Регионална конференција „Јакнење на финансискиот надзор на парламентите од Западен Балкан“

Регионална конференција за „Јакнење на финансискиот надзор на парламентите од Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Пратеници и претставници од парламенти од Западен Балкан и тоа од Македонија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Србија и Косово заедно со претставници од Светската банка, регионални експерти и претставници од европскиот парламент, ќе разговараат за различните аспекти на регионалната соработка и за тоа како да се унапреди буџетскиот и законодавниот надзор на Западен Балкан.

Регионалната конференција е во организација на Вестминстер фондацијата за демократија, Светската банка и Мрежата на парламентарни комисии за економија, финансии и евроинтеграции на Западен Балкан ќе се одржи денеска во Скопје.

Ќе ја отвори претседателот на Собранието Талат Џафери, а ќе се обратат и пратеникот Артан Груби, претставникот на Фондацијата за демократија на Вестминстер Крис Левик и амбасадорката на Швајцарија во Македонија Сибил Зутер.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

притисни ентер