Полициски оперативци од ЈИЕ учествуваа на "Партнерство за едукација"

Во Европа функционираат околу 3 600 транснационални организирани криминални групи од кои секоја трета се занимава со шверц на дрога поради што е важна и преку граничната полициска соработка, истакна министерката Гордана Јанкуловска
На отворањето на четвртиот модул за регионалната обука во рамките на програмата "партнерство за едукација" на тема „борба против организиран криминал и трговија со дрога“. На модулот подржан со средства на американските власти учествуваат полициски оперативци од сите земји од југоисточна Европа, а проектот го поздрави и американскиот амбасадор Пол Волерс.

Албанскиот претседател го тужи министерот за правда поради кршење на Уставот

Албанскиот претседател Илир Мета до Специјалното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција (СПАК) поднесе кривични пријави против тројца високи функционери на министерството за правда.

Кривични пријави добија Етилда Ѓонај, министерка за правда, Гентијан Дева, генерален секретар во министерството за правда и Елева Хаџи, директорка на центарот за службени публикации.

Врз основа на кривичниот закон, Мета ги товари за злоупотреба на службената должност, фалсификување документи, вршење незаконско влијание врз лица кои вршат јавна функција и присвојување на титула или државна должност, што го правеле во соработка.

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе обезбедиме бесплатен приклучок до гас за секое семејство

ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за доброто на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април кога ќе ја формира Владата ќе донесе мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе значи обезбедување на природен гас за секое домаќинство. Овој енергенс ќе биде достапен за секого.

Со овој проект ќе се опфатат голем број населени места и ќе се овозможи природниот гас да биде подостапен до граѓаните и до компаниите.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе донесе на секое домаќинство бесплатен приклучок до гас. Односно ова ќе значи нула денари трошок на секој дом кој ќе реши да користи гас како енергија. Ова подразбира повеќе пари за граѓаните, но и почиста животна средина.

Обнова на Република Македонија следува по 12-ти април, кога новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи целосна гасификација на државата. Обновата значи реални проекти и мерки за секој граѓанин во Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Синдикат и раководството во МВР постигнаа договор, издадените наредби да ги потпишуваат и министерот и дополнителниот заменик министер

Договорено е, соопштија од Македонскиот полициски синдикат.

Со потпишување на записникот од три работни состаноци од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев успешно завршиле преговорите со раководството на МВР.

Договорено е, соопштија од Македонскиот полициски синдикат, при издавањето наредби за извршување на работни задачи тие да бидат со точно определен рок на важност односно до завршување на мандатот на техничката влада, потоа сите издадени наредби да бидат задолжително потпишани од министерот и дополнителниот заменик министер.

– Како факт со кој ние како синдикат сме собено сме задоволни е тоа што при секое поместување на колегите истите ќе ја добиваат платата која е поповолна за нив и не се повредува ниту едно право од работен однос, велат од Македонскиот полициски синдикат од каде изразуваат уверување оти веќе од денеска ќе се надмине актуелната состојба во МВР.

Како што соопштија од Македонскиот полициски синдикат, преговорите се завршени по одржани три работни состаноци во просториите на МВР на кој учествувале министерот Чулев, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Петровска и директорот на БЈБ Сашо Тасевски со своите работни тимови, како и претсдателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев, генералниот секретар Киро Трајковски и советникот на претседателот на синдикатот Златко Цветковски.

Како причина за работната средба била актуелната состојба во МВР на секојдневно издавање наредби и решенија за работа од страна на министерот за внатрешни работи и нивно поништување од страна на Владата на Република Македонија, со што сите вработени во Министерството биле доведени во една конфузна и збунувачка состојба што пак, стои во соопштението од Македонскиот полициски синдикат, им преставуваше сериозна пречка за нормално извршување на редовните работни задачи и реализација на правата од работен однос.

– Со оваа активност ние како како единствен репрезентативен синдикат во МВР уште еднаш докажавме дека сме сериозна синдикална органзиација на која еден од осовните постулати е заштита на правата од работен однос на своите членови, се подвлекува во соопштението од Македонскиот полициски синдикат. 

притисни ентер