Богов: 2017 година ќе биде една од економски најслабите, растот околу 0,5 проценти

Народната банка на Република Македонија останува на својата проекција за раст на економијата годинава од 0,5 проценти. Според гувернерот Димитар Богов, 2017 е една од најслабите години од аспект на економскиот раст во последните пет години, а проекцијата на НБРМ за раст за годинава останува околу 0,5 проценти.
- Остануваме на проекцијата од 0,5 проценти за 2017 година. Третиот квартал потврди дека тука некаде ќе биде растот за 2017 година. Ќе бидеме доста близу до вистинскиот раст, но тоа ќе го дознаеме во март следната година кога ќе ги имаме податоците и за четвртиот кваратал од оваа година, изјави гувернерот на НБРМ Димитар Богов одговорајќи на новинарски прашања на Работилницата за финансиска едукација на новинари насловена „Правилно читање и толкување на извештаите на Народната банка и другите регулаторни институции“.

Богов очекува наредната 2018 година да биде подобра на економски план.

- Но, за да биде подобра, треба да се исполнат неколку услови. А тоа се да имаме постабилен политички амбиент, да имаме сигурност што значи да се подобарт инвестициите, да се зголеми личната потрошувачка, но и да продолжи оној тек на странски дирекни инвестции што го имавме во претходниот период и кој е носител на економскиот раст, рече гувернерот на НБРМ.

Одоговарајќи на новинарско прашање, Богово подочи дека основна причина за тоа што инвестициите се негативни годинава е продолжената политичка криза и несигурноста што ја чувствуваат инвеститорите.

- Токму поради тоа, и кредитирањето на корпоративниот сектор забавува од година во година и кога разговараме со банките основната причина која ја наведуваат е намалена побарувачка за инвестициски кредити, вели Богов.

Во однос на каматните стапки, тој не очекува во 2018 година да има промена доколку нема некој домашен шок, но дека во 2019 година најверојатно кога ЕЦБ ќе започне со затегање на монетарната политика веројатно и Македонија ќе ја следи таа политика.

- Американски ФЕД одамна започна со зголемување на каматните стпаки, а  Европската централна банка најавува дека тој процес ќе го започне од 2019 година. Бидејќи сме врзани за еврото и ЕЦБ, односно нејзината монетарна политика за очекување е дека нашата монетарна политика би ја следела монетарната политика на ЕЦБ, освен ако не се случи некој шок на домашниот пазар, односно во домашниот монетарен амбиент. Доколку е се стабилно тогаш за очекување е дека и каматните стапки ќе се задржат, а во 2019 година кога ЕЦБ ќе започне со затегање на монтерната политика веројатно и ние би ја следела таа политика, изјави Богов.

Посочи дека се прават законски измени за да може Народната банка на РМ да ги сподели податоците кои ги добива за парите што стигнуваат преку брзиот трансфер на пари, со други институции во земјава.

Тој појасни дека досега овие податоци НБРМ ги добивала за регулаторни цели и тие податоци не можела да ги споделува со останатите државни органи.



Сончево, температура до 32 степени, попладне нестабилно

Времето претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност. 

Попладне облачноста ќе се зголемува главно во планинските региони на север и на запад, каде ќе има услови за краткотрајна нестабилност, некаде проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16,  дневната од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје претпладне сончево со мала локална облачност, а од пладневните часови и во Скопската котлина ќе се зголемува облачноста, која во планините ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Утринската температура ќе биде 14, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно и топло време, а во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови. Температурите нема многу да се менуваат, а ветерот ќе биде главно северен. /МИА

Традицонално искачување на Титов Врв

Традиционалното 37-мо искачување на „Титов Врв“ во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово по маркираната патека „Вакуф“ почна утрово во 6:30 часот од платото пред хотелот „Попова Шапка“.

Традиционалното 37-мо искачување на „Титов Врв“ во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово по маркираната патека „Вакуф“ почна утрово во 6:30 часот од платото пред хотелот „Попова Шапка“ и се очекува пешачењето до највисокиот врв на Шара да трае околу четири до 4,5 часа.

Патеката, велат организаторите, е средно тешка и има вкупна должина од 14 километри во еден правец и висинска разлика од 1.047 метри. Се движи по тревна површина, по каменит предел и е делумно покриена со снег.

- Патеката е маркирана со класична планинарска маркација, дополнета со знаменца. Сите учесници ќе бидат распоредени помеѓу челото и крајот на колоната, помеѓу кои ќе има водичи на клубовите кои носат видливи ознаки за препознавање (на ранците ќе имаат акредитации со ознака организатор), посочуваат организаторите.

По кратката пауза на врвот, додаваат, планинарите ќе се вратат на Попова Шапка, околку 14 часот каде ќе бидат посужени со чај од „Пријателите на Шара“со што настанот официјално ќе биде затворен.

За искачувањето е потребно да се користи стандардна планинарска опрема за движење во зимски услови. Исхраната е сопствена, индивидуално предвидена за планинарска тура до 10 часа. Секој од учесниците треба да биде во добра психофизичка кондиција. 

Оваа година се очекува бројот на искачени планинари да биде над 800.  За турата има пријавени панинари од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Косово, БиХ, Хрватска и Словенија. /МИА

Почнува 6. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

Шестото издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен вечерва во Скопје.

Петмина актуелни писатели од исто толку земји од Балканот ќе и бидат претставени на публика.

Добитникот на наградата за авторски придонес во балканската литература „Прозарт“, српската легенда Светислав Басара нема да биде во нивно друштво. Од здравствени причини тој не можеше да допатува во Скопје.

За делата на Басара, Роберт Перишиќ од Хрватска, Фросина Пармаковска од Македонија, Лејла Каламујиќ од Босна и Херцеговина, Афер Тунч од Турција и Јуриј Худолин од Словенија ќе говорат македонските писатели Александар Прокопиев, Ермис Лафазановски и Владимир Јанковски.

Фестивалот ќе го отвори директорот Дејан Трајкоски, а модератор ќе биде Ана Јовковска.

Гости на отворањето ќе бидат и тројцата членови на „Скопје фелоушип“ програмата – Џон О’Брајан, основачот на „Далки архив прес“ од САД, Јанике Ритер, уредничка на „Зуркамп“ од Германија и Назлиџан Кабаташ од „Калем“ од Турција.

На вториот фестивалски ден утре во ЕУ Инфо-центарот ќе се одржи тркалезна маса „Балканските класици во европската литература: (не)визибилност во 21 век“.

Ќе учествуваат гостите писатели и членовите на „Скопје фелоушип“ програмата.

Веќе традиционално, фестивалот организира средба на гостите автори со своите читатели во книжарницата „Икона“ во Скопје сити мол, закажана за 28 мај.

Тројцата врвни издавачи од „Скопје фелоушип“ ќе се сретнат и со македонски писатели и издавачи и ќе имаат можност да воспостават идни соработки.

Фестивалот ќе биде затворен на 29 мај во Даут-пашиниот амам во кога писателите ќе читаат извадоци од своите дела.

„ПРО-ЗА Балкан“ и оваа година е во организација на издавачката куќа „Икона“.

Фестивалот е поддржан е од Министерството за култура со 200.000 денари, од ТРАДУКИ, Делегацијата на ЕУ, амбасадите на Словенија и на Хрватска и од Словенечката агенција за книга. /МИА

притисни ентер