Прва НАТО обука за односи со јавност во кризи

Регионалниот центар за односи со јавност при Министерството за одбрана, кој од минатата година е дел од Партнерските центри на НАТО Алијансата за едукација и обука и како единствен Центар за обука од областа на односите со јавноста, денеска ја започна првата работилница во која ќе се извршуваат обуки за односи со јавност во кризни ситуации.
Државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефановски рече дека Македонија е  горда што Центарот за обука за односи со јавност во кризни ситуации е дел од центрите на НАТО Алијансата.

- Ние сме посебно горди затоа што нашиот Центар за односи со јавност е признаен како еден од 26 партнерски центри и специјализиран за оваа област. Покажуваме дека покрај учество во мировни операции имаме знаење и за други суштински работи. Ова е прва работилница после признавањето на Центарот и имаме предавачи и учесници од повеќе земји меѓу кои и од Норвешка, земјата која што го предводи овој процес, истакна Стефановски.

Според него, Центарот, на Алијансата ќе и даде можност нивните луѓе да се обучуваат за односи со јавност кој е една од најслабите алки на НАТО за која како област, многу малку се посветува внимание.

Регионалниот центар за односи со јавноста е формиран во 2005 година поради зголемената потреба од обука на кадри од полето на односите со јавноста во регионот. Својот регионален карактер Центарот го потврди во 2009 година  во рамки на иницијативата „Форум за безбедносна соработка на Западен Балкан“ каде заедно со центарот за мировни операции (ПСОТЦ) од Сараево, Босна и Херцеговина и НХБ центарот од Крушевац, Република Србија, беа прифатени и промовирани како три приоритетни центри за регионална соработка.

На границата на САД запленета тегла со човечки мозок

Царинските службеници на САД наишле на необична пратка за време на редовната проверка на канадски поштенски камион. Имено, меѓу пакетите се наоѓал сад со човечки мозок.

„Работниците на граничниот премин „ Blue Water Bridge “, лоциран помеѓу Мичиген и канадската провинција Онтарио, пронајдоа човечкиот мозок на 14 февруари“, соопштија од Американската служба за царинска и гранична заштита (ЦБП).

Човечкиот мозок се наоѓал во пратка со ознака „Стар начин на учење “ и бил испратен од Торонто до Кеноша, Висконсин, јавува Би-Би-Си.

„По отворањето на пратката, службениците на ЦБП пронајдоа пакет со примерок од човечки мозок. Тој беше зачуван во стаклена тегла без обезбедена придружна документација“, се вели во соопштението на агенцијата.

Регионалниот директор на ЦБП,  Мајкл Фокс изјави дека луѓето треба да ги следат правилата за пратка на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и Националниот институт за јавно здравје за „заразни биолошки агенси и можни заразни агенси“.

Долгогодишниот советник на Трамп е осуден на 40 месеци затвор

Роџер Стоун, долгогодишен советник и сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, е осуден на 40 месеци затвор.

Стоун е прогласен за виновен во ноември по седум точки на обвинението за лажење на Конгресот, спречување на процесот и злоупотреба на сведоци.

Стоун е шестиот помошник на Трамп осуден за истрагата на Роберт Мулер за наводни зделки меѓу Русија и членовите на кампањата на Трамп за време на изборите во 2016 година, пренесува BBC.

Судијата Ејми Берман Џексон изјави дека Стоун се заканувал и ја заплашувал, додека Стоун тврди дека целата постапка против него е политички мотивирана.

Сепак, Трамп посочи дека може да го помилува својот сојузник.

Потпишани четири нови јапонски грантови за едукација, здравство и јавни услуги

Четири нови јапонски грант проекти за подобрување на условите од областа на едукација, здравство и јавните услуги во земјава беа потпишани вечерва од јапонската амбасадорка Кеико Ханеда и македонските претставници.

Вкупно се одобрени десет проекти од Јапонија од кои шест се потпишани лани и веќе се имплементираат, а целта е да се подобрат основните човекови потреби во нашата земја.

Новопотпишаните проекти се наменети за подобрување на условите во градинката „Мајски Цвет" во Битола преку реконструкција на покривот во објектот градинка „Коца Василева" во вредност од 60 илјади евра, подобрување на училишната средина во основните училишта „Кирил и Методиј" во Прилеп во вредност од 57 илјади евра, во училиштето „Алија Авдовиќ" во село Батинци во Општина Студеничани во вредност од 57 илјади евра и во училиштето „Светозар Марковиќ" во Старо Нагоричане во вредност од 52 илјади евра.

Амбасодорката на Јапонија, Кеико Ханеда на денешното потпишување на овие проекти истакна дека со ова уште еднаш се потврдува силното пријателство и посветеноста на Јапонија во поддршката на социоекономските напори за реформи и за европска интеграција на нашата држава.

– Годинава успеавме да направиме десет нови грант проекти со нашите партнери од различни региони. Од 1996 година изведовме 148 проекти благодарение на владата, локална самоуправа и јавните установи на Северна Македонија, јапонскиот народ е среќен како пријател на вашата земја дека ќе имате придобивки од сите овие проекти. Јапонија ќе продолжи да ги поддржува вашите реформи и напори, а јас ќе направам се што е во моја моќ да го зајакнам нашето пријателство, рече амбасадорката.

Според министерот за здравство, Венко Филипче кој присуствуваше на церемонијата, со години наназад, близу 15 години здравствениот сектор добива многу значајна поддршка од Амбасадата и народот на Јапонија.

-Една добра карактеристика на целата оваа помош која со години наназад стигнува од Амбасадата на Јапонија е тоа што е многу добро селектирана и многу добро служи на намената. Служи на една група експерти, служи на пациенти, служи на широко население кое покрива здравствени услуги во град, регион или помало место, и една карактеристика што циркулира и ние здравствените работници многу често ја спомнуваме е дека се што е донирано од јапонската амбасада се уште функционира, додаде Филипче.

Јапонија, како што потенцира вечерва и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, е земја која останува една од најголемите надворешни пријатели на нашата земја, и која континуирано ја поддржува државата во заложбите за нејзин развој и просперитет, преку подобрување на условите и состојбите во многу општествени сфери и сегменти.

-Денешниот настан е потврда за тоа, денеска Јапонија повторно преку свое дипломатско претставништво а во рамки на долгогодишна грант, програма за финансирање на мали проекти за човековата безбедност им помага на училиштата, здравствените институции, локални самоуправи да обезбедат подобри услови и можности за крајните корисници на нивните услуги, рече Адеми подвлекувајќи дека преку оваа програма се дава посебно внимание на македонското образование и на подобрувањето на условите на училиштата.

Во суштина, посочи Адеми, унапредувањето на образовната инфраструктура и на квалитетот на наставата во основните и средните училишта е врвен приоритет на Министерството за образование и наука.

Останатите шест проекти кои се потпишаа во ноември и декември се проектите за подобрување на основните јавни услуги на општина Градско, подобрување на медицинската средина на ЈЗУ Здравствен дом Кратово, обезбедување на комунално возило на Општина Маврово Ростуше, комунално возило на Општина Пробиштип и подобрување на медицинското опкружување на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина во Скопје./МИА

притисни ентер