413 делегати му дале поддршка, 176 гласале против Заев

Зоран Заев остана во лидерската фотелја на Социјалдемократскиот сојуз откако на вчерашниот отчетен конгрес за него гласаа 413 делегати, а против 176.
На гласањето му претходеше бурна и жестока дебата со барања за оставка од Заев, Есад Рахиќ дури најави повлекување од органите на партијата доколку двоецот Заев -Шекеринска не се повлечат од функциите.

Информациите од партијата говорат дека голем дел од гласовите за Заев се должат на неговите ветувања и завети дека во иднина нема да ги напушта насоките дадени од неговиот претходник Бранко Црвенковски. Токму такво ветувања Заев за време на конгресот надвор од салата му дал на Гордан Георгиев, кој беше меѓу најгласните кои бараа смена на раководството. Заев беше под притисок и поради тоа, како што тврдат извори од партијата, Стево Пендаровски до последен миг се колебал дали да ја прифати понудата за нов лидер на СДСМ.

Сепак, Заев и Шекеринска успеаја да се задржат на партискиот врв. Заев сега е исправен пред предизвикот да ја води партијата низ бојкот и надвор од сите институции, а притоа носејќи го товарот на сопственото минато за кое трпи низа критики.

Тој самиот по изборите беше свесен дека во секој случај ќе доживееле пораз.

На прашањето на новинарката Оливера Трајковска: Да беше се фер и коректно на изборите, кој резултат ќе го изборевте?“, Заев вели дека ќе освоеле 20 - 30 илјади гласа помалку од ВМРО - ДПМНЕ.

„Четиристотини илјади на 420-430 за Груевски и владејачката партија. Тоа е вистинскиот резултат, тоа го кажувам многу често, не победа, заради тоа што имаме свои слабости“, вели Заев.

Јавноста се уште го памети лидерот на СДСМ, како човек кој беше аболициран за криминал тежок осум милиони евра, оној кој се закануваше дека ќе јаде живи луѓе и дека ќе се пука, а последно во низата беше доделувањето тендери на неговиот татко, брат, роднини и пријатели.

Без вода утре неколку скопски населби

Без вода утре ќе останат корисниците од населбите Чаир, Топанско Поле, Бутел 2, Гази Баба, високата зона во населба Железара и Гинекологија Чаир од 23 часот до завршување.

Прекинатото водоснабдување, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација"-Скопје е поради реконструкција на усисниот дел на пумпа број 5 во П.С.Гази Баба.

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски „стопил" милиони за чизми со сомнителен квалитет

Оливер Спасовски го претвори МВР во дувло на криминалот и негов заштитник. Три години Спасовски ја парализираше полицијата, ги деградираше полициските службеници, а во државата владееше беззаконие.

Секојдневно на површина се редат скандалите, матните набавки и зделки, тесните врски на Спасовски и Заев со криминалното подземје, а вчера изби уште еден скандал за сериозни прекршувања на процедурите и нови индиции за злоупотреба на службената положба.

Во крајно сомнителна постапка, Спасовски потрошил 15 милиони денари, пари на граѓаните на Република Македонија за набавка на 3.000 чизми со сомнителен квалитет кои не ги задоволувале стандардите на МВР по 4 критериуми.

Иако  фирмата која ја добила набавката не ги задоволува барањата од техничката спецификација на МВР и не ги почитувала роковите, Спасовски ниту го раскинал договорот, ниту ја активирал банкарската гаранција туку дозволил целата процедура да продолжи понатаму.

Согласно Законот за јавни набавки Спасовски бил должен да го раскине договорот и да ја активира банкарската гаранција, тој одлучил да ги чека чизмите и покрај сериозните забелешки, пропусти и отстапувања.

За Спасовски не било важно што две акредитирани лаборатории оцениле дека чизмите се надвор од стандардите, а не му било важно ни тоа што фирмата година дена доцнела со испорака и што изминал договорот. За него важно било да се исплатат парите и токму затоа изготвил и анекс на истечениот договор.

Јавноста мора да знае зошто Спасовски и покрај сите неправилности настојувал фирмата да ги испорача неквалитетните чизми и истата да биде исплатена.

Чие скриено сопствеништво се крие позади фирмата која ја добила набавката и зошто оваа фирма стана рекордер во добиени тендери за опрема во МВР?

Кој е уделот на Спасовски од набавката за да се дрзне на грубо кршење на одредбите на Законот за јавни набавки?

Три години сме сведоци на лажни заложби за стандардот на полициските службеници додека во позадина се кријат матни и криминални зделки. Очигледно дека интересите на Спасовски и на бизнисите блиски до Заев и СДСМ се поважни од полициските службеници во Република Македонија.

Одговорност за ова мора да има и ќе има. Му доаѓа крајот на криминално рекетарското работење на СДСМ. После 12 април следува обнова на Македонија и одговорност за сите криминали изминативе три години.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Оглас за распределба на 37 социјални станови во Струмица

Министерството за транспорт и врски денеска објави оглас за распределба на 37 станови за социјално ранливи категории на граѓани  во станбена зграда на ул. „Ѓорѓи Василев" во Струмица.

Право на учество на огласот што е отворен до 15 април годинава имаат деца без родители или родителска грижа – над 18 години кои до 18.тата година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители, корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта. Опфатени се и лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, припадници на Ромската заедница социјално загрозени, согласно Стратегијата за Ромите на Република  Македонија") и самохрани родители со малолетни деца.

Лицата кои ќе аплицираат треба да се државјани на Република Македонија, да имаат постојано место на живеење во општината каде е изграден социјалниот стан и да не поседуваат стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на државата.

Потребната документација ќе може да се поднесува во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Струмица. За оние кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, Центарот за социјални работи ќе ја обезбеди потребната помош за обезбедување на целокупната документација согласно објавениот оглас, истакнува Министерството за транспорт и врски.

Документите треба да бидат во оригинал или копии заверени на нотар не постари од 6 месеци, освен документите кои се обележени од надлежен орган како трајни.

Министерството за транспорт најавува дека социјалните станови ќе се распределуваат во транспарентна постапка преку електронска распределба согласно со Методологијата за бодирање на кандидати за добивање на социјален стан под закуп.

Становите се изградени преку Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на државата во Струмица, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Македонија.

Повеќе информации за потребната документација може да се најде на веб страната на Министерството за транспорт и врски (http://mtc.gov.mk/vesti/Oglas–za-raspredeluvanje-na-37-sotsijalni-stanovi-vo-opshtina-Strumitsa-) или во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Струмица.

притисни ентер