Во семејна куќа во Шипковица полицијата пронајде 51 непознато зелено растение

При претресот во домот и помошен објект на З.Р.(73) во Шипковица синоќа се пронајдени 46 вреќи со земја во кои имало 51 непознато зелено растение со височина помеѓу 10 и 15 сантиметри, 150 пластични чаши од јогурт наполнети со ситна земја, од кои во пет имало изникнати непознати зелени растенија со височина од околу три сантиметри, како и пластична кутија со непознат растителен семенски материјал, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Како осомничен дека ги одгледувал растенијата е синот на сопственикот Х.Р.(42) кој засега не е пронајден и по кого се трага. Претресот бил реализиран во консултација и координација со јавен обвинител, а растенијата биле пронајдени во помошен објект до куќата и балконот од третиот кат во куќата што ја користел Х.Р.

- Сето пронајдено е фотодокументирано и со потврда е одземено за вештачење. Х.Р. вчеравечер бил пријавен дека претходно  во алкохолизирана состојба извршил семејно насилство врз неговите родители, а се сомничи дека и веднаш потоа ја запалил нивната плевна со добиточна храна, рече Јосифовски. 

Министерот Никола Димитров се сретна со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во Њујорк, оствари средба со Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Според соопштението на МНР ,на средбата се разговарало за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на ООН.

МИнистетот Димитров изјави : „Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор”.

Димитров, во седиштето на ООН во Њујорк имаше средба и со Розмари А. Дикарло, Потсекретар за политички прашања во ОН, на која беше реафирмирана посветеноста на Република Македонија кон европските и евро-атлантските интеграции.  

„Созревањето на Република Македонија и решителноста за градење европска демократија е вистинска шанса за демократски пробив во Европа.”, рече Димитров по средбата. 

Загинати и повредени во силна експлозија во склад за пиротехника (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина и уште 27 се повредени во силна експлозија во склад за пиротехника во Шпанија.

Експлозијата настанала во илегален склад за пиротехника на северзапад на земјата , во близина на градот Туи. Полицијата соопштува дека експлозијата била толку силна што се искршиле прозорците на сите објекти во радиус од три километри.

На терен се бројни спасувачки служби , кои бараат преживеани во урнатините. Градобначалникјот на Туи , Васкез Падин изјави дека складот се наоѓал во куќа , која е целосно разорена.

Судот му забрани на Трамп да блокира на Твитер

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе нема да смее да ги блокира корисниците на Твитер.

Федералниот судија во Њујорк , Наоми Рејс Бучвалд донесе одлука Американскиот претседател Доналд Трамп да не смее веќе да ги блокира корисниците на социјалната мрежа Твитер.

Според одлуката на судијката со таквиот потег Трамп го загрозува нивното право на слобода на говор , пропишано во Првиот амандман од Уставот на САД. Одлуката е донесена како резултат на тужбата , која во јули минатата година против Трамп ја поднесе Институтот на Универзитетот Колумбија , кој се занимава со проучување на примената на Првиот амандман на Уставот на САД .

На Институтот во тужбата му се приклулија и неколку корисници на Твитер , кои биле блокирани од претседателот Трамп по коментарите што ги објавиле на неговите објави.

притисни ентер