Крај на германските повластици за лажните азиланти од Балканот

Македонија и сите земји од Балканот, ќе бидат декларирани во листата „земји на сигурно потекло“, со што барањата за азил ќе се решаваат во куса постапка за само 7 дена. Целта е да се стави крај на лажните азиланти.

Барателите на азил од Македонија, но и од целиот Западен Балкан, не ќе можат уште долго да ги уживаат погодностите кои ги нуди германскиот систем за граѓаните од светот кои се прогонети. Според иницијативата за измените на Законот кој го регулира азилот што го подготвува сојузното МВР, постапката за барателите од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија ќе треба да се спроведе и заврши во скусена процедура за само седум дена.

Ова пред сѐ поради фактот што барателите на азил од Балканот станаа вистински проблем за Германија по 2009 односно 2010 кога стапи во сила визната либерализација. Притисокот од т.н. лажни азиланти секоја година е се поголем. Товарот особено го чувствуваат општините кои секоја есен се соочуваат со илјадници семејства Роми од Западниот Балкан кои во Германија доаѓаат на „презимување“.


Ефикасна законска рампа!

„Германија е отворена земја, особено за луѓето чии животи се загрозени, кои се дискриминирани поради етничката припадност, поради религиската или половата ориентација. Лани во Германија беа прифатени 127.000 азиланти што е четвртина од сите баратели во ЕУ, повеќе дури и од САД, така што никој не може на Германија да и забележи дека не е солидарна.
[Барањата на азилантите од Балканот ќе се решаваат за 7 дена, без можност за суспендирање на донесената одлука. Штефан Мајер (ЦДУ-ЦСУ)]

Барањата на азилантите од Балканот ќе се решаваат за 7 дена, без можност за суспендирање на донесената одлука. Штефан Мајер (ЦДУ-ЦСУ)

Барателите од Србија, Македонија, од Западниот Балкан претставуваат повеќе од 30 проценти од севкупниот евидентиран број. Кога ќе се погледне, меѓутоа, квотата на признавање на правото на азил - таа кај државјаните од овие земји е најниска – меѓу 0 и 0,1 процент. Затоа е правилно овие држави, кај кои нема прогонување, да се декларираат како земји на сигурно потекло“, изјави за Дојче веле Штефан Мајер (ЦДУ-ЦСУ). Тој подвлекува дека актуелно во листите со параграфот 29-а од Законот за престој има две африкански земји за кои се вели дека имат сигурно потекло (Гана и Сенегал). Идејата е во секој случај тука да се вклучат и Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Оваа „тројка“ била тематизирана и во коалициониот договор меѓу ЦДУ-ЦСУ и СПД. Но, како што појаснува Мајер правилно би било доколку тука се најдат и Албанија и Црна Гора, со што ќе има јасна изјава дека во споменативе земји нема прогонување на граѓаните. Прашуваме: што ќе значи конкретно за барателите на азил оваа законска измена?
„Забрзаната постапка со претпоставката дека барателите на азил доаѓаат од земја каде нема прогонување на граѓаните, за германските власти ќе донесе олеснување во целата процедура. И тоа пред се во доказната постапка. Значи не ќе мора поединечно во секој конкретен случај да се докажува дека има или нема прогоување, туку процедурално ова само по себе ќе се подразбира (дека барателот на азил не е прогонуван во државата од каде потекнува н.з.). Со тоа постапката ќе се забрза. Дури и во случај да има жалба против одлуката со која е одбиено барањето за азил, целата процедура ќе треба да се спроведе за само една недела и важно е што жалбата нема да има за последица суспендирање на претходно донесената одлука“, објаснува Штефан Мајер.


Реакции на Левицата и Про азил

На иницијативата на сојузното МВР, Македонија и земјите од Западниот Балкан да се вклучат во категоријата „земји на сигурно потекло“ жестоко се спротивстави партијата на Левицата и организацијата Про азил. Ула Јелпке, гласноговорник за внатрешно-политички прашања на Левицата истакна дека плановите на сојузното МВР ќе ја зацементираат праксата на сојузната служба за азил - по брз постапка од Германија да се отстранат Ромите од Балканот кои бараат заштита.
„Класификацијата на Србија, Македонија и Босна и Херцеговина во земји на сигурно потекло е скандал. А сега и вклучувањето на Албанија и Црна Гора, иако нивното рангирање не беше предвидено во коалициониот договор“, појаснува Јелпке.
„Класификацијата на 'земјите на сигурно потекло' во основа е проблем. Уште во деведесттите Про азил се спротивстави на ваквата поделба на држави од прва, втора и третта класа, како што тогаш оваа материја беше законски регулирана. Од 2012 година Владата настојува листата на земји на сигурно потекло да ја прошири и теоретски земјите од Западниот Балкан можат и да се најдат во неа. Прашање е меѓутоа: што е сигурно потекло? Сојузниот уставен суд вели дека човековите права не треба да бидат само на хартија, туку треба вистински да се почитуваат.


Организацијата Про азил е против квалификацијата „земји на сигурно потекло“

Правата на малцинствата исто така да бидат дел од секојдневието и не смее од наш аспект да има никакви политички прогонувања. Тоа се задачите кои ги предвидува Сојузниот уставен суд. Според нас, земјите од Балканот не се вистински земји на сигурно потекло“, коментира за ДВ Бернд Месовиќ, заменик раководител на организацијата Про Азил, според кого постапките на барателите на азил од Балканот и сега се одвиваат брзо, а луѓето пак доаѓаат! Вели има проблеми и не верува дека ќе бидат совладани доколку земјите се стават на некакви листи.

Што се однесува до Македонија, како дознаваме, власите од Скопје биле тие кои подолго барале од Германија земјата да ја категоризира во групата со „сигурно потекло“. Инаку, Македонија самата до сега преземала сѐ да ги сопре лажните азланти. Поради нив, како што е познато во прашање е доведена и визната либерализација. Унијата лани усвои и заштитен механизам кој на одделни земји членки на ЕУ им дава право привремено, во случај на зголемен притисок на азиланти, да ги активира и визите. Македонија ова не го сака, и до сега, како вели нашиот извор, против лажните азиланти се борела еднонасочно и самата. Во моментот кога во Германија ќе се најде во групата земји на безбедно потекло, тоа ќе значи дека половината од работата за сопирање на азилантите ќе биде завршена. Со ваквата категоризација значи дека 99,9 отсто од барателите ќе бидат без големи дискуии и процедури одбивани и за една седмица враќани дома. Слична ситуација пред неколку години имало и со Белгија. Но, по експресната посета на премиерот на Белгија на Скопје и вклучлувањето на Македонија во листата „земји на безбедно потекло“, постапката за азил се скусила на само 48 часа и реката азиланти - сопрела. Нешто слично се очекува да се случи и со Германија, така што сите оние кои сакаат да ги искористат погодностите на хуманата држава, двапати ќе размислат дали им се исплати со семејството да се тргнат на пат од илјадници километри и „подобриот живот“ во Германија да го вкусат за само седум дена? /Преземено: DW/

Родители од пеколот: До смрт ги претепале своите едномесечни близначки, имале скршеници

Анџелина Белинда Калдерон и Фернандо Вега, двајцата на 21 години, од Хјустон, Тексас, се обвинети дека до смрт ги претепале своите едномесечни близначки.

Полицијата открила дека бебињата претрпеле повеќе модринки и скршеници за кои медицинските експерти претпоставувале дека биле предизвикани од серија трауми од тапа сила.

Една недела по ужасниот настан, мајката на близнаците отворила страница GoFundMe за да собере пари за погребите на девојчињата. Меѓутоа, полицијата тогаш открила дека таа и таткото на девојчињата се одговорни за смртта на новороденчињата.

Полицијата во Хјустон пристигнала во дом во близина на Линден Крик Лејн на југоисточната страна на градот веднаш по 11 часот на 4 октомври 2023 година, по повик 911. Кога влегле, откриле дека Масаил и Мирена Вега трагично починале.

Според судските документи, Вега на полицијата ѝ рекол дека откако ја однел на работа неговата сопруга, мајка на близнаците, ги нашол бебињата во креветчињата како не дишат. Тој тврдел дека ја оставил баба му да се грижи за нив додека тој бил отсутен.

Таткото ѝ рекол на полицијата дека тој и уште еден член на семејството се обиделе да ги оживеат бебињата, но не успеале. Извештајот од обдукцијата покажал дека двете бебиња биле покриени со модринки.

Д-р Хесус Рико, патолог од Институтот за судска медицина во округот Харис, рече дека првото дете имало неколку повреди, вклучувајќи дехидрација и контузии на различни делови од телото, како и скршеници што укажуваат на претходно злоставување. Тој ги известил надлежните дека овие повреди се нанесени намерно, а не случајно, пренесува Дејли Меил.

Другата близначка, исто така, имала модринки по телото, како и гребнатинки и скршеници, за кои се верува дека се во согласност со физичко малтретирање.

Лекарот нагласил дека овие повреди не се случајни и дека настанале во неколку инциденти. Наводно, имало три различни настани.

Двете близначки биле неухранети, при што едното покажало акутно мозочно крварење, додека другото претрпело крварење во мозокот и 'рбетниот мозок, што укажувало на неодамнешна траума. Патологот објаснил дека овие повреди може да се предизвикани од секундарна или директна траума со тап предмет.

Мајката и таткото моментално се во притвор.

Педофилот кој беше изрешетан од полицијата во Сиетл, бил воен лекар (Вознемирувачко видео)

Лицето кое беше брутално изрешетано од полицијата минатата недела во хотел во Сиетл за време на антипедофилска операција, е идентификувано како пензионираниот армиски лекар Брус Ковал Менели.

Менели е убиен околу 15 часот на 17 април во хотелот „ДаблТри“ од страна на полицијата, пренесува Фокс 13.

Видеото снимено од боди кам, објавено од полицијата минатата недела, покажа операција за апсење на 67-годишната Менели, кој бил осомничена за сексуални злосторства врз деца.

Полицајците излегле од хотелската соба за да му пријдат и, според камерата, тој извадил пиштол од јакната.

Сите тројца полицајци пукале кон него и испукале околу 30 куршуми.

Според медицинските податоци, Менели починал од „повеќе прострелни рани“.

Менели бил капетан на морнарицата и лекар кој служел во заливот Гвантанамо и зборувал за Њујорк Тајмс во 2016 година за злоупотребата на пациентите во далечинскиот центар за притвор. Тој исто така бил командант на мултинационалната медицинска единица на НАТО Role 3 во Авганистан.

Менели ја напуштил функцијата во Гвантанамо во 2009 година, а потоа и во НАТО во 2012 година.

Според властите, Менели бил под истрага за наводно извршување на интернет злосторства врз деца.

Според началникот на полицијата Адријан Дијаз, осомничениот се среќавал со две девојчиња, на возраст од 7 и 11 години.

Еден полицаец бил ранет во ногата, но куршумот само го огребал. Повредите му биле полесни и не бил пренесен во болница. Други повреди немало.

Според кривичната пријава видена од FOX 13, Менели е обвинет за сексуални злосторства во 2017 година, кога бил уапсен за време на рација за трговија со луѓе/проституција во Бремертон. Детективите се претставувале како сексуални работници на интернет и договориле средба со Менели, но тој всушност бил пречекан од неколку заменици на шерифот на округот Кицап. Бројот на Менелиус бил поврзан со две одделни операции на проституција.

Во документите од 2017 година се наведува дека Менели за време на интервјуто со детективите признал дека бил уапсен за сличен прекршок во Тексас неколку години претходно. Потоа бил испратен на општествено корисна работа.

Незапаметени поплави во Кенија- најмалку 30 загинати (ВИДЕО)

Според последните податоци, најмалку 32 лица загинале, додека двајца се водат за исчезнати, како последица на катастрофалните поплави што ја погодија Кенија.

Како што јави Си-Ен-Ен, речиси половина од земјата е потопена, додека повеќе од 100.000 луѓе се загрозени.

Обилните дождови започнале во средината на март, но поројните дождови се интензивирале во текот на изминатата недела, што доведе до огромни поплави. Кенискиот Црвен крст објави дека од почетокот на март интервенирале во речиси 200 спасувачки операции. Во главниот град Најроби, вчера беа затворени бројни патишта, а неколку населени места беа поплавени по уште еден ден со поројни врнежи.

- Ситуацијата во Најроби ескалира до екстремни нивоа. Окружната влада, и покрај нејзините најдобри напори, беше преоптоварена. Потребни ни се сите национални служби за итни случаи, тие мора да се мобилизираат за да спасат животи - напиша градскиот сенатор Едвин Сифуна на својот профил на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.

Тој сподели видео од жителите заробени на покривите на нивните куќи во сиромашниот кварт во Најроби.

Црвениот крст на Кенија соопшти дека спасиле 18 лица во населбата Матаре 4А. Два главни автопати надвор од Најроби беа силно пренатрупани во средата откако делови од патиштата беа поплавени. Затворени се четири патни правци, а на два воведени се вонредни мерки.

– Сообраќајната полиција и нашиот технички тим се на терен за насочување на сообраќајот и подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, соопштија надлежните.

Кениските железници ги суспендираа приградските возови низ целата земја. Истовремено, метеоролозите најавија нови врнежи во поголем дел од земјава.

притисни ентер