Драматично патување:Крузер со 4000 патници влета во снежна бура

Крузерот „Norwegian Breakaway“ со 4000 патници помина низ снежна бура на пат од Бахами до Њујорк. Наместо празнично патување, крстарењето се претворило во кошмар.
Бродот во четвртокот навечер влегол во бурата која се формирала над атлантскиот океан и се движела кон источниот брег на САД.

Со оглед дека кабините биле полни со вода, патниците спиеле во ходниците и деловите од бродот во кои немало штети.

Норвешката фирма „Norwegian Cruise Line“ по ова патешествие на патниците им се извини поради „екстремните временски услови“ и велат дека се среќни оти сите се живи и здрави.


Откриени тајните на серијата „The Simpsons”: Зошто се жолти, како ги добиле имињата и кој навистина гостувал

Со години луѓето низ светот се забавуваат со шегите од анимираната серија „The Simpsons“.

Повеќето гледачи барем еднаш се запрашале зошто ликовите се со жолта боја?

Сценаристот на оваа серија го открива тоа во новата книга, како и бројни други детали и тајни за создавањето и снимањето на оваа култна анимирана серија.

Сценаристот Мајк Рејс ја прифатил идејата на аниматорот Мет Гронинг кој ги цртал ликовите, тие да бидат жолти бидејќи главно немаат коса, односно немаат линии од кои косата започнува. Рејс работи на серијата од самиот почеток на емитувањето – 1989 година.

„Барт, Лиса и Меги немаат линии од коса, односно линии кои ја одвојуваат нивната кожа од косата. Аниматорот одбра жолта бидејќи тоа е некоја боја и на кожа и коса" – изјавил Рејс.

Исто така открил дека името за градот Спрингфилт го позајмил од серијата „Father Knows Best“ која била хит во 1950-тите години. Спрингфилд има океан на источниот и западниот брег.

„Еднаш рековме дека Источен Спрингфил е со големина на три Тексаси, а во една епизода Хомер го чистеше снегот наутро, додека после пладне пиел лимонада и се лула во мрежата за лежење. Ова доведува до прашањето на која планета е Спрингфилд?“ – изјавува авторот.

Името на серијата настанало од зборот „simpletons”, што во превод значи глупави луѓе.

Кога станува збор за “гостувањето“ на Мајкл Џексон, тој навистина го снимил својот глас кога зборувал во телефонскиот повик со Барт, но пеел неговиот дублер кој има сличен глас, Кип Ленон. Кога го прашале зошто не пеел тој, тој изјавил кратко и без објаснување: Тоа е шега на сметка на моите браќа.

 

Иако гостувале Битлс, Стивен Хокинг и Елизабет Тејлор неколку пати, Брус Спрингстин и Том Круз одбиле да се појават во било кој облик.

Што се однесува до имињата, Хомер и Марџ ги добиле по вистински луѓе, креаторот Мет Гроенинг ги користел своите родители како инспирација. Лиса и Меги ги добиле имињата по неговите сестри, додека името на Барт е измислено.

Книгата „Springfield Confidential: Jokes, Secrets, and Outright Lies from a Lifetime Writing for The Simpsons" е во продажба.

Лукот помага во регулацијата на нивото на холестерол

Лукот содржи околу 200 активни состојки, во концентрирана форма, и дека најмногу ги има во луковицата, но во исхраната се користат и цветот, стеблото и листовите.

Лукот има антибактериско дејство врз различни видови бактерии, вируси и цревни паразити.

 Го намалува високиот крвен притисок и нивото на холестерол во крвта и го спречува формирањето на крвните згрутчувања.

Лук се употребува свеж, варен, како додаток во јадењата, но, исто така и како средство за заштита на храната од расипување.

Бананите го подобруваат расположението

Баната е едно од најенергичните овошја кое ќе ви овозможи повеќенаменска корисност. 

Таа ги спречува грчевите во мускулите за време на вежбањето и грчеви во нозете.

Го подобрува расположението и ги ублажуваат симптомите на ПМС.

 

Го надоместува калциумот изгубен со урината и ги прават коските поцврсти.

Бананите ги намалуваат отоците, штитат од дијабет тип 2, помагаат при губење на килограми, го зајакнуваат нервниот систем и го поттикнуваат создавањето на бели крвни клетки и сето тоа затоа што содржат високо ниво на Витамин Б6. 

 Богати се со калиум и содржат малку сол, па може да го намалат крвниот притисок, а штитат и од срцев удар. Го помагаат варењето.

Бананите се богати со пектин и затоа го помагаат варењето, а при тоа го ослободуваат телото од токсини и тешки метали. Тие го поттикнуваат развојот на добри бактерии во цревата и лечат запек и дијареја.

притисни ентер