Пчелиниот отров природен ботокс, лек за канцер, кожни болести и епилепсија

Природен ботокс, лек за остеопороза, кардиоваскуларни и кожни болести, канцер, мозочни удари, епилепсија, се само некои од својствата што му се припишуваат на пчелиниот отров т.н. апитоксин.
Апитоксинот во светски рамки наоѓа широка примена и e се попопуларен. Собирањето е пракса, а фармацевтската индустрија го откупува по 130 американски долари за грам, но бара да има исклучителен квалитет.

Во Македонија засега пчелин отров собираат само 20 пчелари. На домашниот пазар никој не откупува зашто нема софиситицирана опрема за користење. И надвор нема пласман, бидејќи странските компании се уште испитуваат дали е произведен органски, под т.н. био услови. Сепак, контакти со некои откупувачи (од Германија, Грузија, Хонг Конг) полека се воспоставуваат. 

- За да произведе пчелин отров, пчеларот треба да има најмалку 50 пчелни семејства (сандаци). Неопходна е и посебна електронска апаратура со колектори или панели што создаваат електровибрации. Тие всушност ја иритираат пчелата да го исфрли отровот. Пчелата исфрла две тритини од отровот, а една третина задржува за себе, за самоодбрана. Тоа значи дека останува жива зашто не го откинува осилото како кога боцка луѓе или животни (случај во кој, осилото, поради засеците, останува во кожата, односно се откинува од дебелото црево на пчелата и таа угинува), вели Томислав Рушков кој две години се занимава со производство на апитоксин, а органски произведува и други видови пчелни производи.

Собирањето пчелин отров е најсоодветно од април до октомври, кога пчелите се активни. Најмногу и најквалитетен отров исфрлаат младите пчели.

- Од еден сандак што има најмалку 30.000 пчели, може да се соберат 0,3 до 0,7 грама отров што потоа се складира во посебни тегли. Теглите мора да бидат од обоено стакло или да се заштитат со алуминиумска фолија од сончева светлина. Во спротивно, се губи квалитетот на отровот. Бојата на отровот која е природно белузлаво-сивкаста, под дејство на сончева светлина потемнува, објаснува Рушков.

Пчелиниот отров е течност која за пет до десет минути станува кристална супстанца, слична како солта.

- Откако ќе исфрли дел од отровот, пчелата е помедоносна, се зголемува приносот, количеството на собран нектар од поленот. Со исфрлање на отровот, пчелата и комплетно се чисти од крлежите кои природно ги има на себе. При електровибрацијата, сама ги исфрла од нејзиното тело со нозете, истакнува Рушков.

Процесот на собирање пчелин отров воопшто не е едноставен и поради тоа, пчеларите на почеток биле скептични. Се плашеле дека пчелите можеби ќе угинат или ќе напаѓаат зашто при иритирањето со електровибрациите, некои стануваат агресивни.

- Повеќето пчели не се агресивни. Го исфрлаат отровот и си заминуваат. Има пчели кои се агресивни во пречник од 30 до 50 метри. Тие може да нападнат и луѓе и добиток. Сепак, за кратко време се смируваат,... Како и да е, треба доволно едукација и тоа го правиме континуирано, потенцира Рушков.

Анализите и испитувањата на апитоксинот засега се прават во западноевропските земји и се релативно скапи. 

- Имам потпишано договор со 20 наши пчелари кои собираат отров, но во мали количини. За овие две години имаме собрано околу 300 грама отров што се чува согласно меѓународните, стандардизирани, упатства за да не се изгуби квалитетот. Паралелно, во контакт сум со две лаборатории за анализа, едната во Хрватска, а другата во Австрија. Во однос на продажбата, целта ни е да обезбедиме сигурен откупувач што ќе ни овозможи да планираме производство и во наредните години. Интерес има, но се трудам да изборам висока цена за да бидат наградени пчеларите, да бидат задоволни и догодина повторно да собираат, па дури тоа да им биде и основен производ, напоменува Рушков.

Тој веќе воспоставил соработка со Албанија од каде го чека сертификатот за производство и трговија, а во тек е и процедурата во Косово.

- Собирањето пчелин отров во светот е пракса. Дури, и британското кралство семејство користи козметика на база на пчелин отров. Се смета дека поради тоа кожата на кралицата изгледа толку нежна и свежа. Во крема за тело или лице се ставаат 0,1 - 0,8 грама, зависно од намената. Тој што ги користи, секако, не смее да биде алергичен, открива Рушков.

Засега, пчелиниот отров најмногу го бараат фармацевстките компании од САД, Англија, Германија и скандинавските земји.

Според податоци од Лекарската комора, апитоксинот е сличен на змискиот или отровот на атлантската медуза. Содржи 75 - 80 отсто протеини и пептиди. Составен е од 18 биолошко активни супстанци, минерали, ензими, слободни аминокиселини и масти.

Пчелиниот отров се користел уште во стар Египет, Грција, Кина, пред повеќе од 5.000 години, а го спомнува и Хипократ во своите белешки (советува убоди од пчели кај одредени состојби). За апитерапија се зборува и во санскритските текстови (Веда), Библијата и Куранот.

Откриени тајните на серијата „The Simpsons”: Зошто се жолти, како ги добиле имињата и кој навистина гостувал

Со години луѓето низ светот се забавуваат со шегите од анимираната серија „The Simpsons“.

Повеќето гледачи барем еднаш се запрашале зошто ликовите се со жолта боја?

Сценаристот на оваа серија го открива тоа во новата книга, како и бројни други детали и тајни за создавањето и снимањето на оваа култна анимирана серија.

Сценаристот Мајк Рејс ја прифатил идејата на аниматорот Мет Гронинг кој ги цртал ликовите, тие да бидат жолти бидејќи главно немаат коса, односно немаат линии од кои косата започнува. Рејс работи на серијата од самиот почеток на емитувањето – 1989 година.

„Барт, Лиса и Меги немаат линии од коса, односно линии кои ја одвојуваат нивната кожа од косата. Аниматорот одбра жолта бидејќи тоа е некоја боја и на кожа и коса" – изјавил Рејс.

Исто така открил дека името за градот Спрингфилт го позајмил од серијата „Father Knows Best“ која била хит во 1950-тите години. Спрингфилд има океан на источниот и западниот брег.

„Еднаш рековме дека Источен Спрингфил е со големина на три Тексаси, а во една епизода Хомер го чистеше снегот наутро, додека после пладне пиел лимонада и се лула во мрежата за лежење. Ова доведува до прашањето на која планета е Спрингфилд?“ – изјавува авторот.

Името на серијата настанало од зборот „simpletons”, што во превод значи глупави луѓе.

Кога станува збор за “гостувањето“ на Мајкл Џексон, тој навистина го снимил својот глас кога зборувал во телефонскиот повик со Барт, но пеел неговиот дублер кој има сличен глас, Кип Ленон. Кога го прашале зошто не пеел тој, тој изјавил кратко и без објаснување: Тоа е шега на сметка на моите браќа.

 

Иако гостувале Битлс, Стивен Хокинг и Елизабет Тејлор неколку пати, Брус Спрингстин и Том Круз одбиле да се појават во било кој облик.

Што се однесува до имињата, Хомер и Марџ ги добиле по вистински луѓе, креаторот Мет Гроенинг ги користел своите родители како инспирација. Лиса и Меги ги добиле имињата по неговите сестри, додека името на Барт е измислено.

Книгата „Springfield Confidential: Jokes, Secrets, and Outright Lies from a Lifetime Writing for The Simpsons" е во продажба.

Лукот помага во регулацијата на нивото на холестерол

Лукот содржи околу 200 активни состојки, во концентрирана форма, и дека најмногу ги има во луковицата, но во исхраната се користат и цветот, стеблото и листовите.

Лукот има антибактериско дејство врз различни видови бактерии, вируси и цревни паразити.

 Го намалува високиот крвен притисок и нивото на холестерол во крвта и го спречува формирањето на крвните згрутчувања.

Лук се употребува свеж, варен, како додаток во јадењата, но, исто така и како средство за заштита на храната од расипување.

Бананите го подобруваат расположението

Баната е едно од најенергичните овошја кое ќе ви овозможи повеќенаменска корисност. 

Таа ги спречува грчевите во мускулите за време на вежбањето и грчеви во нозете.

Го подобрува расположението и ги ублажуваат симптомите на ПМС.

 

Го надоместува калциумот изгубен со урината и ги прават коските поцврсти.

Бананите ги намалуваат отоците, штитат од дијабет тип 2, помагаат при губење на килограми, го зајакнуваат нервниот систем и го поттикнуваат создавањето на бели крвни клетки и сето тоа затоа што содржат високо ниво на Витамин Б6. 

 Богати се со калиум и содржат малку сол, па може да го намалат крвниот притисок, а штитат и од срцев удар. Го помагаат варењето.

Бананите се богати со пектин и затоа го помагаат варењето, а при тоа го ослободуваат телото од токсини и тешки метали. Тие го поттикнуваат развојот на добри бактерии во цревата и лечат запек и дијареја.

притисни ентер