Иванов го почна вториот претседателски мандат

Горан Момироски е пред вилата Водно, каде попладнево стотици граѓани дојдоа за лично да го поздрават претседателот.
На свечената инаугурација во Собранието, Иванов остана доследен дека ќе интервенира во институците за да се дојде до дијалог и решение преку разговор. Претседателот го почна вториот мандат со заклетва дека ќе биде претседател на сите граѓани.

Денеска на инаугурацијата немаше странски гости. Според неговиот портпарол, Иванов инсистирал првиот ден од вториот мандат да го мине со македонските граѓани и со, како што велат од таму, со тие што гласале за него но, и со други кои што не глаале со него, а сакале лично да му кажат што мислат за општите состојби и за очекувањата од него.

Италијанецот кој ноќеска беше тестиран на Инфективна клиника нема коронавирус

Италијанскиот државјанин, кој доцна синоќа беше примен на Инфективната клиника во Скопје, е тестиран и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство.

Пациентот имал лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Тој пристигнал од Милано во Скопје со попладневниот лет на „Визер“ и откако се сместил, отишол да се пријави на Инфективна клиника оти имал стомачни тегоби.

Како што претходно соопштија од министерството за здравство, пациентот бил ставен во изолација и кај него се направени тестови согласно утврдениот протокол. Тој поминал низ термалната камера на скопскиот аеродром, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. Првите симптоми ги почувствувал откако се сместил, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22 часот.

Преговорите со Македонија и Албанија на дневен ред на министрите на ЕУ

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Брисел ќе разговараат за новата методологија за пристапни преговори предложена од Европската комисија.

Но, дипломатите нема да носат заклучоци додека не се објават извештаите за реформскиот напредок на Скопје и Тирана.

На дневниот ред на Советот за општи работи на ЕУ денеска се предвидени опширни дискусии за претстојниот лидерски самит и за преговорите за идното партнерство на ЕУ и Обединетото кралство. Откако ќе завршат овие дискусии, министрите предвидуваат информациска точка посветена на новата методологија за проширување што ја објави Европската комисија пред неколку седмици.

Се очекува да биде повторено дека реформата на оваа методологија треба да се одвива паралелно со отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија, но нема да можат да се носат никакви заклучоци се додека земјите членки немаат увид во извештаите на ек за реформскиот напредок.

Државата го подигна нивото за заштита од Ковит 19

Без итна потреба да не се патува во критичните региони во северна Италија, а патниците кои доаѓаат од таму ќе бидат под засилена здравствена контрола на граничните премини, и по потреба ставени во изолација во медицинска установа. 

Државата го подигна нивото на заштита и превенција од коронавирусот Ковит 19, особено по неговото ширење во италијанските региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања каде што престојуваат околу 23.000 државјани на Македонија.

Засега, според информациите на нашите ДКП во Италија, нема заболени македонски граѓани од коронавирусот.

Сепак, сите патници кои ќе доаѓаат во земјава од критичните региони во северна Италија, ќе бидат детално инервјуирани, прегледани и по потреба тестирани. Ќе се упатуваат и пропуштаат само на неколку гранични премини – Богородица, Блаце, Деве Баир, Табановце и Ќафасан со цел контролата да биде што поконцентрирана.

На граничните премини се одредени посебни простории каде ќе бидат интервјуирани сите патници кои доаѓаат од ризичните дестинации и ќе се врши првичен скрининг на нивната здравствена состојба. На Скопскиот аеродром, со термална камера ќе се следат сите патници кои пристигнуваат, а не како досега само тие од Дубаи и Истанбул. Со безконтактен пиштол за мерење на телесната температура ќе се прави скрининг на патниците кои ќе пристигнат од ризични дестинации и на аеродромот во Охрид.

Доколку се јави потреба, обезбедени се простори за изолација на патници кои треба да бидат мониторирани 14 дена, и во прво време тоа ќе бидат инфективните одделенија во Штип, Велес и Гостивар, кои ќе бидат обезбедувани од полицијата.

Формиран е и кризен штаб во Министерството за здравство што ќе ги координира сите активности на надлежните институции. Кризниот штаб секојдневно ќе одржува брифинзи за најновите информации од теренот.

Покрај апелот да не се патува во регионите каде што се регистрирани случаи на Ковит 19, Владата денеска на седница ќе дискутира и за одложување на сите организирани посети на Италија.

Од МНР препорачуваат зголемени мерки на претпазливост при патување во реоните Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања, а повеќе информации граѓаните може да добијат на travel.mfa.gov.mk , како и во Генералниот конзулат во Венеција на дежурниот телефонски број + 39 389 5837913 или на е-маил venice@mfa.gov.mk

Од Министерството за здравство апелираат граѓаните во целост да ги почитуваат превентивните мерки за превенција според кои, треба да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни животни, да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање на сирови продукти и да се мијат задолжително рацете по секоја подготовка на храна. При подготовка на месо и јајца треба добро термички да се обработат, да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитни опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно, а да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема.

Исто така, треба да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни. Задолжително и често да се мијат раце – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол, при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или со дланката, по употреба марамчињата да се фрлаат во затворени канти, а при кашлање или кивање, како и при грижа за болни задолжително да се мијат рацете.

По проширувањето на Ковит 19 во Италија каде што досега починаа седум лица, а над 220 се заразени, вонредни мерки за заштита преземаат и другите земји во регионот и Европа.

Во Словенија беше свикан Советот за национална безбедност, грчката Влада одржа вонредна седница и наложи одложување на ученичките екскурзии во Италија, а мерки и активности за реагирање при евентуална појава на коронавирусот се спроведуваат и во Србија, Албанија, Косово, Бугарија и Хрватска. /МИА

притисни ентер