Спасовски се сретна со претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше средба со претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ Арлем Дезир, на која било истакнато дека медиумите се меѓу најважните столбови на едно демократско општество и затоа мора да се преземат сите неопходни мерки за новинарите да се чувствуваат безбедни и слободни да ја извршуваат својата работа.
Како што соопшти МВР, министерот Спасовски ја потенцира соработката на Министерството за внатрешни работи со здруженијата на новинарите и партнерскиот однос со новинарите и нивните здруженија со цел полесно да се решаваат евентуалните проблеми во иднина. Тој ја потенцира посветеноста на МВР за расчистување до крај на сите случаи со напади врз новинари кои се случија во минатото.

Спасовски го запознал Дезир со реформите во МВР и мерките кои се преземаат за целосно да се врати довербата на граѓаните во полицијата.

- Двајцата соговорници се согласија за интензивирање на и досега добрата соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и ОБСЕ, се наведува во соопштението од МВР. 

Американската „Dura Automotive Systems“ ќе отвори фабрика во Македонија

Американската компанија од автомобилска индустрија „ДУРА Аутомотив Системс“ ќе отвора фабрика во Бунарџик, соопштија од Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони.

Владата потпиша договор за долготраен закуп на градежно земјиште во ТИРЗ зоната.

Фабриката ќе се простира на површина од околу 16 илјади метри квадратни. Според најавите следното лето се очекува да започне со работа.

Иницијалното производство во Македонија ќе вклучува екстериерни алуминиумски лајсни и кровни носачи за европските производители на автомобили. Потенцијалното проширување би вклучило прототипско производство, дизајнирање и производство на алати и екструзија на алуминиум.

Се очекува да вработи околу 500 луѓе.

Компанијата е глобален снабдувач на оргинални компоненти за најреномираните производители на автомобили ширум светот.

Ова ќе биде нивна 37-ма локација во светот и 16-та во Европа.

Освен оваа за која вчера бил потпишан договорот - Владата неодамна се пофали дека е во разговори со 200 компании, од кои 30тина во завршна фаза на разговор.

Инаку во првиот квартал годинава влезени се 235 милиони евра директни странски инвестиици, што претставуваа најуспешен квартал од било кое тромесечие од последниве 10 години.

Вечерва „Млади за Македонија“ ќе протестираат против договорот со Грција

Вечерва е закажан протестен собир против договорот Грција, во организација на иницијативата „Млади за Македонија“.

Погледнете го целосниот извештај на нашата колешка Тамара Стојкова која е пред Собранието на Р:М. :

„Ербас“ ќе ја напушти Британија доколку не се постигне договор со ЕУ

Европскиот производител на авиони „Ербас“ предупреди дека ќе ги повлече инвестициите од Велика Британија, бидејќи стравува дека британската Влада може да ја напушти ЕУ, без да постигне договор за преодниот период по Брегзит.

Компанијата соопшти дека ги проценила ризиците поврзани со Брегзит.

Доколку земјата ги напушти „истовремено заедничкиот пазар и царинската унија, без преоден договор“, тоа ќе предизвика големи проблеми во нејзиното производство во Велика Британија и загуби од милијарди долари.

– Таквите сценарија ќе го принудат „Ербас“ да ги преразгледа инвестициите во Британија и својата долгорочна позиција во земјата, предупреди „Ербас“.

Компанијата има 25 објекти во Британија, каде произведува авионски крила. Во неа се вработени 14.000 лица на островот и уште 100.000 во нејзините филијали.

Велика Британија треба официјално да излезе од ЕУ на 28 март 2019 година.

притисни ентер