Неговата сопруга, Самер Финикс после скоро две години раздвоен живот ги предала документите за развод, а после вонсудскиот договор околу алиментацијата нивниот брак е завршен.
„Самер долго време не веруваш, но се кулминираше кога дозна за обвиненијата од неговите колешки дека сексуално ги малтретира. Оттогаш се обидуваат да го спасат бракот поради децата, но не им успеа“ – изјави заеднички пријател за „Дејли Меил“.
Родителите добиле заедничко старателство над децата, синовите Индиан и Атикс.
Раздорот во бракот кулминира кога актерот добил номинација од Американската академија за филм. Тогаш испливаа неговите скандали на виделина, преку кои Самер не можела да премине.
Имено, две жени го обвинија Афлек во 2010 година за сексуално вознемирување.
Магдалена Горка и продуцентката Аманда Вајт постигнале вонсудски договор, а двете тврделе дека Кејси им се вовлекувал во кревет навечер додека заедно работеле и ги молел да спијат со него.
Кога двете го одбиле, тој пред екипата на филмот ги понижувал и навредувал.