Догодина поголеми плати за наставниците

Вкупно 25,28 милијарди денари или 406,55 милиони евра ќе биде буџетот за образованието во 2018 година што е пет отсто повеќе од 2017.
Како што соопшти денеска на прес-конференција министерката за образование и наука Рената Дескоска, за основно образование се предвидени 45 проценти од буџетот, 26 отсто се за високо образование, 19 проценти за средно, шест отсто се наменети за ученички и студентски стандард, два отсто се предвидени за наука, а 1,8 отсто за администрација.

Догодина ќе бидат значително зголемени средствата за блок-дотации за општините со цел подобрување на условите во училиштата. За оваа намена се проектирани 600 милиони денари повеќе од годинашниот Буџет, што е зголемување за 4,62 отсто, истакна Дескоска.

Министерката најави и зголемување на платите на наставниците во основното и средното образование за пет отсто.
- Буџетот за образование во 2018 година е развоен и со него ќе се инвестира во квалитет и подобри услови за сите, подвлече Дескоска на прес-конференција во Владата. 

Деветмина повредени во пад на авион

Девет лица се повредени при пад на приватен мал авион во Хондурас.

Авионот се урнал на крајот на пистата на меѓународниот аеродром во главниот град на Хондурас , Тегусигалпа. Според противпожарната служба , во несреќата се повредени девет лица.

Авионот пристигнувал од Остин , Тексас и од непознати причини се урнал на пистата при што се прекршил на пола.

Поповски во „Само вистина“: Владата нема да дозволи никој да биде привилегиран ниту оштетен

„Само вистина“ интервју со Роберт Поповски: Живот ли е ова или „панаѓур“?!

Директорот на Канал 5 Телевизија Иван Мирчевски и министерот  без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, во најновото издание на „Само Вистина“ разговараат за актуелните политички теми и за новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.

Поповски: „Експерти, професионалци се вклучени во изготвување на новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги. Граѓаните се тие што ќе ја оценат вистинка трка на медиумскиот пазар и да проценат кој медиум колку вреди. Владата нема да дозволи никој да биде привилегиран ниту оштетен, медиумите треба да добијат услови за работа и медиумските работници да имаат повисоки плати. Новиот закон ќе ја заштити индустријата, ќе обезбеди вистинска регулација и контрола на сите чинители во медиумскиот простор.“

Солзавец и приведени на протестите во Париз (ВИДЕО)

За време на синдикалниот протест по улиците на Париз дојде до судир на демонстрантите со полицијата.

Според медиумите , со полицијата се судрила група од околу стотина млади , кои не биле дел од протестната поворка. Поединци од групата ги гаѓале полицајците со различни предмети , по што полицајците возвратиле со пендреци и солзавец. Најголем број од младите , кои ја нападнаа полицијата носеле фантомки и капи за скијање .

И репортерката на Раша Тудеј , Шарлот Дубенски пред камерите мораше поради солзавецот да си стави капки во очите за да може да гледа. За сега нема податоци за повредени , а неколкумина од демонстрантите се приведени.

Денешните протести ги организираше синдикатот на јавните работници , поради планот на Владата до 2022 да укине 120 000 работни места.  

притисни ентер