Федерацијата на фармери одбележува 15 години постоење

Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) денеска го одбележува јубилејот, 15 години постоење.
ФФРМ е основана во Кавадарци, каде се одржа и првото конститутивно собрание во јули 2002 година. Прво беше наречена Федерација на македонските фармери (ФМФ) и со неа раководеше претседателот Петко Златев.
Како структурен модел во 2004 година го зема примерот на шведските фармери и нивното организирање преку склучување договор за соработка со Шведската федерација на фармерите (ЛРФ).
Шведската агенција за развој (Sida) го препозна значењето на формирање ваква организација и заедно со ЛРФ во последните 10 години силно ја поддржува во исполнувањето на нејзината мисија и визија, како финансиски, така и со техничка поддршка, а најмногу преку размена на искуства.
Соработката продолжува преку Шведскиот кооперативн центар We Effect каде изминатите три години се работеше на голем број теренски посети, активности за обединување, едуцирање и лобирање за земјоделците, со посебен фокус на малите земјоделци, јакнење и развој на земјоделските кооперативи и економско јакнење, како и поголемо вклучување на жените фармери во одлучувачките структури на организацијата и креирањето на земјоделскта политика. Со оваа подршка првпат е истакнат и проблемот со руралната сиромаштија во РМ.

Паника во авион, во рачен багаж патник носел 20 змии

Анонимен патник предизвика паника во авион кој летал на линија од Германија до Русија. Во неговиот рачен багаж се откриени 20 змии.

Патникот при на екипажот на авионот му изјавил дека змиите ги купил на пазар во Германија.

-Змиите биле спакувани во канистри во неговата торба: Немаше документи за змиите. Од која врста се змиите ќе одредат стручњаци, но неофицијално станува збор за не отровни змии, е наведено во соопштението од прес центарот на интернационалниот аеродром Шереметјево.

Змиите сега се во карантин во Москва, поради тоа што на патникот немал соодветни документи за истите, вклучувајќи и одобрение од ветеринар за пренесување на змиите од Диселдорф во Русија.

Според извештајот, германските аеродромски власти  во Диселдорф истакнале дека немале никаков инцидент при безбедносната проверка и воедно истакнуваат дека внесувањето на змии во авион не е нелегално, но дека е потребно соодветно одобрение за тоа.

Ексклузивно интервју на Мицкоски за Канал 5

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  во ексклузивно интервју за Канал 5 вели  дека нема раскол во најголемата опозициска партија.

Мицкоски говори и за актуелните прашања во однос на референдумот и договорот со Грција.

Со лидерот на најголемата опозициска партија разговараше Мирјана Трпческа. 

Сите душегрижници кои мислат дека во ВМРО-ДПМНЕ  има раскол или недоразбирања од голем размер, се лажат.ВМРО-ДПМНЕ е единствено, вели Мицкоски.

Во видеото погледнете го целото интервју.

Порошенко ја тужи ББЦ за клевета поради напис за средба со Трамп

Украинскиот претседател Петро Порошенко ја тужи британската телевизиска мрежа ББЦ за клевета поради написот во кој се тврди дека Киев платил за средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во написот објавен во мај, ББЦ наведува дека поранешниот адвокат на Трамп – Мајкл Коен добил меѓу 400.000 и 600.000 од украинскиот претседател за да ја организира првата средба меѓу Порошенко и Трамп во Белата куќа во јуни 2017 година.

Според тој напис, кој се повикува на неименувани украински извори, цел на состанокот било зголемување на влијанието на Киев во Вашингтон, на тој начин што состанокот не би изгледал како куса средба, туку како „вистински разговор“.

Порошенко во тужбата наведува дека текстот е исклучително штетен, не само за неговата функција претседател на држава, туку и за неговата репутација како политичар и претприемач.

Тој бара од британската телевизија да ги демантира тврдењата и да исплати отштета за клевета.

притисни ентер