Еве како изгледа нехируршкото вампирско подигнување на гради (видео)

Откако Ким Кардашијан го промовираше третманот за разубавување и подмладување на лицето, и тоа со помош на сопствената крв, многу дами се одлучија да го направат истото.
Меѓутоа, науката не се запре тука, туку овој метод го прошири.

Принципот е ист како и за подмладувањето на лице, само што се работи за подигнување и разубавување на градите. После прегледот, докторот зема крв од вена, се одвојува плазмата, која потоа се збогатува со тромбоцити во посебен апарат.

Потоа таа истата крв се вбризгува во градите, а за да не дојде до појава на модринки, на градите, кратко време се држи кеса со мраз.

Фото: Викторија јавно се шегува со Дејвид:„Тато се бламира и лула “

Џет сет семејството Бекам ужива на одморот на Свети Стефан во Црна Гора.

Мама Викторија јавно се шегува со тато Дејвид кој вистински ужива во летните лудории со своите деца.

Модната икона го снима својот сопруг и го објавува на социјалните мрежи.

-Тато се бламира и лула , напиша Викторија Бекам под видеото на кое може да се види како Дејвид се лула на лебед на дување  покрај ѕидините на луксузниот Свети Стефан.

„Не е ни чудо што и децата побегнаа од него“ коментира мама Викторија Бекам.

Славниот фудбалер според фотографиите на социјалните мрежи  дефинитивно е воодушевен од црногорскиот полуостров и ужива со децата да го истражува.

Дејвид е „фатен“ од папараците и како вози скутер.

Фото: Руски „кортеж“ и американскиот „ѕвер“

Највлијателните светски политичари, претседателите на САД и Русија на самитот во Хелсинки ги покажаа своите луксузни црни лимузини.

Рускиот претседател Владимир Путин по прв пат надвор од Русија гја искористи својата нова лимузина „кортеж“.

Претседателот на САД пак Доналд Трамп  на средбата со својот руски колега во  финската метропола пристигна во својот Кадилак познат како „ѕвер“.

Фото- видео: Провокативни фотки на „жешката“ водителка на временска прогноза

Водителката на временска прогноза од Аргентина Сол Перез објави провокативни и „Жешки“ фотки на Инстаграм, на воодушевување на нејзините фанови.

Атрактивната Сол веќе долго време се фали со титулата најсексапилна водителка на светот.

Оваа титула Сол редовно ја оправдува на социјалните мрежи.

Сексапилната водителка е во состојба и од подготовката на појадокот  да направи еден секси спектакл, што да се каже пак за туширањето.

 

Verano Carlos Paz @lasobrideperez 🔥😍👑 #solnodamas

A post shared by sol perez👑 (@solperezperfect) on

притисни ентер