Четврт модул за регионална обука во програмата „Партнерство за едукација“

Во Центарот за обука во Идризово денеска ќе започне четвртиот модул за регионална обука во рамките на програмата „Партнерство за едукација“ именуван „Борба против организиран криминал и трговија со дрога“.
Обуката е во организација на Амбасадата на САД во Скопје и програмата ИЦИТАП Македонија, заедно со американската амбасада во Хрватска и македонското Министерство за внатрешни работи.

Најавени се обраќања на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и на амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

Завршни зборови за „Транспортер" на 2 март

 Судењето за случајот „Транспортер" продолжува на 2 март, кога треба завршни зборови да дава обвинителството.

Судот го отповика денешното рочиште за да можат страните да се подготват за завршните зборови.

Во „Транспортер" обвинети се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Предметот го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Трајче Пеливанов.

Редовна владина седница, на дневен ред точки од транспортот, финансиската и економската сфера

На седницата ќе биде разгледан и полугодишниот извештај за реализацијата на кредитната линија за микро, мали и средни претпријатија со дејност од областа на земјоделството што ја реализира Развојната банка на Македонија.

Владата денеска ќе ја одржи редовната 11. седница на чиј дневен ред се Информацијата за текот на преговорите за пристапување кон Спогодбата на Светската трговска организација за јавни набавки, како и Информацијата за подготовка на 16. состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој помеѓу ЕУ и Република Македонија што ќе се одржи на 17 март 2020 година во Брисел.

На седницата ќе биде разгледан и полугодишниот извештај за реализацијата на кредитната линија за микро, мали и средни претпријатија со дејност од областа на земјоделството што ја реализира Развојната банка на Македонија.

На предлог на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, пред Владата ќе биде и Извештајот за реализација на Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија во 2019 година.

Редовната 11. седница на Владата е предвидено да почне во 12:00 часот. 

Потпишан договор за санација на свлечиштето на регионалниот пат Макази–Маркова Нога

Врз основа на димензиите на свлечиштето коешто има должина од околу 250 метри и ширина 90 метри, станува збор за свлечиште кое се класифицира како големо свлечише. 

Јавното претпријатие за државни патишта потпиша договор за санација на свлечиштето на регионалниот пат Р1308, делница Макази–Маркова Нога (близу село Штрбово, место викано Долги Рид), што го поврзува градот Ресен и околината со Граничниот премин Маркова Нога.

Од ЈП за државни патишта, информираат дека предвидена е изведба на ободен канал кој ќе ги собира површинските води од теренот над свлечиштето, растоварување на природната падина, изведба на потпорна конструкција од АБ колови и соодветен потпорен ѕид со вкупна должина од 250 метри, како и целосна реконструкција на постоечкиот пат со нов тампонски слој и нова асфалтна конструкција со што ќе се комплетира санацијата на свлечиштето.

– Врз основа на димензиите на свлечиштето коешто има должина од околу 250 метри и ширина 90 метри, станува збор за свлечиште кое се класифицира како големо свлечише. При неговото настанување во 2018 година беше пробиена и оштетена асфалтната конструкција на патот. Свлечиштето се карактеризира како активно и манифестира одредени свлекувања во текот на целиот период од неговото настанување и затоа патот се одвива по времена девијација од тампон бидејќи на самата локација патот е затворен со времена сигнализација од страна на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат). Во текот на 2019 година извршени се геомеханички испитувања на целиот потег на свлечиштето врз основа на што се изработи геомеханички елаборат, по што се изготви основниот проект за санација на свлечиштето и се распиша тендер, се вели во соопштението од Јавно претпријатие за државни патишта.

Рок за извршување на санацијата е 12 месеци од воведувањето во работа на изведувачот.

притисни ентер