Заев: Прифатливо се што е во рамки на Уставот

Претседателот на СДСМ Зоран Зоран Заев коментирајќи ги материјалите што ги добиле синоќа од ДУИ од каде бараат потписи за мандат за формирање влада, нагласи дека е прифатливо се што е во рамките на Уставот и практична потреба на граѓаните од албанската заедница имајќи го предвид и аспектот на потребата на граѓаните од другите малцински заедници.
Прашан дали СДСМ од ДУИ добиле нов предлог закон за употреба на јазиците или само забелешки на законот којшто тие го подготвиле, Заев рече дека материјалите стасале доцна синоќа, лично не ги видел, но оти нивни работни групи ги разгледуваат и ќе излезат со одговор во најбрзо време.

- За нас е се прифатливо што е во рамките на Уставот и сето она кое што претставува практична потреба на граѓаните од албанската заедница секако имајќи го предвид и аспектот на потребата на граѓаните од другите малцински заедници. Тие две рамки уставно да биде издржано и одржливо и практична потреба на граѓаните сето тоа ја претставува рамката на разговорите и јас верувам дека ќе успееме да најдеме решение, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања, на одбележувањето 95 години коморско организирање во Македонија.

Заев рече дека верува оти ќе се изнајде решение со, како што посочи, вака широко поставени рамки исправени со концептот „Едно општество за сите“.

- Првата работа која што ја гледаме при вакви договарања е Уставот, дали е во рамки на Уставот и втората работа дали е вистинска практична потреба на граѓаните, да не биде само хир, да не биде нешто кое што е само политизација. Конечно да ги решиме овие работи за да можеме да продолжиме понатаму, изјави Заев.

Според Заев, можно да се изнајде брзо решение и час поскоро да се добијат потписите со што би се влегло во уставната рамка за 20 дена за составување влада. Причина повеќе да се забрзаат одлуките од политичките субјекти кои разговараат, посочи Заев, се и локалните избори со оглед на роковите за нивно распишување.

- Не знам како толкуваат уставните експерти и правниците, 70 до 90 дена е рокот за распишување на локалните избори. Ако тоа е првата половина на мај, 7 или 14 мај, тогаш роковите се наближуваат, тоа е 4 март, а веќе е крајот на февруари за решение за распишување на изборите, изјави Заев. 

На 29 и 30 јуни ќе се одржи 44. Фестивал „Пеце Атанасовски“

 На 29 и 30 јуни во Прилеп и на Рудина кај Долнени ќе се одржи 44 издание на Меѓународниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

Реши Управниот одбор на Фестивалот на денешната седница што се одржа во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. Годинава се очекува да учествуваат околу 250 изведувачи на изворен мелос од цела Македонија.

Претходно, од 25. до 29 јуни ќе се одржи и Семинарот за изучување на народни инструменти и песни.

Според уметничкиот директор и селектор на Фестивалот професор д-р Родна Величковска, во тек е селекцијата на учесниците од целава земја. Интересот и годинава за учество е огромен.

- Имаме огромен интерес и многу талентирани изведувачи на изворни инструменти и песни од сите краишта на земјава. Нашиот фолклор е вистинско богатство. Талентираните народни музичари ги има од сите генерации, од најмлади до најстари. Секоја година, а и овој пат, ни е тешко да го направиме изборот. Очекуваме околу 250 учесници на Фестивалот и покрај намалените средства за оваа година, рече Величковска.

Секретарот на фестивалот Златко Лашкоски вели дека како најреномирана и единствена од ваков вид манифестација во земјава, и годинава ќе го одржи високото реноме и покрај драстично намалените средства.

- Овој фестивал е единствен од ваков вид кој повеќе од четири децении ги негува основните цели - зачувување и негување, како и пренесување на новите генерации на богатото, вековно, национално изворно творештво. Не ретко сме се соочувале со скромни услови и средства, но сме излегувале на крај без да се доведува во прашање реномето и високиот квалитет на изведувачите на изворниот мелос. Годинава средствата од Министерството за култура се за 40 отсто помали, но ние, малку ќе ја збиеме програмата, ама квалитетот безусловно останува. Задоволство е да напоменам дека ја имаме и целосната поддршка на локалните самоуправи на Прилеп и на Долнени, изјави Лашкоски.

Управниот одбор на фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ на денешната седница ја утврди програмата. Официјално ќе биде отворен на 29 јуни на камената бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп. По отворањето ќе настапат изведувачи на изворни инструменти (гајда, тапан, кавал, кемане) и на изворни песни од Југозападниот дел на Македонија. В сабота, на 30 јуни, на Рудина кај Долнени ќе настапат изведувачи од целата земја. Фестивалот ќе ги прогласи и ќе ги награди најдобрите изведувачи и ќе ги додели Гран при наградата за најдобар целосен настап и гајдата на „Пеце Атанасовски“ за најдобриот гајдаџија што ја доделува општина Долнени.

Од 25 до 29 јуни во Спомен куќата на Фестивалот која е и етно-музеј во Долнени, ќе се одржи веќе традиционалниот семинар за изучување на изворни инструменти и песни. Семинарот ќе го држат етномузикологот д-р Родна Величковска и фолклористот м-р Горан Василески.

- На семинарот ќе учествуваат над 10 млади, вљубеници во изворниот мелос. Ќе се обидеме да им ги пренесеме тајните за тоа како се свири на изворните инструменти и што е најважното во изведувањето на изворните песни. Ова мора да го одржуваме, има интерес кај младите генерации за пренесување и зачувување на долговековната македонска фолклорна традиција, вели Василески.

РСБСП: Почитување на правилата и повисока сообраќајна култура, за поголема безбедност на велосипедистите и мотоциклистите

РСБСП апелира до возачите на моторни возила да ја намалат брзината, да бидат внимателни и одговорни учесници во сообраќајот, правилно да престигнуваат и да ги почитуваат велосипедистите и мотоциклистите како рамноправни учесници во сообраќајот.&nb

Воедно, им препорачува на мотоциклистите и велосипедистите да бидат максимално одговорни во сообраќајот и максимално да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и додаваат дека постојано расте бројот на велосипедисти и мотоциклисти – учесници во сообраќајот.

- Велосипедистите и мотоциклистите и понатаму остануваат најранливи групи на учесници во сообраќајот. Ако се земе во предвид делот од сообраќајот кој им припаѓа ним и нивното учеството во вкупниот број на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди ќе заклучиме дека број на загинати и повредени велосипедисти и мотоциклисти во сообраќајни незгоди е несразмерно висок во однос на тоа во колкав дел од сообраќајот тие учествуваат, велат од РСБСП.

Факт е, додаваат, дека и велосипедистите и мотоциклистите се помалку заштитени во споредба со другите возачи на моторни возила и со самото тоа и повеќе се изложени на ризик и опасности во сообраќајот, но исто така факт е и дека несоодветната сообраќајна инфраструктура, несовесните возачи и ниското ниво на сообраќајна култура значително ја влошува безбедноста на велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот.

- Единствено со меѓусебно почитување и толеранција од сите учесници во сообраќајот, со максимално почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот, може да се намали бројот на настрадани велосипедисти и мотоциклисти во сообраќајни незгоди, односно да се намали вкупниот број на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди. Затоа РСБСП уште еднаш повикува на одговорно учество во сообраќајот како редовна обврска на секој учесник во сообраќајот, потенцират од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата . 

Арачиновец истрелал проектил кон соселанец поради тоа што ја раскинал веридбата со ќерка му

Жител на скопското село Арачиново, И.В. вчера на ул „18“ застанал со моторното возило „Фиат Пунто“ кое го управувал и со пиштол испукал проектил кон А.С.(31), кој со возило бил пренесен во Клиниката по хирушки болести „Св.Наум Охридски“.

Му биле констатирани тешки телесни повреди (прострелна рана во пределот на долниот дел од абдоменот). МВР информира дека причина за настанот, според првичните сознанија, било тоа што А.С. ја раскинал веридбата со ќерката на И.В. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистувањ е на настанот. 

притисни ентер