Зошто Кинезите јадат со стапчиња?

Сигурно сте се запрашале зошто Кинезите јадат со стапчиња. Објаснувањето би можело да ве изненади.
За настанувањето на стапчињата кои Кинезите, но и другите азиски народи ги користат во текот на јадењето, постојат многу легенди, но всушност вистинското објаснување се крие во кинеските обичаи.

Стапчињата како прибор за јадење за прв пат се појавиле во текот на династијата Шанг, меѓу XVI и XI век пред новата ера.

Од евтина изработка и лесни за ракување брзо се распространиле низ Кина, а потоа и на поголемиот дел на Азија.

„Употребата на стапчињата е секако израз на префинетост“ – смета францускиот социолог и антрополог Жан Пјер Пулен, автор на “Речникот на прехранбената култура“, за разлика од некогашните европски трпези каде прехранбените продукти се сечени со оружје за да се истакне начинот на кој аристократијата ја приграбила власта во државата, а тоа е насилството.

„Во Кина од друга страна, напредувањето на општествената скала се остварувало со изучување математика и поезија. На ладното оружје – ножевите и вилушките, местото не им било на масата. Целото “насилство“ се задржувало во кујната каде продуктите се сечат, не само од практични причини, туку и за да не се послужи големо парче месо кое гостинот би го потсетило на убиеното животно – додава Пулен.

„Користењето на стапчињата упатува на благост и  добронамерност“ – наведува Пулен во изјава за „Франс антер“, 

Според една легенда, стапчињата ги измислил првиот кинески цар, Ју Велики, кој од страв дека ќе биде убиен забранил употреба на ножеви и вилушки.

„Во една прилика бил толку гладен што не можел да почека јадењето да се излади па откорнал две гранки со кои се послужил како клешта“ – додава Пулен.

Иако сите историчари не се согласуваат околу потеклото на стапчињата, едно е сигурно - многу се корисни за оние што редовно ги употребуваат.

Имено, со нивното ракување се покренуваат повеќе од 30 зглобови и 50 мускули на прстите, дланките и рацете.

Фабрика на Форд ги симулира сите временски услови

Кога произведувате автомобили тие мораат да ги исполнат временски услови во различните делови на светот.

Американскиот автомобилски гигант Форд оди чекор напред со својата нова фабрика во Келн за тестирање на автомобили во различни временски услови.

Овој погон нема да биде идентична замена за Антартикот или „пеколот“ на Долината на смртта , но е пристојна алтернатива.  

Фабриката поседува воздушен тунел, способен да симулира силни врнежи од снег на надморска височина од 5200 метри, што е висината на која се наоѓа базниот камп на северниот дел на кровот на светот Монт Еверст.

Во погонот се симулираат и различни временски услови и температура од – 4- до + 55 степени Целзиусови, а може да произведе и влажност на воздухот од 95 проценти. Во исто време може да се тестираат десет автомобили.

Форд во оваа фабрика во Келн ќе ги тестира своите автомобили на  безбедност, издржливост, удобност, електрични перформанси, запирање, греење на кабината и клима.

Скокнал пред камион кој брзо возел по автопатот (видео)

Саудиецот, кој стана хит на социјалните мрежи, откако беше снимен како скока пред камион, уапсен е неколку часа подоцна.

Неименуваниот маж стоел во багажникот на автомобилот паркиран покрај патот, а потоа скокнал пред камионот.

Возачот успеал да го заобиколи, делумно преминувајќи во другата лента.

Саудиецот поминал без повреди, но неколку часа подоцна е лишен од слобода.

Од полицијата е соопштено дека станува збор за тинејџер кој го загрозил својот живот и животите на останатите учесници во сообраќајот и поради тоа ќе биде санкциониран.
 

Скандал по кралската венчавка- братучедот на војвотката Меган фатен со нож

Братучедот на војвотката од Сасекс , Меган вечерта по кралската венчавка бил фатен со нож во дискотека во Лондон.

Братучедот на војвотката од Сасекс , Меган , Тајлер Дули бил фатен од полицијата вооружен со нож во ноќен клуб во Лондон. Тој избегал од обезбедувањето , но полицијата го нашла во хотел , каде на полицајците им предал и бибер спреј.

Рекол дека ножот и спрејот му биле потребни за самоодбрана. Полицијата го потврдила инцидентот и според соопштението од Скотланд Јард , братучедот на Меган поминал со предупредување ,

Инаку , Тајлер Дули поседува плантажа за производство на марихуана во американската држава Орегон.

притисни ентер