Фото: Ана Ивановиќ- Бременоста ме прави поженствена!!

Некогашната најдобра светска тенисерка, убавата Србинка Ана Ивановиќ е бремена. Сопругата на славниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер за медиумите зборуваше за промените низ кои во моментов минува.

-Телото ми се промени , но не во негативна смисла. Ми се допаѓа многу, станав многу по женствена, изјави за „Бунте“ убавата Ана Ивановиќ.
Со ова Ивановиќ алудира на својата бременост. Германските медиуми пак пишуваат дека поранешната тенисерка има многу причини за насмевка на лицето .



Според изгледот на Ана може да се заклучи дека таа вистински ужива во својата бременост.


Ана и покрај бременоста е чест гостин на разни елегантни случувања, каде може да се види во прекрасна вечерна и елегантна тоалета.
Неодамна Ана се појави на отворањето на еден бутик во Њујорк.

Газета: Конте тешко во Милан, тројца кандидати во преден план

По уште еден разочарувачки резултат во дербијата против Интер, јасно е дека Стефано Пиоли повеќе нема да биде тренер на Милан на крајот од сезоната. И тоа е можност медиумите да шпекулираат со различни кандидати.

Долго време како прв избор се споменуваше Антонио Конте. Наводно за него сериозно се залагал и Златан Ибрахимовиќ. Но, како што пишува „Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Интер, Јувентус, Челси, Тотенхем не изгледа како веројатна опција.

Според истиот весник, во моментов најсериозно се разгледуваат тројца кандидати. Во прашање се селекторот на Белгија, Доменико Тедеско, тренерот на Порто, Серхио Консеисао и Марко Розе.

Но, тоа не се единствените имиња во оптек. Како „втор ешалон“ кандидати сеспоменуваат и Кристоф Галтие и Марсело Гаљардо. /MИА

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

притисни ентер