Ван Хол отвори нова фабрика во Бунарџик

Белгиската компанија Ван Хол свечено ја отвори втората фабрика во Македонија.
Целиот објект се простира на 37 илјади метри квадратни во Бунарџик и е втора по големина гринфилд инвестиција во земјава.

За неполна година се произведени 140 автобуси наменети за американскиот пазар. Сопственикот Филип Ван хол најави нови производи во новиот објект за извоз на европскиот пазар.

Брендот Ван Хол етаблиран на светските пазари, во Македонија ја изгради својата прва фабрика надвор од Белгија. Ван Хол е потврда за успешноста на владините политики, истакна премиерот Груевски. Според него, земјава благодарение на зголемениот број на инвеститори. Очекува годинава подобри резултати од минатогодишниот трет најголем раст на БДП во цела Европа.
 Доста често се слушаше во изминатите години дека Македонија треба да работи на рестартирање на старите затворени фабрики и слично. Иако е  тоа  добра идеја и кажано со добра намера, сепак, реалноста е дека решението е во нови фабрики и производи и услуги кои реално се продаваат на пазарот, рече Пешевски, укажувајќи на ефектите од инвестицијата и со тоа што се отвораат работни места и во самата фирма, но и кај добавувачите. 

- Фабриката претставува инвестиција од 25 милиони евра и моментно вработува 430 наши сограѓани која бројка се очекува во наредниот период да достигне 600. Фабриката веќе работи активно, а околу сто автобуси произведени во неа се извезени во САД. Произведени се вкупно 140 автобуси, а во фаза на производство се 70, што значи дека веќе се работи на производство на 210-от автобус во Македонија, рече премиерот Никола Груевски.

- Успеавме да почнеме со производство и веќе испорачавме 140 возила, ангажиравме 430 вработени, потпишавме поддоговори со повеќе компании. Ова е само почеток  со оглед дека во последниот квартал од годинава ќе почнеме со производство на ново возило за европскиот пазар што ќе донесе нови 140 вработувања, најави Филип Ван Хол. 

-Секоја македонска компанија којашто продава на фирма во зоните, како што е „Ван Хол“, според Пешевски, реално извезува  од Македонија. - Не само што условно кажано извезува во зоните туку понатаму  со усвојување високи стандарди помага да се извезува и да се освојуваат нови пазари надвор од Европа, нагласи вицепремиерот Пешевски. 

Инвестицијата на Ван Хол чини 25 милиони евра, во моментот вработени се 430 лица, со најава нивниот број да се зголеми на 600 вработени.
Ван Хол е семејна компанија од Белгија со 70 годишна традиција. Произведува градски, меѓуградски автобуси и индустриски возила. Има повеќе од 4.000 вработени во светот и остварува преку 450 милиони евра годишен обрт.

Редовна владина седница, на дневен ред точки од транспортот, финансиската и економската сфера

На седницата ќе биде разгледан и полугодишниот извештај за реализацијата на кредитната линија за микро, мали и средни претпријатија со дејност од областа на земјоделството што ја реализира Развојната банка на Македонија.

Владата денеска ќе ја одржи редовната 11. седница на чиј дневен ред се Информацијата за текот на преговорите за пристапување кон Спогодбата на Светската трговска организација за јавни набавки, како и Информацијата за подготовка на 16. состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој помеѓу ЕУ и Република Македонија што ќе се одржи на 17 март 2020 година во Брисел.

На седницата ќе биде разгледан и полугодишниот извештај за реализацијата на кредитната линија за микро, мали и средни претпријатија со дејност од областа на земјоделството што ја реализира Развојната банка на Македонија.

На предлог на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, пред Владата ќе биде и Извештајот за реализација на Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија во 2019 година.

Редовната 11. седница на Владата е предвидено да почне во 12:00 часот. 

Потпишан договор за санација на свлечиштето на регионалниот пат Макази–Маркова Нога

Врз основа на димензиите на свлечиштето коешто има должина од околу 250 метри и ширина 90 метри, станува збор за свлечиште кое се класифицира како големо свлечише. 

Јавното претпријатие за државни патишта потпиша договор за санација на свлечиштето на регионалниот пат Р1308, делница Макази–Маркова Нога (близу село Штрбово, место викано Долги Рид), што го поврзува градот Ресен и околината со Граничниот премин Маркова Нога.

Од ЈП за државни патишта, информираат дека предвидена е изведба на ободен канал кој ќе ги собира површинските води од теренот над свлечиштето, растоварување на природната падина, изведба на потпорна конструкција од АБ колови и соодветен потпорен ѕид со вкупна должина од 250 метри, како и целосна реконструкција на постоечкиот пат со нов тампонски слој и нова асфалтна конструкција со што ќе се комплетира санацијата на свлечиштето.

– Врз основа на димензиите на свлечиштето коешто има должина од околу 250 метри и ширина 90 метри, станува збор за свлечиште кое се класифицира како големо свлечише. При неговото настанување во 2018 година беше пробиена и оштетена асфалтната конструкција на патот. Свлечиштето се карактеризира како активно и манифестира одредени свлекувања во текот на целиот период од неговото настанување и затоа патот се одвива по времена девијација од тампон бидејќи на самата локација патот е затворен со времена сигнализација од страна на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат). Во текот на 2019 година извршени се геомеханички испитувања на целиот потег на свлечиштето врз основа на што се изработи геомеханички елаборат, по што се изготви основниот проект за санација на свлечиштето и се распиша тендер, се вели во соопштението од Јавно претпријатие за државни патишта.

Рок за извршување на санацијата е 12 месеци од воведувањето во работа на изведувачот.

Статистика: Најкористен превоз градско-приградскиот

 Во последното тримесечје од 2019 година градско-приградски превоз користеле 19.191.000 лица, со железница се возеле 148.000, додека со авион патувале 623.546 лица.

Според Државниот завод за статистика, во патниот патнички превоз бројот на превезените лица е 1.605.000.

Во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, количеството превезена стока во товарниот патен превоз е зголемено за 19,3 отсто, во железничкиот за 50 проценти, додека во воздухопловниот превоз е намаленo за 10,1 отсто. 

притисни ентер