Цената на златото битен фактор за билансот на НБРМ

Кога цената на златото на светскиот пазар растеше, тоа беше една од главните причини што и нашата централна банка прикажуваше добивки во своите биланси на успех.

Сега пак, падот на вредноста на жолтиот метал и донесе на Народна банка на Македонија загуба во работењето, која за минатата година изнесува 135 милиони евра, пишуваат повеќе македонски медиуми.

Експертите се категорични дека оваа загуба на НБРМ воопшто не се должи на нејзино полошо работење, туку дека е во целост одраз на пазарните движења на цените, пред се на цената на златото на светскиот пазар.

И од НБРМ потенцираат дека загубата се должи на пониската цена на златото во нејзините биланси. Таа е покриена од ревалоризациските резерви, нагласуваат од монетарната власт.

Ученик влегол со нож во училиште во Милано и ја барал наставничката, нејзин колега настрадал

Ученик (15) се појавил во училиштето „Луиџи Галвани“ во Милано со нож и побарал да се види со својата наставничка, но за среќа двајца професори го запреле и го разоружале.

Во таа интервенција еден од наставниците е повреден и моментално е во болница.

За среќа, повредите во болницата му биле окарактеризирани како полесни, па се очекува тој да биде добро и наскоро да биде отпуштен дома.

Според карабинерите, инцидентот се случил вчера, а се претпоставува дека ученикот имал намера да ја повреди или заплаши наставничката.

Тинејџерот имал тенденција да ја таргетира наставничката и ги прашал сите што ги сретнал на училиште за неа.

Откако бил спречен инцидентот, 15-годишниот ученик се обидел да побегне, но полициските патроли го уапсиле во близина и го однеле во станица.

Георгина и Роналдо објавија снимка од плажа- веднаш добија 3 милиони лајкови (ВИДЕО)

Георгина Родригез на Инстаграм објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо, ставајќи крај на гласините за проблеми во врската.

„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото како шетаат по плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.

Роналдо на својот Инстаграм сподели и фотографии од одмор на кои се гледа како се забавуваат, попишувајќи ги: „Среќа“.

Јанчев: Кавадарци ја доби наградата „Зелени шампиони“ на Западен Балкан

Мрежата на асоцијации на локални самоуправи на Југоисточна Европа на општина Кавадарци ѝ додели награда за проектот „Практики за одржливо земјоделство“.

Кавадарци наградата „Зелени шампиони“ за Западен Балкан ја доби за поставување на 18 агрометеоролошки станици за рана детекција на болести на винова лоза, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

притисни ентер