До вработување преку активните мерки од оперативниот план

950 лица преку самовработување, 100 невработени преку поддршка на мали и микро претпријатија, 587 преку субвенционирање на вработувањето. Ова се само дел од активните мерки за вработување, што како крајна цел има да се вработат и лица со посебни потреби и постари, но и млади лица кои активно бараат работа.

Сет на мерки и програми за намалување на невработеноста во земјава, има за цел Оперативниот –план на Владата кој и годинава се спроведува со исто темпо како и лани. Првата мерка е Програмата за самовработување која има за цел отворање нови работни места преку започнување на сопствен бизнис. Ќе бидат опфатени 950 евидентирани невработени лица. Втората мерка е финансиска поддршка на микро и мали претпријатија и знанаетчии . Ќе се опфатат 100 невработени лица, а програмата ќе се реализира преку поддршка во вид на опрема за отворање на нови работни места во микро и мали претпријатија и кај занаетчии. Трета мерка е субвенционирање на вработувањата , а целта на оваа мерка е да ја поттикне побарувачката на работна сила и вработување на лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот. Ќе бидат опфатени 587 невработени лица, од кои до 80 лица од ранливите групи ( лица од 50 – 59 години, млади до 29 години и долгорочно евидентирани невработени) како и

-Субвенционирање на вработување на деца без родители ( 20 невработени лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и без родителска грижа)
-Субвенционирање на вработување на инвалидни лица -300 инвалидни евидентирани невработени лица
-Субвенционирање на вработување на млади лица до 29 години – прва шанса.

“Првиот дел од огласите се веќе реализирани , наредниот период ќе бидат истакнати учесниците во тие програми бидејќи после апликациите правимке селекција на кандидатите и компаниите. Од она што го имаме до сега сме задоволни затоа што се зголмува бројот нан апликанти , не само во дел на квалитеот ууки и квалитетот се подобрува’ . наредната недела ќе ги објафвиме сите учесници од објавените програми“ изјави Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување на Р. М.

Останати програми и мерки од Оперативниот план за годинава се субвенционирање на плодоуживатели на државно земјоделско земјиште. Програмата ќе се реализира со доделување на државно земјоделско земјиште, на лица корисници на социјална помош. Програмата за подготовка за вработување, ќе се реализира преку неколку мерки( Обука кај познат работодавач, Обука за напредни ИТ вештини, практична работа, Едукација за започнување на бизнис, Мотивациони обуки,) како и пилот програма за вработување на припадниците на ромската етничка заедница и инкубатор на занаетчии.

Со активните мерки и програми за 2014 ќе бидат опфатени 9 135 лица , а наменети се 8, 5 милиони евра.

Манекенка исчезнала лани, телото ѝ го нашле во друга држава- ја препознале по тетоважите

Телото на манекенката Кајкан Каенакам (31) е пронајдено во Бахреин, една година по нејзиното исчезнување.

Нејзиното тело било во мртовечница, а полицијата успеала да ја идентификува преку тетоважите.

Минатата година се преселила во Бахреин и почнала да работи во ресторан за да го издржува семејството откако кариерата ѝ пропаднала.

Манекенката редовно објавувала фотографии и видеа од својот живот на социјалните мрежи, а потоа одеднаш мистериозно исчезнала.

Нејзината последна објава била во април минатата година, а нејзиното исчезнување предизвика голема паника кај Тајланѓаните.

Членовите на нејзиното семејство со месеци се обидувале да ја најдат, а во потрагата се вклучила и амбасадата на Тајланд.

На 18 април, тајландската амбасада во Бахреин го известила нејзиното семејство дека нејзиното тело е пронајдено.

Во обдукцискиот извештај е наведено дека таа починала поради акутен пулмонален и срцев удар предизвикан од труење со алкохол.

Интернет сензација: Никој не може да поверува колку е стар (ВИДЕО)

Овој жител на Сингапур е вистинска интернет сензација.

Кога ќе ги видите неговите фотографии, ќе сфатите зошто се здоби со популарност, но има уште еден – многу поинтересен „детал“.

Чуендо Тан редовно објавува свои фотографии на Инстаграм и на други платформи, а луѓето не можат да поверуваат дека тој има 58 години.

Да, добро прочитавте. Овој човек е стар повеќе од половина век, а не би му дале над триесет. И тоа е многу!

Чуендо е роден во 1967 година, а своевремено работел како модел, пеел и глумел.

Успешно се занимава со модна фотографија и ја води својата агенција AVE Management.

Младешкиот изглед го одржува со редовни тренинзи, а особено внимава што јаде.

Патнички авион се излизга од пистата и заврши во нива (ВИДЕО)

Бразилски деловен авион во сопственост на приватна фармацевтска компанија полетал од аеродромот Чапеко до аеродромот Ерехим, на само петнаесет минути лет, и се излизгал од пистата за време на слетувањето.

Луксузниот Learjet 75 на фармацевтската компанија CIMED, регистриран под ознаката PP-DYB, полета со дел од раководството кон дестинацијата на облачно време во 13:35 часот. Авионот поминал само 13 минути во воздух и се вратил на аеродромот.

Меѓутоа, наместо да слета без проблем, авионот завршил од пистата на аеродромот Команданте Краермер во Ерехим.

За среќа, сите патници биле безбедно евакуирани, а CIMED, компанијата која го поседува овој луксузен авион, излезе со соопштение дека „сите патници се добро и нивната безбедност е приоритет на компанијата“.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога авионот ја „напушта“ пистата на аеродромот.

Претседателот на компанијата, Жоао Адибе Маркес, објави дека истрагата ќе ја спроведе Регионалната служба за истрага и спречување на авионски несреќи.

Тој нагласи дека се надева оти истрагата ќе биде завршена што е можно поскоро.

Во несреќата која завршила со сериозни оштетувања на деловниот авион, еден од двајцата членови на екипажот и тројца патници се здобиле со полесни повреди што биле санирани на лице место, пренесува G1Globo..

притисни ентер