Македонско-австриски деловни средби

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Австрија, Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија организираат Македонско-австриски деловни средби.
Билатералните средби ќе се одржат во рамките на трговската мисија на Стопанската комора на Австрија, а како дел од делегацијата ќе бидат присутни и еминентни австриски бизнисмени со кои што македонските компании ќе имаат можност да остварат директни бизнис-средби.

Области понудени за соработка се: енергетски решенија и услуги во областа на фотоволтаиците и складирањето на енергија, проектирање и изведба на индустриски хали и челични конструкции, добавувачи на системи за преработка и пренесување на минерални суровини, како и за производство на бетонски постројки и транспортери за бетон, производство на првокласни сирења и системи за заштита од громови, за заштита од пренапојување, како и системи за заземјување, информираат од Стопанската комора на Македонија. /МИА

Како ќе се реши проблемот со извозот на земјоделски производи на Косово?

Времената рамка на Косово за повисоки царини од 30% за овошје и зеленчук предизвика хаос во регионот.

Петти ден земјоделците немаат каде да ги извезуваат своите производи. Извозот од ден во ден е се помал. Им се закануваат огромни штети.

В среда во Белград ресорните министри на земјите од регионот на итен состанок ќе бараат лек за проблемот. Најавија и контра-мерки. Македонија веќе испрати и допис до ЦЕФТА  и ЕУ потенцирајќи дека мерката е неаргументирана.

Во меѓувреме српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и порача на Приштина да се одлучи дали е или не е ЦЕФТА потписничка.

Косовската времена мерка ќе трае три месеци. Со неа, за 30% се зголемуваат царините за увезеното овошје и зеленчук. Опфаќа 21 сорта од земјоделските производи и важи за сите држави кои увезуваат во Косово.

Најпогодени, според министерството за земјоделство, се доматите, пиперките и сливите.

Иран: Најмалку 25 лица повредени во земјотресот

Најмалку 25 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер, кој денеска го погоди западен Иран, неколку часа откако два земјотреси ја потресоа јужната провинција Хормозган.

Гувернерот на западната провинција Керманшах, Хусанг Базванд, изјави дека 25 лица се повредени и дека, за среќа, нема информации за мртви.

Претходно денеска, јужниот дел на Иран беше погоден од земјотреси со јачина од 4,7 степени и 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Во тие потреси немаше повредени, а предизвикана е помала материјална штета.

притисни ентер