ДЗС: Водата се повлекува во речните корита

Состојбата со водотеците и акумулациите е стабилна на целата територија на Република Македонија. Надојдените води се повлекуваат, а дополнително стабилизирање се очекува со оглед на најавите за намалување на врнежите.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека браната Кнежино прелева и водата се влива во Злетовска Река, а поради недоволан пропусна моќ на некои од мостовите водата се излева на патните правци и земјоделските површини.

Ангажирана е една градежна машина за уредување на коритото на Злетовска Река и за отстранувње на другите критични места.

Злетовска Река е излеана кај селото Новоселани, Кочанско, при што се поплавени оризови полиња. Ангажирани се две градежни машини за расчистување на коритото.

На барање на локалната самоуправа, од страна на ДЗС е ангажирана уште една градежна машина за расчистување на коритото на Злетовска Река кај селото Жиганци.

Во Кумановско во изминатото деноноќие дојде до зголемување на нивото и излевање на реката Кумановска кај селото Доброшане при што се поплавени 20 хектари земјоделска површина.

Крива Река е излеана кај селото Довезенце при што се поплавени 10 хектари.

Во Кривопаланечко нема излевања на реките и поплавување. Нивоата на Крива Река и Дурачка Река е се нормализирани и стабилни, а на улица „Ристена Гогова“ во Крива Паланка има појавено помало свлечиште, но куќата е стабилна и нема оштетување.

Нормализирано е нивото на водотеците и во општините Радовиш и Штип. На барање на локалната самоуправа, Дирекцијата за заштита и спасување даде 1.000 вреќи за песок за изградба на заштитен насип на бунарите кај реката Брегалница.

Од Дирекцијата за заштита и спасување посочуваат дека се постојано присутни на терен и ја следат состојбата.

Доколку состојбата со поплавите се влоши Дирекцијата за заштита и спасување ќе ангажира дополнителна градежна механизација од фирмите со кои има склучено договори, по предходна одлука на Владата на Република Македонија.

Дирекцијата има склучено договори со 44 фирми кои располагаат со различни видови и типови градежни машини.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер