Ограбени две цркви во Галичник

Непознати сторители насилно влегле во двете цркви „Св. Петка“ и „Св. Петар и Павле“ во селото Галичник и украле четири икони (три на платно и една на дрво), информираат од СВР Тетово.

Кражбите во полициското одделение ги пријавил М.А. по што бил звршен увид. Провалниците во црквата „Св. Петка“ влегле со насилно отварање на еден од прозорците. Во црквата „Св. Петар и Павле“, пак крадците делувале на влезната врата, кршејќи ги бравата и катанецот. Покрај две икони оттаму одзеле и 600 денари.

Полицијата подигнала извесни траги и работи на откривање на сторителите. Двата верски објекти биле под видео надзор.

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо правдата што ја ветуваше, Заев воспостави систем на криминал и корупција

Граѓаните на Република Македонија веќе немаат дилеми за тоа кој го диригираше правосудниот систем во државата овие теи години.

Повеќе од јасно е дека Заев од позицијата премиер диктирал одлуки на Врховниот суд и Катица Јанева како тогашен прв човек на СЈО работела во координација и по наредба на Заев. На овој начин Заев ја фрли државата во бездна.

Но, ова не е единствена ситуација каде Заев го крши законот. Секојдневно граѓаните беа сведоци на рекет, местени, тендери, доделување на лиценци со марихуана, изборни нерегуларности.

Ја нема правдата која Заев им ја ветуваше на граѓаните пред да дојде на власт.

Аудио материјалот за мафијата покажува дека Заев е виновен за неправдата и тука се клучни три работи што се откриваат.

Прво, имаме јавно признание дека Заев грубо ја злоупотребил службената должност диктирајќи одлуки на Врховниот суд.

Второ, тој јавно признава дека се развлекуваа случаите на СЈО во координација со Катица Јанева.

Трето, шемата како да паднат случаите била јасна или Закон за обвинителство или "трас-трас" одлука на Врховниот суд.

Крајот на сето ова доаѓа.

Крајот ќе се случи на 12 април, а потоа ќе следува одговорност од сите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: За само 2.5 години невработеноста падна на 17.1% и се отворија нови 60.000 работни места

Потврда за тоа се отворањето на 60.000 нови работни места, намалување на стапката на невработеност на историски најниска од 17.1 отсто и кај младите на 35,3 отсто со пад од 13 отсто.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија  преку иновативни политики и развојни реформи за само 2,5 години успеa, не само да ја стабилизира економијата во државата, туку и да обезбеди економски раст кој овозможува вистински придобивки за сите граѓани.

Потврда за тоа се отворањето на 60.000 нови работни места, намалување на стапката на невработеност на  историски најниска од 17.1 отсто и  кај младите на 35,3 отсто со пад од 13 отсто.

СДСМ продолжува со мерките кои значат отворање на нови работни места.

Еден од клучните механизми за остварување на таа цел е Оперативниот план за вработување, кој годинава треба да вклучи 12.000 нови невработени лица. За него се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари наменети за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, практиканство и реализација на Гаранцијата за млади.

Се потврди и дека самовработувањето преку стартување на микро бизниси е одржливо, бидејќи 93% од компаниите формирани со помош на оваа мерка во 2017 година активно работат, како и  99% од компаниите формирани во 2018 година.

Затоа во 2020 година се очекуваат  отворање  на нови 1.364 микро бизниси, за кои се издвоени 447 милиони денари.

Оперативните мерки и во 2020 предвидуваат обуки и доквалификации за занимања за кои постојат потреби на пазарот на трудот. Со нив е планирано да се опфатат 3.224 лица.

Во Гаранција за млади се вклучија над 18.000 лица, од кои 35% се стекнале со практиканство, обука или биле вработени. Тоа е повисока реализација и од европскиот просек на оваа мерка кој изнесува 33 отсто.

СДСМ продолжува со силна поддршка за се поголема вработеност на граѓаните, преку отворање на нови работни места, бидејќи намалувањето на невработеноста и добро платени работни места беше и останува клучен приоритет на партијата.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Завршни зборови за „Транспортер" на 2 март

 Судењето за случајот „Транспортер" продолжува на 2 март, кога треба завршни зборови да дава обвинителството.

Судот го отповика денешното рочиште за да можат страните да се подготват за завршните зборови.

Во „Транспортер" обвинети се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Предметот го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Трајче Пеливанов.

притисни ентер