Воен удар во Зимбабве – вечниот лидер во притвор

Војската ја презеде власта и го свргна претседателот Роберт Мугабе , кој е на власт од 1980 година.
Мугабе е приведен , а војската ја презеде телевизијата и сите јавни установи . Генералот Сибусисо Мојо се обрати на нацијата и рече дека не станува збор за воен удар и оти Мугабе е на безбедно место .

На удар на војската ќе бидат соработниците на Мугабе , поради тоа што предизвикале социјални и економски страдања на граѓаните.

Американската амбасада во главниот град Хараре е затворена и ги предупреди своите државјани во Хараре да се засолнат во скривници . Воени транспортери се на улиците на градот , а војниците со тешко оружје ги чуваат јавните установи .

Засега нема податоци за жртви во драматичните настани во оваа поранешна Британска колонија .

ЈСП со изменет возен ред за празниците

 Возниот ред на автобусите од јавниот превоз утре и задутре ќе биде изменет поради празниците 24 Мај-Денот на „Св. Кирил и Методиј“ и 25 Мај-Духовден, соопшти денеска ЈСП Скопје.

Утре (четврток) автобусите ќе сообраќат по неделен возен ред, а задутре (петок) ќе важи саботниот возен ред.

- Во петок, сабота и недела, ЈСП Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓања кон гробишта Бутел од Карпош, Ново Лисиче, Кисела Вода и во зависност од потребите на граѓаните ќе бидат ангажирани дополнителен број автобуси во периодот од 5 до 14 часот, информира ЈСП - Скопје.

Нови рочишта за „Монструм“ и „Траекторија“

 Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на СЈО „Монструм“ и „Траекторија“.

На рочиште за „Монструм“ исказ пред Судот треба да даваат двајца обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година.

На претходното рочиште повеќе од пет часа исказ даваа обвинетите Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири, кој во судница беше донесен од затворот во Штип, каде отслужува казна затвор за друго кривично дело.

Исмаиловиќ и Азири пред Судот се изјаснија дека не се чувствува ат виновни за овој случај.

По завршување на рочиштето обвинителката Фатиме Фетаи изјави дека е важно што овој предмет стартува од почеток и дека во понатамошниот тек на судскиот процес ќе се изведуваат старите докази, но исто така ќе бидат изведени и нови докази од Специјалното јавно обвинителство и од страна на одбраната.

- Како основа во оваа постапка мора да се земе поранешниот обвинителен акт и од таа причина од наша страна беа прочитани двата обвинителни акти и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, рече Фетаи.

Таа додаде дека од анализата и од доказниот материјал ќе зависат и промените кои ќе ги прави обвинителството и во понатамошниот тек на судскиот процес.

- Секој доказ ќе биде предмет на темелна анализа, а потоа ќе се изведуваат и нови докази и  во зависност од она што ќе произлезе од наша страна и од Судот ќе биде донесена соодветна правилна одлука, рече Фетаи.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Во Судот денеска ќе се одржи рочиште и за случајот „Траекторија“ во кој се обвинети четири службени лица - поранешни високи владини функционери. Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Тие според СЈО, нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист. 

Петнаесет филмови на „Скопје синема сити“ од 6-ти до 10 јуни

 Музиката и нејзиното филмско претставување е во фокусот на програмата на четвртиот фестивал „Скопје синема сити“ (ССС) чие летно издание ќе се одржува од 6-ти до 10 јуни во Кинотеката на Македонија. 

Во петте фестивалски дена ќе бидат прикажани 15 филмови. 

Како што претходно беше објавено, фестивалот ќе биде отворен со филмот за јапонскиот композитор Руичи Сакамото „Кода“ во режија на Стивен Номура Шибле. Филмот беше прикажан премиерно на филмскиот фестивал во Венеција во 2017, а потоа и на годинашното Берлинале.

Ќе има и претфестивалска програма со изложба на џез-фотографии на фотографката Татјана Ранташа од истакнати македонски џез-уметници од различни генерации. Паралелно со нејзината изложба, насловена „Македонска џезтетика - Ранташа Татјана, фотографии“, настап ќе има и Гоце Стевковски Квинтет. 

- Бидејќи централно место има музиката, оваа изложба кореспондира со селекцијата на џез-филмови, и од домашна и од странска продукција кои се на програмата. На програмата се застапени филмови за познатата музичка куќа „Blue Note Recordsс: Приказна за современиот џез“, „Сан Ра: Братот од другата планета“, „Бил Еванс: Сеќавање на едно време“ заедно со кратки филмови од продукцијата Види Вака за Зоран Маџиров и Драган Ѓаконовски Шпато, соопшти ССС.

Вториот ден на фестивалот ќе биде посветен на познатиот современ композитор Филип Глас со филмовите „Филип Глас: Гледајќи го Глас“ и култниот уметнички филм „Којанискатси“.  На 8 јуни ќе биде прикажан „Лунарна Орбита“ за познатиот електронски состав „The Orb“, а потоа „Визијата за рајот“ на Ли Скреч Пери. На 9 јуни ќе бидат прикажани филмовите за Бил Еванс, кој е еден од најпознатите џез-пијанисти на сите времиња и „Буена Виста Соушал Клаб, Адиос“. 

На програмата се и два филма на македонскиот режисер Јордан Дуков за македонските состави „Љубојна“ и „Conquering Lion“ дел од Телма докубенд серијалот. На завршниот фестивалски ден ќе бидат прикажани „Студиото Ханса крај ѕидот 1976-90“ и „Кобејн: Монтажа на еден пекол“.

Влезниците може да се купат на билетарницата на Кинотека на Македонија и онлајн на МКтикетс. Повеќе информации се достапни на веб-страницата  www.nomad.com.mk. 

притисни ентер