Почнува информативната кампања „ЕУ одблизу“

Селата на граѓаните им нудат многу поквалитетен живот од градовите во Европската Унија.
 Кон оваа цел се стремат и македонските рурални средини кои ги користат сретствата од ИПАРД програмата и финансиска помош од проекти на амбасадите на земјите членки на ЕУ во Македонија, му го соопшти градоначалникот на Чашка на преставникот на Делегацијата на ЕУ, Роберт Лидл.

Убава земја со среќни и насмеани луѓе кои се заедно и покрај различната етничка припадност. Овој впечаток за Македонија го стекнал Роберт Лидл. Тој ги охрабри жителите на Чашка да ги користат советите на преставниците на Владата и европските пари преку ИПАРД програмата. Децата се иднината на секоја земја, порача Лидл.

Посетата на делегацијата на ЕУ на општина Чашка е прва во кампањата „ЕУ одблизу“. Тие стигнаа со европскиот автобус и голем дел од посетата им посветија на децата. Разговараа и со возрасните граѓани и одговорија на повеќе прашања поврзани со пристапувањето на Македонија во Унијата.

Атанасов: Програмата за работа на стационарот „Лајка“ ќе се врати на доработка

Се уште нема финална верзија за програмата за работа на новиот стационар „Лајка“, која во вторникот ја презентираше Град Скопје, а која наиде на жестоки реакции кај активистите за правата на животните.

Тие обвинија дека нема да се реши состојбата со бездомните кучиња и дека е преширока употребата на евтаназија. Од АХВ велат дека програма ќе се врати на доработка.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Радмила Шеќеринска го оштетила буџетот за 250 илјади евра, Министерството за одбрана демантира

Зошто инжинериска машина била платена двојно поскапо отколку во Србија? ВМРО-ДПМНЕ обвинува за сомнителен тендер во Министерството за одбрана и вмешаност на министерката Радмила Шеќеринска.

Министерката Радмила Шеќеринска го оштетила буџетот за над 250 илјади евра, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, вели дека Министерството за одбрана, лани преку српска фирма„Корковадо“, набавило две инженериски машини Грејдер за потребите на Армијата од по 230 илјади евра, иако истата компанија иста машина за потребите на српската армија неколку месеци подоцна  продала за 108.000 евра...

Прашањето е, ако се знае дека Радмила Шекеринска има сериозни бизнис релации во Србија, поточно во Белград преку нејзин близок од потесното семејство, каде завршиле овие над 250.000 евра разлика во тендерот кој што се на некој начин проневерени?“

Од министерството, не ги негираат сумите, но тврдат дека постапката била транспаретна, а цената била најниска понудена на електронската аукција.. Оттаму ја обвинија опозицијата за ширење на лажни вести.. 

,,Тој тип на машини се карактеризира со широк распон на техничките карактеристики (јачина на мотор, дополнителна опрема, ефикасност, габарит), и во зависност од тоа се утврдуваат и цените.

Дали има злоупотреба во случајот, од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа да провери обвинителството..

Напад во Лондон : Верник избоден во џамија , се бори за живот (ВИДЕО)

Нападот се случил во централната џамија во Лондон.

Човек влегол во џамијата во паркот Риџентс веднаш по 15 часот по локално време и прободел човек за време на попладневната молитва.

Мажот е однесен во болница и британските медиуми јавуваат дека е сериозно повреден и се бори за живот.

Се верува дека муезинот што повикува на молитва е прободениот маж со нож, објави Скај њуз.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е уапсен на местото на настанот под сомнение за обид за убиство. Се верува џдека станува збор за ултрадесничар , кој го извршил нападот поради ксенофобија.

притисни ентер