Дорис Пак ексклузивно за Канал 5: СДСМ да прифати дека е опозиција

Опозициските пратеници да ги прифатат освоените пратенички мандати, наместо да бојкотираат, конструктивно во Собранието да покажат дека ја разбираат демократијата, вели Дорис Пак ексклузивно за Канал 5.
Германската европратеничка вели дека е неприфатливо однесувањето на македонската опозиција. Од СДСМ бара да го прифати изборниот резултат, за да не се турка земјата во нова политичка криза.

- Однесувањето на социјалдемократите во опозиција се случи истото и во Албанија, но мислам дека тие треба да ги прифатат изборите и да работат како добра опозиција .На демократијата и треба опозиција и мнозинство, па се надевам дека ќе сфатат дека тоа не е однесување на демократска партија. Ако изборите беа ок, односно дури и ако имаше помалку важни неправилности, а ОБСЕ рече дека беше ок, мислам ова е резултатот, а не тоа што некој го мисли ако партијата изгубила. Мислам дека тоа не е фер, вели Дорис Пак.

Дорис Пак е категорична дека сега не е време, ниту пак има потреба од нови избори. Од друга страна, нема дилема дека однесувањето на опозицијата воопшто не придонесува за демократскиот дух, за слободната волја на граѓаните.

- Многу работи, за кои ако е потребно огромно мнозинство во парламентот, нема да има можност да поминат. Од друга страна неприфатливо е во демократија, еден губи, друг победува и тоа мора да биде прифатено. Мислам дека нема потреба од други избори, има потреба да се сфати дека мора да се прифатат изборите и мора да се однесуваат од позиција на избрани. Односно опозицијата е опозиција, има и мнозинство, мора да ги научат демократските правила, порача европратеничката Пак.

За европските дипломати е речиси необјасниво што во услови на избори кои добиле одлични оценки партијата што изгубила не го прифаќа изборниот резултат.

Зголемен бројот на предмети од назначувањето на обвинителот за врски на Македонија во Европравда

Министерката за правда Рената Дескоска денеска оствари средба со претседателот на Европравда Ладислав Хамран и обвинителот за врски на Македонија во Европравда, Ленче Ристоска.

Како што соопшти Министерството за правда, на состанокот се разговараше за соработката со Европравда и Годишниот извештај за функционарањето на канцеларијата за врски на Македонија во Европравда за 2019 година.

Претседателот на Европравда во своето обраќање презентираше статистички податоци од ноември 2018 година – навака, кои укажуваа на зголемување на соработката откога Македонија има свој претставник во Европравда (EUROJUST).

Иако официјално соработката на нашата држава со Европравда започнува во 2009 година, Македонија за првпат номинираше јавен обвинител за врски во Европравда во 2018 година.

Тоа е причината поради која бројот на новоотворени предмети во кои е вклучена Македонија е во пораст. Така, за разлика од 2017 година, кога биле отворени само 4 нови предмети, во 2018 година, бројот на новоотворени предмети е 11, додека пак во 2019 година, бројот на новоотворени предмети е 23.

Покрај зголемениот број на новоотворени предмети, минатата година ја одбележа и тоа што Македонија за првпат ја искористи можноста преку Европравда да побара асистенција при обезбедувањето на меѓународната правна помош.

Министерката Дескоска истакна дека неодамна бил усвоен новиот Закон за Јавното обвинителство кој го зајакнува системот за борба против организиран криминал и корупција со гаранции за независност при одлучувањето и финансирањето и изрази благодарност за досегашната соработка со Европравда.

СДСМ: Само лажни вести и измислици од белиот дворец, договорените тендери се одлика на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ партијата олицетворение на лаги,измислици и вештачки креирани сценарија продолжува во нивни познат стил,реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, реалноста е дека лагите на ВМРО-ДПМНЕ се со краток рок и не им поминуваат.

Така, не помина ни денешната лага од белиот дворец, во која е повикана министерката за одбрана Радмила Шекеринска за наводни сомнителни тендери.

Од ова само се потврдува очајот на ВМРО-ДПМНЕ во нивната безидејност и немањето што да им понудат на граѓаните, освен лаги од краток рок.

Машините за кои потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше во настап на нервоза при телевизиското соочување со министерката за одбрана, а потоа и неговата партија се огласи, се набавени во јавна тендерска постапка при што до крај се испочитувани сите законски одредби.

Освен јавниот  повик до сите фирми да земат учество во набавката и техничкиот дијалог, било одговорено на сите прашања, предлози и сугестии токму во насока на зголемување на конкуренцијата.

За разлика од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ денес постапките се транспарентни и секоја компанија има можност да конкурира, денес не се договараат цените по телефон и со тајни разговори туку се јавно објавени постапки на кои победува тој што нуди најниска цена. Тоа за опозицијата е несфатливо, но тоа е почитување на законот.

На лицемерието на  ВМРО-ДПМНЕ му нема крај. Истата таа партија го кочеше Законот за одбрана во Собранието, особено важен за нашето членство во НАТО, со години ги држеше замрзнати платите на вработените во армијата и не направи ништо позитивно.

Наспроти нив, СДСМ се посвети целосно на подигнување на стандардот на вработените во одбраната, како и обезбедување подобри услови за работа преку целосно опремување со униформи и чизми на сите вработени во Армијата, платите за две години пораснаа од 3.000 до 6.000 денари и обезбеди надомест од 7000 денари за станарина.

Затоа,граѓаните на 12 април ќе ги поразат лажниот патриотизам и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Путин побара да се расчисти економијата од криминал

Рускиот претседател Владимир Путин повика на поактивно чистење на стратешки важните области на економијата од криминал.

Говорејќи на курсот на Државната агенција за безбедност , ФСБ, рускиот шеф на државата рече дека обезбедувањето на економска безбедност и борбата против корупцијата е еден од безусловните приоритети во работата на специјалните служби.

„Треба да го искористиме позитивното искуство за идентификување на криминални шеми во финансиските и даночните полиња, во индустриските и енергетските комплекси и во одбранбениот сектор“, рече Путин.

Тој рече дека „треба строго да се почитуваат правата на граѓаните и деловните субјекти, а при добивањето на информации за кршење на правата на претприемачите, да има брз одговор“.

Путин побара од ФСБ да посвети посебно внимание на антикорупциската заштита на националните проекти.

Тој додаде дека огромни средства се концентрирани на постигнување национални развојни цели и затоа треба да се воспостави строга контрола врз финансиските сектори, но безбедносните служби не треба да се мешаат во другите државни и трговски структури.

притисни ентер