„ЕВН Снабдување“ со пониска цена за малите и средни компании

Пониска цена на електрична енергија за малите и средни компании ќе донесе третата фаза од процесот на либерализација на пазарот. Анализите на „ЕВН Снабдување“ покажуваат дека компаниите ќе имаат поконкурентни цени на електричната енергија како резултат на промената на тарифниот модел.
Над 80 000 мали и средни компании  оваа есен ќе можат сами да изберат  свој снабдувач  за  електрична енергија.  Отворениот пазар за нив   ќе  значи пониска цена на електрична енергија, а тоа директно ќе влијае на подобрувањето на нивната ефикасност, конкурентност и продуктивност, велат од ЕВН. Неофицијално дознаваме дека малите компании ќе имаат пониски  цени  за над 30 %.  

“Во следната фаза  од процесот на либерализација , ЕВН Снабдување ќе понуди продукти за малите и средни компании кои ќе овозможат снабдување со електрична енергија со пониски цени . Како и досега ќе понудим е најдобра цена на пазарот. Отварањето на пазарот ќе  значи пониска цена само ан енергијата, а тарифата на дистрибутивната мрежа и понатаму ќе биде регулирана од Регулаторната комисија за енергетика“ изјави Нико Берберу, менаџер на ЕВН Снабдување   

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија е предвидена во Атинскиот меморандум чиј потписник е и Македонија . Првата фаза од овој процес започна во 2007 година, а предвидено е заклучно со следната година  истиот да заврши , кога сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинстават  ќе можат да изберат свој снабдувач на електрична енергија.

Пронајдени пет мигранти во товарно возило, возачот лишен од слобода

Од МВР денеска информираа дека возачот на товарното возило Д.Д.(62) од Скопје бил лишен од слобода и заедно со мигрантите биле спроведени во СВР Струмица.

 На локалниот пат од село Банско за село Робово, на влезот во струмичкото село Робово, вчера околу 07:45 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Ново Село" во товарно возило „ивеко фургон", со скопски регистарски ознаки, пронашле пет лица мигранти, од кои две од Авганистан и три од Пакистан.

Од МВР денеска информираа дека возачот на товарното возило Д.Д.(62) од Скопје бил лишен од слобода и заедно со мигрантите биле спроведени во СВР Струмица.

Против Д.Д. е поднесена кривична пријава до ОЈО, а по наредба на Јавен обвинител мигрантите биле предадени во Прифатниот центар за странци Гази Баба Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг" во Гевгелија.

Почина 85-годишен пациент од грип

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби почина 85-годишен пациент со бронхопневмонија како компликација од грип.

Ова е втор смртен случај од компликација од грип по минатонеделниот кога девојче почина на Универзитетската клиника за детски болести.

На одделот за интензивно лекување, како што посочуваат од клиниката, во животозагрозувачка состојба е 38-годишен пациент, кој има пневмонија и е на механичка вентилација со потврден грип.

Од клиника за инфективни болести наведуваат дека кај нив се хоспитализирани 47 пациенти со клиничка слика на грип и компликации од кои четири се лабораториски потврдени..

Без вода утре неколку скопски населби

Без вода утре ќе останат корисниците од населбите Чаир, Топанско Поле, Бутел 2, Гази Баба, високата зона во населба Железара и Гинекологија Чаир од 23 часот до завршување.

Прекинатото водоснабдување, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација"-Скопје е поради реконструкција на усисниот дел на пумпа број 5 во П.С.Гази Баба.

притисни ентер