Откриена големата тајна на Мерлин Монро

Во јавноста се појавија досега невидени фотографии од Мерлин Монро од 1960-тата година, на кои таа е бремена. Тоа е времето додека била во брак со Артур Милер, но наводно забременила од друг.

Се работи за фотографии направени за време на снимањето на филмот „The Misfits“. Тие биле во сопственост на пријателката на Мерлин Фрида Хол. Се тврди дека фотогрaфиите се доказ за бременоста на Мерлин Монро, која додека била во брак со Артур Милер, забременила од францускиот актер Ив Монтан! Ова е тајната на холивудската дива која таа не ја откри никогаш, а излегува на виделина 55 години по нејзината смрт!

Ова е една од тие фотографии.


Photo shows Marilyn Monroe with prominent bump

Но, набргу по фотографирањето, Мерлин завршила во болница каде останала 10 дена, колку што отсуствувала од снимањето на филмот. Го загубила бебето.

Оваа и другите фотогрaфии од тоа време беа продадени во ноември, на аукција во Холивуд, за околу 3 000 долари.


Six photos of legendary film icon Marilyn Monroe taken by her friend Frieda Hull on July 8, 1960, outside Fox Studios in New York


Фотогрaфиите на аукција ги дал Тони Мичелс, близок пријател на пријателката на Мерлин, Фрида Хол, која почина во 2014 година.


Тој вели дека Фрида категорично тврдела дека Мерлин тогаш била бремена со Ив Монтан.

- Таа ми ја кажа приказната зад овие фотографии - дека Мерлин била бремена од Ив Монтан. Тоа не беше претпоставка туку нешто во што беше сигурна. А дали навистина Мерлин била бремена - се гледа од фотографиите - вели Мичелс.



 Marilyn and sexy French actor Yves Montand didn't contain their lovemaking to onscreen





Според досега објавените податоци за нејзиниот личен живот, Мерлин Монро имала три абортуси и боледувала од ендометриоза.

Оние кои ја познавале велат дека сакала да има дете, повеќе од се.

Го загуби животот во 1962 година, на 36 години, но остана една од најголемите холивудски легенди за која се зборува и денеска, пет ипол децении по нејзината смрт.

/ извор: dailystar.co.uk

Мицкоски:Сакаат да заборавиме каков криминален Артаноиден режим станаа,што добро памтите од нив

Цел прв круг на претседателски избори слушаме се и сешто, повторно зборуваат за режим, сакаат да заборавиме дека се 6 и половина години на власт и видовме што направија.

Цел прв круг на претседателски избори слушаме се и сешто, повторно зборуваат за режим, сакаат да заборавиме дека се 6 и половина години на власт и видовме што направија, и каков криминален артаноиден режим тие станаа, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговиот говор на митингот во Охрид.

Мицкоски истакна дека ги гледаме како зборуваат за измислени теми на кои сами си поставуваат прашања и си одговараат, си креираат самите теми, затворени во меурот на сопствениот ментален склоп, отуѓени од народот мислат дека со истите трикови повторно народот ќе се излаже и ќе им поверува.

Шест и половина години се на власт, што добро паметите од нив, освен гафови, предавства и криминални афери? – прашува Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ни кажуваа дека Македонија била на маса со најсилните и тие ќе не бранат, заборавајќи да споменат дека по стандардот и живот не донесоа меѓу најсиромашните и најкорумпираните земји во светот, и дека сме рекордери по иселени лица во последниве 6 и половина години, како никогаш во историјата.

Ако од некој треба да не бранат најсилните, тоа е од корумпирани политичари како нив, а во тоа и тие веќе се уверени, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Ковачевски не кажува ниту еден збор за тоа што направиле како влада, не кажува ниту еден проект, мерка, реформа не кажува за инвестиции кои ги донеле, дека нема отчет.

Ништо не направија затоа што се заглавени со други приоритети, со крадење и местење тендери, еве да ви кажам јавна тајна е дека од тендерите во РЕК ДУИ и СДСМ делат 20 проценти од тие што го добиваат тендерот. Затоа нема отчет, затоа што единствениот отчет што може да го кажат е колку украле. Но доаѓа крајот на тоа. И ако мислат ќе им се прогледа низ прсти се лажат. А, во тоа ќе се уверат набргу, изјави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Охрид порача дека следува жесток одговор од народот на овие избори кон Артановци и Зечевиќи, им се ближи крајот.

„Ни говори Ковачевски дека имал успеси и дека се било добро и дека седеле една тивка ноќ со Стево сами и се договарале, па дури и Заев го видовме им дојде на помош со спотови. Но добро е што се заедно затоа што така со овие избори завршува една политичка етапа на корумпирани политичари кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и дозволија ДУИ да ја киднапира и украде Македонија од рацете на народот. Ветуваа живот за сите, но за жал во Македонија паметите, добивме уживање за Артановци и Зечевиќи во Македонија, а живот за сите други на раб на егзистенција тука или надвор од земјава“, порача Мицкоски.

Мицкоски рече дека со овие избори завршува една политичка етапа на корумпирани политичари кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и дозволија ДУИ да ја киднапира и украде Македонија од рацете на народот, се наведува во партиското соопштение.

Ковачевски:Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим,далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на вечерашниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија.

Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација, додаде тој.

ВМРО ДПМНЕ ќе го одолговлекуваат европскиот пат и за тоа ќе го обвинат Брисел, потенцирапе Ковачевски.

-ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.

Мицкоски: „Платформа 1198" е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас - без ни малку да те навредувам - се чувствувам повеќе син на втората моја мајка - Македонија, отколку на тебе, која си ме родила.

Те молам - во името пак на моите свети чувства кон тебе - да не жалиш, ни да плачеш за мене. Најдоволен ќе се чувствувам, ако ти со своето држење бидеш за пример на другите мајки и сопруги”, напиша Христо Узунов.

Но и многу други грамадни дејци од Охрид, Методија Патчев, Петар Чаулев, Протоѓеров, Кирил Прличев, Глигор Прличев, Ефтим Спространов, Леон Лев Огненов, Петре Пирузе Мајски, Андон Дуков... оставиле печат кој е безвременски.

Ова е град на непокорот, град од каде се раѓала и негувала македонската револуционерна мисла, град на идеали, вера, истрајност, еснафлук, култура, цивилизација. Од Св. Климент и Наум до Самоил, од Глигор Прличев до Петре Пирузе Мајски. Овде се создавала историја, затоа од овде секогаш почнуваме, поради славните охридски семејства и овој народ тука кој живеел славна историја, која до ден денес ни е патоказ како да ја чуваме и негуваме идејата во која веруваме, а идејата е Македонија!

Народот доаѓа по своето. Доаѓа по тоа што му е одземено. Доаѓа по Македонија. Да си ја врати во свои раце и да ги отпочне големите промени на свеста, на начинот на живот, на вредностите, со кои ќе покажеме на сите дека можеме, дека знаеме, дека си ја сакаме државата, дека не ја даваме, и дека ние сите заедно, сме силата на Македонија.

Го почнуваме ова наше финално патување на почетокот од пролетта. Кога природата се буди, кога сонцето почнува посилно да сјае.

ЕВЕ СМЕ! ЕВЕ СМЕ ОВДЕ ВО ОХРИД!

ПОСИЛНИ ОД БИЛО КОГА! СТОИМЕ ГОРДИ, ИСПРАВЕНИ. Обединети, сложни, со јасна заедничка цел!

ИДЕЈАТА НЕ МОЖАТ ДА ЈА УНИШТАТ. Нашата идеја се вика Македонија!

Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо - победуваме!

Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ!

Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени.

Но во нас мора да се роди повторно пркосот, не им ја даваме Македонија, не им ја даваме иднината, не им дозволуваме повеќе да си играат со нашите животи и да се коцкаат со животите на нашите деца.

Тргнавме и нема назад, доаѓа цунамито што ќе ги одвее од политичката сцена и ќе ги испрати во заборав на историјата. А историјата може само да ги забележи како лош период во кој заради нив се изгубила човечноста, се уништиле вредностите, се изгубил редот, се изгубила и понижила Македонија.

По ништо друго нема да ги памтиме. Ако ги слушате нив ќе помислите дека живееме во Елдорадо, и сите се среќни и богати, имаат изгубено контакт со реалноста.

Рекордери се во Европа по корупција и криминал, нема извештај што тоа не го потврдува, рекордери по сиромаштија и апатија, рекордери по инфлација, 600 илјади граѓани живеат со само 150 денари на ден, а македонската младина е најнесреќна во Европа. Граѓаните не си одат оттука, тие буквално бегаат од Македонија. И не само Македонците, сите, би рекол најмногу Албанците, затоа што и тие се разочарани од политиките на партијата која е рекордер по години на владеење во светот, ДУИ, и која истовремено на толку сторен криминал нема еден нивен член што е во затвор. Да не должам на темава да ви кажам. Ќе одговарате за се. Дебело ќе одговорате. Не е ова никаква закана. Ова е мое ветување, запаметете го добро. Ви повторувам, ќе одговарате за се што и направивте на Македонија.

Еден пријател Албанец со кого се знам долги години, сме семејни пријатели, ми вели некои имаат впечаток дека со ова што ВМРО-ДПМНЕ го напаѓа ДУИ му прави услуга на ДУИ и му го качува рејтингот. Јас му велам, не ги потценувај Албанците. Албанците се мудри и еснафи. Гледаат, знаат. И тие не се среќни во Македонија. И нивните деца и внуци си бегаат надвор. Сигурно не бегаат затоа што ДУИ добро владее. Напротив. Бегаат затоа што гледаат дека од ДУИ бел ден не можат да видат. Им пречи што се краде, а тие се секој ден се посиромашни, им пречи што Артан вози коли на фирми кои добиваат тендери по институциите, додека тие едвај врзуваат крај со крај, им пречи што нема учебници во училиштата затоа што фирма блиска до Артан зела тендер за печатење учебници и си поделиле пари, а книги нема. И на Албанците како и на Македонците им пречи што сите продукти во продавниците се поскапени до облаци. И имаме највисока инфлација во регионот. Од лидери во регионот станавме последна дупка овие 6 и половина години. Овие 6 и половина години се години на пропаст, и со право кај и да одиме луѓето, Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Бошњаците, Власите, буквално сите граѓани ни велат дека немаме држава, веќе ја немаме Македонија онаква каква што ја сакаме.

Власта на ДУИ со нивните пудлици од врвот на СДСМ ја уништија Македонија. И сега е моментот. Или народот ќе си ја врати во свои раце или целосно ќе се изгуби. И ние како генерација мора да разбереме дека ова тешка задача историска ни е доверена на нас. Ни доаѓа во наше време.

Проблемите не ги одбираат луѓето ни времето во кое доаѓаат. Сега дошле. И наша е одговорноста да ги решаваме и да направиме подобро.

Да има раст и развој, да има соживот, да има среќен и задоволен народ.

Ветуваа живот - го уништија животот на илјадници луѓе, ветуваа Европа, не заглавија во корумпирана држава без пасоши, ветуваа просперитет и благосостојба донесоа апатија и разочарувања.

Од толку многу скандали кои некогаш се и по два три дневно, не можеме веќе и да се сетиме на сите не може да се сетиме на сите глупости што ги направија, но ако не може да се сетиме не значи дека чувството на разочараност не напуштило или дека гневот што ја урнисаа државата ќе ни помине.

Сакам да зборувам малку за првиот дел од кампањата.

Сакам да нагласам неколку работи кои треба да си ги поставите како прашање пред да одлучите за кого ќе гласате.

1. Зошто Стево Пендаровски ниту еднаш не го спомена ДУИ за било што лошо во кампањата до сега? Јас ќе ви кажам. Уценет е. Го држат. Не смее да писне. И ако кажува дека не е корумпиран не верувајте во такви работи, ако не е корумпиран ќе зборува директно и отворено против ДУИ и против сите криминалци, а нема да калкулира како сега.

2. Зошто лидерот на СДСМ, Ковачевски не кажува ниту еден збор за тоа што направиле како влада до сега зошто не кажува ниту еден проект, мерка, реформа зошто не кажува за инвестиции кои ги донеле, и дали и како граѓаните живеат во државава чда дадат отчет што направиле, отчет нема! Затоа што ништо не направија затоа што се заглавени со други приоритети, со крадење и местење тендери, еве да ви кажам јавна тајна е дека од тендерите во РЕК ДУИ и СДСМ делат 20 проценти од тие што го добиваат тендерот. Затоа нема отчет, затоа што единствениот отчет што може да го кажат е колку украле. Но доаѓа крајот на тоа. И ако мислат ќе им се прогледа низ прсти се лажат. А, во тоа ќе се уверат набргу.

3. Цел прв круг на претседателски избори слушаме се и сешто, повторно зборуваа за режимот, сакаат да заборавиме дека се 6 и половина години на власт и видовме што направија, и каков криминален артаноиден режим тие станаа, зборуваат за измислени теми на кои сами си поставуваат прашања и си одговараат, си креираат самите теми, затворени во меурот на сопствениот ментален склоп, отуѓени од народот мислат дека со истите трикови повторно народот ќе се излаже и ќе им поверува. Шест и половина години се на власт, што добро паметите од нив, освен гафови, предавства и криминални афери?

4. Ни кажуваа дека Македонија била на маса со најсилните и тие ќе не бранат, заборавајќи да споменат дека по стандардот и живот не донесоа меѓу најсиромашните и најкорумпираните земји во светот, и дека сме рекордери по иселени лица во последниве 6 и половина години, како никогаш во историјата. Ако од некој треба да не бранат најсилните, тоа е од корумпирани политичари како нив, а во тоа и тие веќе се уверени.

5. Ни говори Ковачевски дека имал успеси и дека се било добро и дека седеле една тивка ноќ со Стево сами и се договарале, па дури и Заев го видовме им дојде на помош со спотови. Но добро е што се заедно затоа што така со овие избори завршува една политичка етапа на корумпирани политичари кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и дозволија ДУИ да ја киднапира и украде Македонија од рацете на народот. Ветуваа живот за сите, но за жал во Македонија паметите, добивме уживање за артановци и зечевци во Македонија, а живот за сите други на раб на егзистенција тука или надвор од земјава.

Ќе видите и во периодот што следува, се ќе прават, ќе измислуваат, само нема да збор да кажат за тоа што направиле за народот.

Сакам денеска пред вас да обзнанам едно сценарио, една завера која ја подготвуваат и со која си се лажат себе си дека ќе им успее.

А, тоа е, ќе имале СДСМ 28 пратеници, а албанските партии ќе добиеле 33 заедно и ќе правеле влада заедно, замислете каква багра е тоа, и како размислува за иднината на Македонија. Нив не ги интересира иднината на државата, туку иднината на нивните фотелји, нема откажување од фотелјите треба да им е слоганот. Дури и им ветувале на ДУИ дека наместо како до сега 50 проценти од државните институции, СДСМ би се задоволиле со 30 проценти, а ДУИ и останатите партии да преземат се до 70 проценти.

Затоа ве повикувам во што е можно поголем број да излезете и да им кажете што мислите за ваквите нивни сценарија, да има покажеме сите заедно што е и колкава е силата на Македонија и да ги испратиме на буништето на историјата каде што заслужуваат. Излезете на избори и гласајте.

И се обраќам на сите Македонци гласајте за нас нема да ве изневериме.

До Албанците, гласајте за нас, ќе живеете подобро од сега, ќе работиме заедно за соживот и развој на Македонија.

Се обраќам до Турците, секогаш сте ја поддржувале независна и самостојна Македонија, и со нас сте биле во сите наши победи и порази овие 30 години, и сега можеме заедно и ќе направиме повеќе.

До Ромите, заедно да се бориме против сиромаштијата, да направиме нови победи и успеси за нашата иднина.

Сакам да се обратам до Србите во Македонија споделуваме заеднички грижи и се бориме за заеднички вредности. Македонија е наша заедничка земја и вие сте потребни во оваа наша борба.

До Власите секогаш заедно со нас сте ги воделе сите битки, така е и овој пат. И ќе победиме. Ќе победиме сите заедно.

До Бошњаците мораме да изградиме општество на здрави темели, подаваме рака, и вие тоа го прифаќате. Дојдете со нас, за да имаме заедничка иднина.

И до сите останати. До христијани, муслимани, евреи, бидете со нас, ние ќе ви бидеме вашата потпора и грб, и со нас ќе ви биде подобро, ќе има работа, ќе има реформи и подобар живот.

Сакам да им се обратам на членовите на СДСМ... Знам дека постојат разлики меѓу нас, дека имате дилеми, дека можеби имате и стравувања, јас ве охрабрувам, сите сме граѓани на ова земја, и нема влакно да ви фали, ќе работиме заедно со вас, ќе ги искористиме сите потенцијали на ова држава за да живееме подобро, затоа што се отселуваат и ваши и наши пријатели и роднини, затоа што и наши и ваши деца се разочаруваат од државата. . . ајде да се обединиме и да ги направиме горди, да кажат нашите родители беа генерацијата која ги запре поделбите по партиска основа и ги мобилизираше сите во функција на развој на државата... ви ветувам можете да се потпрете на нас. Гледате каква е ситуација и што се случува. Знам дека и вие се срамите од ова што се случува. Има многу од вас, дури и чесни функционери кои ми пристапуваат, и секогаш кај мене ќе имате отворена врата. . . ќе чекориме напред заедно напред. Јас ви го ветувам тоа.

На овие избори, браќа и сестри, претставуваме светилник на надежта, сериозна, најдобра изборна програма досега, која ја нарековме „Платформа 1198“, план кој содржи 1198 проекти.

Во оваа програма се обврзуваме на раст на БДП до 5% годишно. Ниска стапка на инфлација не повеќе од 2,0 - 2,5% годишно. Намалување на невработеноста до 7,5% и отворање на нови 55 илјади работни места.

Секое дете да има место во градинка. Реорганизација на министерствата и институциите, намалување на бројот на функционери членови на управни и надзорни одбори. До 800 милиони евра за македонското земјоделство, гарантиран откуп, гарантирана цена, обнова на водоснабдителните системи. Инвестиции во инфраструктурата од над 2 милијарди евра за 4 години.

Формирање на посебен фонд за врвна наука и конечно одговорност и фронт против корупцијата, прочешлување на имотот на судиите, обвинителите и функционерите.

Мора да ја создадеме надежта.

Таа е најважна и таа произлегува од борбата со проблемите.

Почитувани пријатели,

Би сакал денеска на овој митинг, во овој за мене посебен град, кој многу го сакам, да истакнам една важна работа, која чувствувам дека токму тука треба да ја кажам. Сакам да испратам до целата јавност важна порака....

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО- демократска партија за македонско национално единство.

Тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО И континуитетот на кој се повикуваме како идеја и организација која ја славиме и која е нераскинлив дел од македонското национално движење и можеби најзначајна за македонскиот национален идентитет, туку истовремено и поради обврската и одговорноста која и вториот дел од името ја носи со себе. Долго време таа обврска и одговорност како да се одбегнуваше, некогаш занемаруваше.

Никогаш, впрочем, не било важно како сега да се случи обединување, да се обезбеди национално единство.

Сакам да успеам во тоа. Мојата прва иницијатива за обезбедување на македонско национално единство ќе ја започнам со тоа што сакам да обзнанам мораториум во нападите кон партите Левица и Знам. Ова го чувствувам како потреба на македонскиот народ но, и како моја обврска да се обидам да ја реализирам идејата за национално единство во моменти кога таа и е најпотребна на Македонија.

Со Левица и Знам имаме свои разлики. По повеќе прашања и од идеолошка но и од принципиелна природа, но ценам дека во моментов најклучно за иднината на земјата е да се фокусираме на оние кои ја киднапираа Македонија од рацете на граѓаните. Разидувањата сигурно ќе продолжат, но мора да наоѓаме заеднички јазик без разлика на лични и партиски суети и интереси. Од нив не очекувам да го направат истото. Дури можеби и ќе ме нападнат за овој гест, можеби некои оправдано ќе кажат дека задоцнет, но и покрај тоа, како и да се однесуваат споменатите партии, ние како партија ќе опстоиме на нашиот збор.

Македонија мора да се обединува по сите основи, за тоа да се случи мора да се почне од некаде, и нема подобар период од тоа тој процес да започне токму сега и токму од нас. И ова нема никаква врска со можни изборни коалиции или комбинаторики, ние очекуваме историски резултат и историски највисока победа, и за тоа се свесни дури и нашите политички противници без разлика што мораат како што самите викаат дека не се откажуваат од нивната иднина, попрецизно ќе беше нема откажување од својата фотелја.

Драги браќа и сестри,

Охридскиот војвода Узунов напиша во неговото писмо пред последниот здив даден во жестоката борба против поробителот - мојот последен совет до сите другари е да бидат искрени кон делото сите оние коишто му служат, зашто само искреноста и често срдечноста ја издигнале внатрешната организација...Нашата идеја ќе биде постигната, ете зошто ќе умрам спокоен, со чиста совест пред законите на нашата света Организација.

Христо Узунов е светол пример на лојалност, храброст и саможртва за слободата која денес ја живееме. Тој на само 27 години влегува во сопствената смрт оставајќи печат дека кога човека верува непоколебливо во нешто што е толку скапоцено, како сопствената татковина, тогаш е подготвен да ја плати секоја цена. Кога ова го гледаме, денес и кога Македонија е одземена, цената која ние денес треба да платиме е излегување на избори, со масовна присутност и мобилизација да победат стегите на криминалот, апатијата и назадувањето и со гласачко ливче и пенкало да се реши работата.

Затоа ви велам визијата „Македонија повторно твоја“ е Македонија во која веруваш, и која ја сакаш и ја заслужуваш.

И имам една порака до сите кои мислат дека Македонија е ничија, кои мислат дека ќе отстапиме.... сетете се на народот кога зборува и гласно пее...

Само една има вистина

има една Македонија

делете ја, парчете ја

пак ќе биде наша најмила....

Македонци наглас запејте

македонско оро играјте

мајка мила спомнете ја

жива била Македонија.

Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.

Победа!!! - нека ечи од сите краеви на татковината. Народот е на нозе. Надежта која ја создаваме е нашата енергија со која ќе ги промениме работите кои му тежат на овој народ. И ако некој се прашува ова се избори пред се за вас, за вашите семејства и заедничката иднина.

Да покажеме заедно дека силата на Македонија е во нас, во сите нас заедно, и да бидеме пример на сите идни генерации.

Државата е твоја и време е да си ја вратиш во свои раце!

Македонија повторно твоја!

Промените во твои раце

Да сте здрави и живи.

Бог да го благослови Охрид и благословена од бога да е нашата Македонија!, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

притисни ентер