Рестораните по патиштата, бензинските, аеродромите, ќе работат 24 часа

- Рестораните и кафетериите покрај патиштата, на бензинските пумпи, аеродромите, автобуските станици и граничните премини ќе работат 24 часа, а не ограничено како досега, предвидуваат измените на Законот за угостителска дејност кои денеска го поминаа првото читање пред собраниската Комисија за економски прашања.


Членовите на Комисијата едногласно го поддржаа владиниот предлог со оценка дека ќе го стимулира угостителството надвор од градовите и населените места, но и транзитниот туризам.

- Ова е мала, но многу битна измена со која значително ќе им помогнеме на угостителите посебно во летните периоди кога низ Македонија транзитираат многу туристи, нагласи заменик министерот за економија Христијан Делев, образложувајќи го текстот.

Поздравувајќи го ваквото решение, претседателот на Комисијата Љупчо Димовски истакна дека една од придобивките ќе биде и можноста за отворање нови работни места и остварување поголем прилив на средства.

- Сега секој добронаменер турист од Куманово до Гевгелија ќе може да се освежи во кое било време, рече Димовски.

Според Владанка Авировиќ од Социјалистичка партија, со измените не само што се корегира досегашниот пропуст, туку и се усогласуваме со праксата во Европа каде работното време на угостителските објекти покрај патиштата, бензинските,... е 24 часа.

- Исто така, мора да се земе предвид дека за нас туристичката сезона е многу битна и не ретко, туристите кои застануваат да наполнат бензин, не можат да седнат, да каснат, да се одморат со кафе или да си купат каква било ситница, напомена Авировиќ.

За Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ, измените ќе овозможат туристите да ја сменат сликата за Македонија како транзитна дестинација.

- Досега, приходот од транзитните туристи беа само патарините. Но, веќе се менува сликата за Македонија, изградени се повеќе угостителски објекти. На пример во Гевгелија, долж Коридорот 10 има пет бензински станици, сите со угостителски објекти и ресторани, а се гради и уште една, посочи Цуклев, додавајќи дека веќе се издадени и локациите на патот Демир Капија - Смоквица, исто така за изградба на угостителски и туристички објекти.
Со измените се намалуваат и глобите за прекршок на физичко лице, од досегашните 3.000 - 4.000 евра на 200.

Комисијата за економски прашања на седницата ги поддржа и дополнувањата на Законот за приватизација на државниот капитал кои, како што рече Делев, се мали, но исклучително значајни.

- Со измените точно пропишуваме како да се продава капиталот што државата го поседува надвор од границите. Практично, се адаптираме кон матичните земји во кои се наоѓа тој капитал и нивните законодавства, објасни заменик министерот Делев.

Во текот на дискусијата, Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ сугерираше да се направи регистар на фирми од земјите во поранешна Југославија каде Македонија се уште има акции.

Македонија, според Делев, има имот во Хрватска, Србија и уште неколку земји од поранешна Југославија.

Видео: Интернет го исмева Маск за позите што ги изведе на црвениот тепих

„Никогаш не сум видел некој толку очаен да биде сакан од сите, а во исто време никого да не го сака“

Во текот на викендот, познати личности, спортисти и милијардери присуствуваа на 10-тата годишна церемонија на наградата „Breakthrough Prize Ceremony“ (позната како Оскари на науката), каде што врвните научници беа признати со награди од 1 милион долари.

На настанот се појави и Илон Маск, а неговото позирање на црвениот тепих беше... Па, прилично непријатно за гледање. Видеото се прошири на социјалните мрежи. Некој од публиката му викна да ги стави рацете во воздух и тогаш се случи ова:

„Никогаш не сум видел некој толку очаен да биде сакан од сите, а во исто време никого да не го сака“, „Како 12-годишно дете да се обидува да биде кловн во класот“, „Тој е толку скржав“, се само дел од коментарите на Твитер.

Извор: Индекс.хр

Од почетокот на руската инвазија во Украина како исчезнати се водат 37.000 лица

Украинските власти денеска објавија дека од почетокот на руската инвазија исчезнале околу 37.000 цивили и војници, што е нецелосна бројка бидејќи Русија окупирала речиси 20 отсто од националната територија, јави Бета.

„Речиси 37.000 лица исчезнаа, вклучувајќи деца, цивили и војници. Оваа бројка може да биде уште поголема“, напиша украинскиот комесар за човекови права Дмитро Лубинец на својот профил на Фејсбук.

Од почетокот на руската инвазија, на 24 февруари 2022 година, загинаа неколку десетици илјади лица, цивили и војници, но не постои општа проценка утврдена од сигурни извори.

Процедурите за идентификација на загинатите и исчезнатите може да траат неколку месеци.

Украинската и руската армија само во ретки прилики објавуваат биланс на загинати војници.

Не е познат и бројот на цивилни жртви бидејќи нема сигурни информации на териториите окупирани од Русија од почетокот на инвазијата./МИА

Белата куќа објави ново партнерство со 50 земји за борба против идните пандемии

Американската влада ќе работи со земјите за да ги подобри нивните методи на тестирање, скрининг, комуникација и подготовка за такви избувнувања.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе им помогне на 50 земји да идентификуваат и да одговорат на појавата на заразни болести со цел да се спречи нова пандемија како Ковид-19, која остро го наруши нормалниот ритам на животот ширум светот во 2020 година.

Американската влада ќе работи со земјите за да ги подобри нивните методи на тестирање, скрининг, комуникација и подготовка за такви избувнувања, рече висок претставник на администрацијата на Бајден кој сакаше да остане анонимен. Официјалниот претставник не кажа за кои земји станува збор.

Соопштението доаѓа во момент кога земјите се обидуваат да се договорат за меѓународен одговор на идните пандемии. Четири години по пандемијата Ковид-19, изгледите за договор во оваа насока што ќе го потпишат 194-те членки на Светската здравствена организација изгледаат сè понејасни.

Програмата на САД ќе се потпира на неколку владини агенции, вклучувајќи го Стејт департментот, Центрите за контрола и превенција на болести, Американската агенција за меѓународен развој и други, за да им помогнат на земјите да го подобрат својот одговор на појавата на заразни болести. /МИА

притисни ентер