И утре времето ќе биде убаво и сончево

Времето во Македонија утре ќе биде сончево со умерена локална облачност.
 Попладне и кон крајот на денот ќе има изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен дожд и грмежи.

Температурата ќе се движи од 20 до 28 степени.

Во Скопје и околината слично време, температура до 26 степени.

Редовна владина седница, на дневен ред точки од транспортот, финансиската и економската сфера

На седницата ќе биде разгледан и полугодишниот извештај за реализацијата на кредитната линија за микро, мали и средни претпријатија со дејност од областа на земјоделството што ја реализира Развојната банка на Македонија.

Владата денеска ќе ја одржи редовната 11. седница на чиј дневен ред се Информацијата за текот на преговорите за пристапување кон Спогодбата на Светската трговска организација за јавни набавки, како и Информацијата за подготовка на 16. состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој помеѓу ЕУ и Република Македонија што ќе се одржи на 17 март 2020 година во Брисел.

На седницата ќе биде разгледан и полугодишниот извештај за реализацијата на кредитната линија за микро, мали и средни претпријатија со дејност од областа на земјоделството што ја реализира Развојната банка на Македонија.

На предлог на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, пред Владата ќе биде и Извештајот за реализација на Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија во 2019 година.

Редовната 11. седница на Владата е предвидено да почне во 12:00 часот. 

Потпишан договор за санација на свлечиштето на регионалниот пат Макази–Маркова Нога

Врз основа на димензиите на свлечиштето коешто има должина од околу 250 метри и ширина 90 метри, станува збор за свлечиште кое се класифицира како големо свлечише. 

Јавното претпријатие за државни патишта потпиша договор за санација на свлечиштето на регионалниот пат Р1308, делница Макази–Маркова Нога (близу село Штрбово, место викано Долги Рид), што го поврзува градот Ресен и околината со Граничниот премин Маркова Нога.

Од ЈП за државни патишта, информираат дека предвидена е изведба на ободен канал кој ќе ги собира површинските води од теренот над свлечиштето, растоварување на природната падина, изведба на потпорна конструкција од АБ колови и соодветен потпорен ѕид со вкупна должина од 250 метри, како и целосна реконструкција на постоечкиот пат со нов тампонски слој и нова асфалтна конструкција со што ќе се комплетира санацијата на свлечиштето.

– Врз основа на димензиите на свлечиштето коешто има должина од околу 250 метри и ширина 90 метри, станува збор за свлечиште кое се класифицира како големо свлечише. При неговото настанување во 2018 година беше пробиена и оштетена асфалтната конструкција на патот. Свлечиштето се карактеризира како активно и манифестира одредени свлекувања во текот на целиот период од неговото настанување и затоа патот се одвива по времена девијација од тампон бидејќи на самата локација патот е затворен со времена сигнализација од страна на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат). Во текот на 2019 година извршени се геомеханички испитувања на целиот потег на свлечиштето врз основа на што се изработи геомеханички елаборат, по што се изготви основниот проект за санација на свлечиштето и се распиша тендер, се вели во соопштението од Јавно претпријатие за државни патишта.

Рок за извршување на санацијата е 12 месеци од воведувањето во работа на изведувачот.

Статистика: Најкористен превоз градско-приградскиот

 Во последното тримесечје од 2019 година градско-приградски превоз користеле 19.191.000 лица, со железница се возеле 148.000, додека со авион патувале 623.546 лица.

Според Државниот завод за статистика, во патниот патнички превоз бројот на превезените лица е 1.605.000.

Во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, количеството превезена стока во товарниот патен превоз е зголемено за 19,3 отсто, во железничкиот за 50 проценти, додека во воздухопловниот превоз е намаленo за 10,1 отсто. 

притисни ентер