Стопанска комора: Алармантна состојбата во металската индустрија

Редуцирано е производството во металската индустрија, а значителен пад, од речиси една третина, бележи и извозот.

Тоа, како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, ќе се одрази врз вработените.

Според претседателот на Здружението на металургијата Митко Кочовски, лани, заклучно со ноември, производството на руди и метали евидентира пад од осум отсто, а само на метали 11 проценти.

- Бројките се поразителни. Само во ноември 2016 производството на основни метали е намалено за 20 отсто во однос на истиот месец 2015 година. Значително е намален и извозот, 26 проценти или безмалку една третина. Во периодот јануари - октомври бил 384 милиони долари за разлика од реализираните 519 милиони во истиот период 2015. Нормално, ова намалување на производството и на извозот, повлекува намалување и на вработените, истакна Кочовски.

Негова оценка е дека покрај светските прилики кои силно влијаат на металската индустрија, состојбата дополнително ја усложнуваат и одредени внатрешни системски решенија. -Сака ли државата да има индустрија за метали? Не бараме непринципиелна поддршка, некој да ни ги реши проблемите внатре, туку јасна визија за тоа каде ќе се движи секторот. Да се изготви студија по примерот на долгорочните стратегии за енергетскиот сектор, да се решат проблемите со сопственоста на земјиштето кое се води како општествено и да се реши водоснабдувањето, напомена Кочовски.

Осврнувајќи се на состојбите по комбинати, информира дека производството на Фени е преполовено, Макстил работи со половина капацитет, Бучим не го прекинува производството зашто двојно ќе го чини ако треба да рестартира, а Арчелор митал е за нијанса подобар. Исклучително незавидна, додаде, е и ситуацијата со леарниците.

- Во Дојран стил моментно се реализира инвестиција која ќе овозможи зголемување на производството. Нешто подобра е ситуацијата и во двете фабрики за цевки, во Куманово и во Кавадарци, посочи претседателот на Здружението.

И покрај уверувањата од надлежните дека ќе бидат сериозно разгледани и решени проблемите во металургијата со пакет мерки, од тоа, потенцира Кочовски, брзо се отстапи и се се претвори во јалова дискусија.

Тој укажа и на проблемите со еколошките дозволи, подвлекувајќи дека и кога капацитетите не работат загадувањето е многу високо, како и со немањето доволно стручен кадар.

Митрески - Бомгартнер: Македонија и Франција имаат одлични односи

Македонија и Франција имаат одлични односи, меѓусебната соработка и поддршка ќе се продлабочат.

Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска остварил средба со aмбасадорот на Француската Република во Република Македонија, Сирил Бомгартнер, соопшти собраниската прес-служба.

Изразувајќи задоволство од одржувањето на средбата, претседателот Митрески ја констатирал одличната соработка меѓу двете држави и особено соработката на парламентарен план.

Амбасадорот Бомгартнер, честитајќи му го изборот за претседател на Собранието, се согласил со констатациите за интензивираната динамика на меѓусебна соработка. Во тој контекст, ги поздравил средбите на парламентарци од Собранието на Република Македонија и Националното собрание и Сенатот на Француската Република во изминатите години, како позитивен тренд кој треба да продолжи и во иднина.

Амбасадорот Бомгартнер, како што стои во соопштението, информирал за претстојната посета на претседателката на Групата за пријателство од Лилијана Танги на земјата, како дел од набљудувачката мисија на ОБСЕ за претстојните претседателски и парламентарни избори.

- Беше посебно поздравено одржувањето на втората едукативна активност во Собранието „Имам став-Млад франкофонски парламент”, во рамките на одбележувањето на месецот март - месец на Франкофонијата, еден исклучителен настан и манифестација која полека прераснува во една убава собраниска традиција, се вели во соопштението од Собранието.

Двајцата соговорници размениле мислења за актуелните собраниски активности, текот на изборите и конституирањето на новиот парламентарен состав. Била изразена општа согласност за потребата од унапредувањето на соработката во доменот на културата, економијата, енергетиката и други области од взаемен интерес за двете земји.

Руското обвинителство побара Ала Пугачева да биде прогласена за странски агент

Руското обвинителство денеска побара од Министерството за правда да ја прогласи Ала Пугачева за „странски агент“, пренесуваат  агенциите.

Претходно во Русија имаше извештаи во медиумите дека властите подготвуваат ваков потег против иконата на советската поп музика, која се изјасни против војната против Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков утринава изјави дека нема официјални информации во врска со ова прашање.

„Фокс њуз“: Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава американскиот телевизиски канал „Фокс њуз“.

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, и до која Фокс њуз имаше пристап, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.

Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс наведува дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина, вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.

Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја, поради што понекогаш се појавуваат различни бројки за американската помош за Киев. /МИА

притисни ентер