Поранешна германска актерка го обвини Роман Полански за силување

За електронското издание на “Њујорк тајмс”, 61-годишната поранешна германска актерка Ренате Лангер тврди дека Полански ја силувал кога имала 15 години.
Тој наводно прво ја силувал во неговиот дом во Гштад, и потоа еден месец подоцна во Рим каде имала мала улога во неговиот филм „Che”.

Лангер е четврта жена што го обвинува Полански за сексуално насилство.

Според поранешната актерка, таа кажува што се случило сега, бидејќи не сакала нејзините родители тогаш да знаат за тоа, а од неодамна тие биле починати.

Според Њујорк тајмс, Лангер пријавила се во  швајцарската полиција, каде што сега ја испитуваат можноста за отпочнување на кривично дело.

Во Швајцарија не постои закон за истекување на рокови ако случајот е силување за малолетници, пишува весникот.

84-годишниот Полански е на листата на лица кои ги бара Интерпол од 1977 година, кога судот во САД го прогласи за виновен за заведување на Саманта Гејмер која во моментот на злосторството имала 13 години.

Режисерот  постигнал договор со истрагата и бил 42 дена во затвор.

Потоа бил ослободен, но судијата последователно го повикал обвинителството да го  побара Полански  за да биде осуден на 50 години затвор.

Режисерот потоа избегал во Европа.

Во септември 2009 година Полански, кој има полско и француско државјанство, беше задржан во швајцарскиот град Цирих по барање на американските власти.

По десет месеци домашен притвор режисерот беше ослободен со кауција од 4,5 милиони долари, а една година подоцна Министерството за правда на Швајцарија одлучи да го одбие барањето на САД за екстрадиција на Полански и конечно  го ослободи.

Во јануари 2015 година, САД испратија барање за екстрадиција на режисерот од Полска, но окружниот суд во Краков исто ја одби.

Во пресудата се наведува дека Полански веќе го издржал терминот што му бил наметнат во договорот со американската правда.

Италијански готвач открива како правилно се јаде пица

Постои начин на јадење на пица за кој италијанскиот готвач Стефано Цирен изјавува дека е единствениот вистински начин на консумација.

Додава и дека ретко кој јаде на таков начин.

Италијанците ова јадење го спремаат многу често и со многу внимание. Некој ја сече на триаголници, па со прсти го зема секое парче и грицка од врвот до корите.

Други пак ја сечат и ја јадат со виљушка, трети тргнуваат од средината, бидејќи не можат да го дочекаат најдобриот дел, па се побавно кон кората која на крајот ја оставаат.

Готвачот Стефано Цирен изјавува дека вистинскиот начин е да се преклопи еднаш, па уште еднаш и да се јаде како сендвич.

„Треба да ги стиснете рабовите на пицата, левата и десната страна да се преклопат. Пицата мора да биде мека, никако крцкава. Тоа е улична храна која се јаде во движење. На тој начин ја јадат луѓето во Неапол“ – објаснил за „Дејли меил“.

Авионот на Елвис Присли повторно на аукција

Авионот кој некогаш му припаѓал на Елвис Присли, а кој бил паркиран на пистата во Ново Мексико скоро четири децении, повторно е на продажба.

Елвис, како што се наведува, самиот ја дизајнирал внатрешноста на авионот.

Црвениот авион од 1962 година, нема мотор и неопходна е обновата на пилотската кабина, пренесува „АП“.

Сајтот за аукција „IronPlanet” објави дека авионот со седишта од црвен сомот и црвен тепих се враќа на продажба, откако моменталниот сопственик го купил минатата година за 430.000 долари.

Тврди дека спиела со милион мажи: Порано ми купуваа автомобили, а сега добивам само бакшиш

Триесет и двегодишната Кат Ли од Манчестер тврди дека во својот живот спиела со милион маж за пари.

Со проституција почнала да се занимава на 18 години, откако направила неколку разголени фотографии со својата сестра близначка.

„Имав повеќе од милион клиенти. Почнав уште како тинејџерка. Се започна кога јас и мојата сестра направивме сет разголени фотографии за еден магазин. Подоцна фотографот ни рече дека би биле добри за снимање на филмови, бидејќи сме близначки“ – раскажува таа за „Мирор“.

После скоро 15 години, Кат ја напуштила долгогодишната професија за да се занимава со хуманитарна работа, а воедно да работи и во еден локален паб.

„Чудно ми е бидејќи постојано размислувам како сум можела да работам еден час за 140 фунти, а денеска работам за седум фунти“  - изјавува таа.

„Кога бев ескорт ми купуваа автомобил и ми плаќаа летувања, а сега добивам само 20 отсто бакшиш“ – се пожалила Кат.

„Мојот типичен ден почнуваше во девет наутро. Луѓето го сакаа утрото бидејќи сакаа да се опуштат пред работат. Никогаш не знаев кога ќе биде најголемата гужва, но главно тоа беше навечер, околу 18 часот и во неделите околу 15 часот“ – тврди таа.

Клиентите ги делела на две групи – оние кои бараат друштво и кои спрема неа се однесувале како спрема девојче и оние кои биле агресивни.

„Еден доаѓаше само кога жена му одеше во шопинг, друг ми купуваше автомобили и ме водеше во Париз и Рим. Со него се чувствував како да сум Џулија Робертс“ – изјавува и додава дека во целата кариера имала само една потенцијално опасна ситуацијата кога клиентот ја нападнал и и ги земал парите.

 

притисни ентер