Ја оставил три дена пред венчавката, но свадба сепак имало!

Какво разочарување! Несудениот сопруг ја оставил на само три дена пред венчавката и во целост ја шокирал.
Триесетгодишната Карли Алекс од британскиот град Фавершам останала само после деветгодишна врска и закажана венчавка.

Шон ја оставил три дена пред венчавката, но не само неа туку и нивните две деца. Парот меѓусебно се обвинува за неверство, а подебелиот крај го извлекла Карли.

„Венчавката треба да биде најдобриот ден во животот, а кај мене е обратно. Не знам дали некогаш ќе можам целосно да го пребродам ова“ – изјавила Карли.

Сепак, таа се одлучила да покаже дека и останало нешто од достоинството, па до олтарот прошетала со своите деца.

Интересно е што тоа требало да биде двојна венчавка бидејќи и братот на Карли на ист ден сакал да го каже судбоносното “да“.

Родители преку суд го бркаат од дома нивниот 30 годишен син

Мајка и татко од Њујорк решиле по секоја цена да го избркаат од дома нивниот 30 годишен син и да го натераат да живее самостојно.

Кристина и Марк  го тужет синот Мајкл Ротондо поради тоа што не им плаќа кирија и не придонесува кон семејниот буџет иако има 30 години . Тие дури и му дале 1100 долари за да си замине од дома и да се смести на друго место .

Но, синот продолжил да живее со родителите. Мајката и таткото на неколку пати му испратиле и судски опомени за иселување , кои Мајкл ги игнорирал .

Кон крајот на месецот родителите ќе го дадат случајот на нивниот син на Врговниот суд и тоа на само неколку недели пред 31 роденден на нивниот син .

BMW почна со продажбата на серијата 2 Active/Gran Tourer и низ Европа (ФОТО)

BMW на почетокот на годината го претстави редизајнот на двата модела , кои во основната верзија се продадени во над 380 000 возила.

Редизајнираните возила стигнаа и во Европските салони . Надворешноста е стилски изменета со различна маска на ладилникот , на фаровите со нови лед светла и лед светла за магла , како и на браникот со поинакви отвори за воздух. Купувачите може да изберат и една од 13 бои со две нови нијанси  Jucaro Beige i Sunset Orange. Зголемена е и понудата на алу фелни со шест нови дизајнерски решенија во димензии од 16 и 19 инчи.

BMW од серијата 2 Active Tourer и  Gran Tourer за  2018. Се опремени со  BMW ConnectedDrive систем и најновата генерација iDriveмултимедијален систем со навигација , гласовни команди и унапреден интерфејс.

За прв пат во моделите од серијата 2 Active Tourer и Gran Tourer се достапни и со автоматизиран седмобрзински менувач со двојно квачило , а седмиот степен ан пренос овозможува економичност во возењето на долги патувања по автопат.

Покрај овој менувач, и натаму на располагање се шестобрзинскиот мануелен и осмостепениот автоматски. Вкупната комбинирана сила изнесува 224 кс , а максималниот момент на обрт 385 Nm.

Пејачка од Косово ќе го отвори Мундијалот во Русија

Химната на Светското првенство во фудбал ќе ја изведе Вил Смит , а ќе му се приклучат Колумбиецот Ники Џем и Косовката Ера Истрефи.

На Вил Смит ова ќе му биде потсетување на музичката кариера , која пред многу години ја земени со актерска. Според Билборд , песната ќе биде објавена на 25 мај , а продуцент е Дипло , кој стои зад најголемите минатогодишни хитови како ,,Lean On” и ,, Cold Water”.

Ники Џем е еден од најголемите Јужноамерикански ѕвезди , а неговиот последен хит X e предледан 800 милиони пати на Јутјуб.

Ера Исрефи се прослави со светскиот хит Bon Bon . Родена е во Приштаина , на Косово, во музичко семјство со мајка пејачка и татко новинар . И сестра и Нора се занимава со музика. Ера од 2015 има интернационална кариера со договори со Sony records , додека настапува со Ријана и Сиа.

Химната на Светските фудбалски првенства обично се изведува при отворањето или затворањето на натпреварите. Пред четири години на отворањето ја пееја Питбул и Џенифер Лопез , а во 2010 на затворањето ја испеа Шакира.

притисни ентер