Партиски ставови за инаугурацијата на Иванов

На денешната свечена седница на која новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов даде свечена изјава не присуствуваа пратениците на ДУИ и на СДСМ и НДП.

За ДУИ, тој е нелегитимен претседател, додека за ВМРО-ДПМНЕ и ДПА партиите треба да ја почитуваат волјата на граѓаните, бидејќи тој на изборите освои мнозинство гласови.

Претседателот Ѓорге Иванов за ДУИ е нелигитимен претседател, бидејќи не ја одразува волјата на Албанците, изјави денеска Талат Џафери, избран за пратеник на ДУИ, кој во моментов технички ја извршува функцијата министер за одбрана.

- Иванов, кој е избран во еден легален процес, за Албанците е нелитимен, бидејќи не ја одразува волјата на вториот по големина народ во Република Македонија. Која било институција која ја нема волјата на двете најголеми заедници, согласно Охридскиот договор, е нелегитимна. Над 90 отсто од Албанците рекое „не“ на едностраниот претседател и ние ќе ја почитуваме нивната волја, изјави Џафери.

Партиските тела ќе одлучат дали тие ќе имаат претставник во Советот за безбедност, кој е во надлежност на претседателот на државата.

Беким Фазлиу од ДПА, пак, изјави дека за нив Иванов е легитимен претседател и оти тие биле против бојкот на претседателските избори.

- Претседателот е легитимен, бидејќи за него гласаа мнозинството граѓани, изјави Фазлиу.

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ за неприсуството на ДУИ на инаугурацијата на Иванов вели дека тоа е одлука на секоја политичка партија.

- Легитимитетот на претседателот го дадоа граѓаните на Република Македонија, со огромниот број гласови кои не можат да се поделат ниту по партиска, ниту по етничка, ниту по религиозна припадност. Цениме и апелираме дека сите политички партии треба да ја прифатат одлуката на граѓаните, изјави Димовски.

Во политичката плурална Македонија, како што рече, првпат се случува вторпат мандатот претседателот да го добие од граѓаните на непосредни, слободни и демократски избори.

- За нас претставува еден знак за стабилност на Република Македонија и нејзините институции, изјави Димовски.

Освен пратениците на ДУИ, на денешната инаугуративна седница не присуствуваа пратениците на СДСМ и на НДП, кои, пак, не ги прифатија ниту пратеничките мандати. Димовски смета дека опозицијата на тој начин ја погазува волјата на оние 280.000 граѓани кои гласале за нив.

- Повикуваме на разум и на рационалност. Неприфаќањето на реалност може да направи проблем само на СДСМ, рече тој./Извор МИА.

Истовремено експлодираа четири области на Сонцето- дали соларните факели ќе ја погодат Земјата

На 23 април, опсерваторијата за соларна динамика на НАСА (СДО) открила редок феномен: четири огромни региони на Сонцето експлодираат истовремено.

Ерупциите на Сонцето се вообичаени, особено околу врвот на циклусот на активност на Сонцето, познат како сончев максимум. За време на овој дел од циклусот Шваб, сончевите дамки и короналните експлозии се случуваат редовно, понекогаш создавајќи спектакуларни поларни светлини и затемнување на Земјата, пишува IFL Science.

Сончевите дамки се области каде што магнетното поле е 2.500 пати посилно од Земјиното, многу посилно од кое било друго место на Сонцето. Поради силното магнетно поле, магнетниот притисок се зголемува додека околниот атмосферски притисок се намалува. Ова ја намалува температурата во однос на околината бидејќи концентрираното магнетно поле го спречува протокот на врел, нов гас од внатрешноста на површината на Сонцето.

Резултатот е огромни експлозии на површината. Ретко, парови експлозии се случуваат истовремено, познати како „симпатични соларни изливи“. Се сметало дека тоа е случајност, но тие се случуваат бидејќи се поврзани со магнетни јамки.

Уште поретко, може да се појават повеќе од две во исто време, што е познато како суперсимпатичен сончев одблесок.

Во моментов не е јасно дали фрагменти од тие соларни факели ќе ја погодат Земјата, иако Spaceweather.com известува дека ако се случи, тоа ќе се случи на 26 април. Како и кај повеќето геомагнетни бури, веројатно нема ништо да се грижите - освен ако не ви пречи особено убавината на поларната светлина или малите проблеми со електричните мрежи и радио комуникациите.

Понекогаш, сепак, може да се случи Карингтонова бура - голема соларна бура која би претставувала поголем проблем.

Девојка од Украина е фатена како си го продава 2 – годишниот син, барала за него 23.500 евра

Во украинскиот град Днипро, 19-годишна жена се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесуваат украинските медиуми.

Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. Деветнаесетгодишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата привела маж додека носел пари на договорената локација.

Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што би ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.

Детето е приведено во полиција и предадено на надлежните органи. Неговата мајка е обвинета за трговија со луѓе.

Лукаревска: Да го почекаме вториот круг, ќе бидеме фактор на стабилност за формирање нова Влада

Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот, а не инаетот.

Изборите не се за нашите интереси и функции туку за доброто на државата, рече Сања Лукаревска во „Само вистина“ на Канал 5.

До кога вие ќе се правите поголеми Македонци од сите нас. Сите сме Македонци.

Сите меѓународни претставници кажаа дека ова е најдобрата преговарачка рамка и дека подобар договор не може да имаме. Ова е нашата последна шанса.

Во однос на можно коалицирање со ЗНАМ на Димитриевски: За танго се потребни двајца, да видиме после 8 мај дали делиме исти вредности.

притисни ентер