи дека е време да се стави крај на целиот овој театар.

Според „Тајмс магазин“, таткото на Лили-Роуз одбра да ги откаже сите престојни интервјуа! Главната причина? Фактот дека еден германски новинар уште еднаш го покренал прашањето за неговата физичка трансформација и брзо губење на тежината.

 

Нејзиното тверкување е новата Инстаграм сензација (видео)

Таа се вика Јулија Кулченко и е новата Инстаграм сензација.

Младата Јулија има речиси 30 илјади пријатели на Инстаграм и таа бројка секојдневно се зголемува, а причината за наглата популарност е нејзината умешност во тверкувањето.

Што мислите вие за овој начин на танцување?

Најкраткиот и најточниот хороскоп!

Најбитните карактеристики на секој знак може да се опишат со три збора.

Овен: амбициозен, инаетџија  и наметлив

Бик: материјалист, хедонист и циничен

Близнаци: непостојани, забавни и  себични

Рак: премногу емотивни, гурмани и  забавувачи

Лав: нарциси, снобови и лидери

Девица: перфекционисти, креативци и лидери

Вага: неодлучни, конформисти и естети

Шкорпија: темни, сензуални и одмаздољубиви

Стрелец: авантуристи, наивни и егоцентрични

Јарец: бескрупулозни, традиционалисти и упорни

Водолија: непостојани, себични и забавувачи

Риби: сонувачи, деталисти и филозофи

притисни ентер