ДУИ со жестока реакција кон Беса за Кичево

ДУИ лути на Беса.. Во соопштение до медиумите од Мала Речица ја нападнаа Беса и Билал Касами.
По поттикнување на историската поделба на албанскиот глас на 11-ти декември и губењето на повеќе од девет албански пратеници, по негласањето на првиот претседател Албанец на Собранието на Република Македонија,по поттикнување на насилство во Собранието преку погрешно пеење на националната химна за да ги провоцира македонските демонстранти, по напуштање на собранието на 27 април,по негласањето за разрешување на државниот јавен обвинител. по, негласањето за ставање на дневен ред законот за јазиците,По одбивањето да седнат и да се договорат со другите албански политички партии,По одбивањето на заедничката декларација на албанските партии,.

Денес, движењето Беса и Касами заедно со експонатите на оваа партија уште еднаш се ставаат во служба на како што велат анти-националните сили, работејќи против единствениот албански кандидат во општина Кичево,. Фатмир Дехари, неподдржувајќи го него.

Ние бараме Албанците да се соединат, да се поддржуваат еден со друг, да излезат уште посилни и пообединети со цел да станат поважни., велат од ДУИ во соопштението

Прекин во снабдувањето со вода на дел од Гостивар

Гостиварското јавно комунално претпријатие „Комуналец“ за утре најави повеќечасовен прекин во снабдувањето со вода за пиење на дел од градското подрачје. 

Причината како што наведуваат од таму е санирање на дефект.

- Прекинот е заради изведување поправки на цевководот во близина железничката станица. Планирано е тој трае до пладне, односно до поправка и и негово оспособување. Во овој период дел од корисниците во градот кои се снабдуваат со вода од градскиот водовод, нема да добиваат вода, информираат од ЈП Комуналец.

Покрај тоа, за утре се планирани прекини во снабдувањето со вода за пиење на целото гостиварско подрачје.

- Тоа е планирано да почне од утринските часови. Прекините ќе бидат во функција на пробно пуштање во работа на пречистителната станица и подготовките за редовно снабдување со филтрирана вода. Од овие причини бараме разбирање од граѓаните, потенцираат од ЈП „Комуналец“.

Сончево, температура до 32 степени, попладне нестабилно

Времето претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност. 

Попладне облачноста ќе се зголемува главно во планинските региони на север и на запад, каде ќе има услови за краткотрајна нестабилност, некаде проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16,  дневната од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје претпладне сончево со мала локална облачност, а од пладневните часови и во Скопската котлина ќе се зголемува облачноста, која во планините ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Утринската температура ќе биде 14, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно и топло време, а во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови. Температурите нема многу да се менуваат, а ветерот ќе биде главно северен. /МИА

Традицонално искачување на Титов Врв

Традиционалното 37-мо искачување на „Титов Врв“ во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово по маркираната патека „Вакуф“ почна утрово во 6:30 часот од платото пред хотелот „Попова Шапка“.

Традиционалното 37-мо искачување на „Титов Врв“ во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово по маркираната патека „Вакуф“ почна утрово во 6:30 часот од платото пред хотелот „Попова Шапка“ и се очекува пешачењето до највисокиот врв на Шара да трае околу четири до 4,5 часа.

Патеката, велат организаторите, е средно тешка и има вкупна должина од 14 километри во еден правец и висинска разлика од 1.047 метри. Се движи по тревна површина, по каменит предел и е делумно покриена со снег.

- Патеката е маркирана со класична планинарска маркација, дополнета со знаменца. Сите учесници ќе бидат распоредени помеѓу челото и крајот на колоната, помеѓу кои ќе има водичи на клубовите кои носат видливи ознаки за препознавање (на ранците ќе имаат акредитации со ознака организатор), посочуваат организаторите.

По кратката пауза на врвот, додаваат, планинарите ќе се вратат на Попова Шапка, околку 14 часот каде ќе бидат посужени со чај од „Пријателите на Шара“со што настанот официјално ќе биде затворен.

За искачувањето е потребно да се користи стандардна планинарска опрема за движење во зимски услови. Исхраната е сопствена, индивидуално предвидена за планинарска тура до 10 часа. Секој од учесниците треба да биде во добра психофизичка кондиција. 

Оваа година се очекува бројот на искачени планинари да биде над 800.  За турата има пријавени панинари од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Косово, БиХ, Хрватска и Словенија. /МИА

притисни ентер